Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека Лондон нема да ја признае талибанската влада во Авганистан, но дека мора да ја прифати ситуацијата во таа земја.

Раб во Пакистан рече дека Велика Британија не може да евакуира 15.000 луѓе од Кабул без соработка со талибанците.

– Не ги признаваме талибанците како влада, но важно е да комуницираме директно со нив, рече Раб.

Тој додаде дека е потребно да се почека за да се види дали талибанците ќе ги исполнат ветувањата за почитување на човековите права.

– Лондон одобри повеќе од 41 милион долари како хуманитарна помош за земјите во соседството на Авганистан, кои може да се соочат со бран бегалци, рече Раб.