Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во галеријата на Националната академија за уметности (НАА) во Софија денеска беше поставена изложба на фотографии од македонскиот режисер Милчо Манчевски, јави дописникот на МИА од Софија. Светски познатиот режисер ќе ги претстави своите 88 фотографии во боја на тема улична фотографија, а со неговиот врвен естетизам и драма го привлече вниманието на уметничката и интелектуалната публика во Софија. Изложбата ќе биде отворена до 16 септември 2021 година, а на 10 септември се очекува Манчевски во Софија формално да ја отвори изложбата во галеријата на Националната академија за уметности и да оствари средба со неговите обожаватели, млади уметници и студенти…
Коосновачот на талибанското движење Мула Абдул Гани Барадар ќе ја предводи новата талибанска влада во Авганистан, изјавија денеска талибански извори. Ова се некои детали за лицата кои ќе бидат високорангирани членови на владата. Нивните точни должности допрва треба да бидат потврдени, како и самите именувања. Хаибатулах Ахунџада Врховниот талибански лидер ќе ја предводи новата влада, фокусирајќи се на верските прашања и владеење во духот на исламот, изјави талибански извор. Ахунџада, правен експерт кој досега дејствуваше од позадина, го презеде кормилото откако неговиот претходник Мула Ахтар Мансур беше убиен во 2016 година во американски напад со беспилотно летало. ОН го идентификуваа…
МНР не открива зошто му е одреден притвор. Вработен во министерството за надворешни работи, кој во моментов е упатен од МНР на Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Србија, потврдуваат од МНР. Тој бил притворен претходниот петок, а српското МНР за тоа ја известил Амбасадата на Македонија во Белград. – Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство. Министерството за надворешни работи, согласно законските надлежности го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ…
После 50 години Општина Крива Паланка денеска доби нов плоштад. Во општина Крива Паланка денеска официјално беше пуштен во употреба новиот градски плоштад со градски парк, инвестиција вредна околу 800.000 евра, реализирана со потпроектот „Крива Паланка-Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка дестинација)“. На отворањето присуствуваа заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалници од…
Албанскиот претседател Илир Мета објави податоци на Евростат, кои покажуваат дека во последните 10 години, над 60 илјади деца ја напуштиле Албанија и првпат побарале азил во некоја од земјите на ЕУ, главно во Франција, Германија и Италија, јави дописничката на МИА од Тирана. – Според податоците објавени од Евростат, над 60.000 деца ја напуштиле Албанија и првпат побарале азил во земја на ЕУ во последните 10 години (2011-2020 година). Над 82 отсто од нив се на возраст под 14 години, наведува Мета во објава на Фејсбук. Изразувајќи голема загриженост за „ова масовно заминување на децата од Албанија“ вели дека…
Aпликацијата „WhatsApp“ казнета со сума од 225 милиони евра за кршење на европските правила за приватност. Ирскиот надзорник за приватност на податоци ја казни апликацијата „WhatsApp“ со сума од 225 милиони евра за кршење на европските правила за приватност. Одлуката беше објавена во четвртокот по истрагата која траеше три години. Покрај казната, на Ватсап му е наложено и да ја подобри својата политика за заштита на податоците. Ватсап ја оцени одлуката како „целосно несразмерна“ и најави жалба. Според ирските супервизори, компанијата „сериозно“ ги прекршила прописите за транспарентност кои датираат од 2018 година. Во пресудата на 226 страници, комесарката Хелен Дикон…
Новиот руски град ќе се вика Спутник. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град Спутник, соопшти денеска Министерството за развој на Далечниот Исток. Путин го потпиша планот за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток, град на крајниот исток од земјата. Спутник треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина. Плановите предвидуваат дека новиот град ќе стане индустриски центар во кој еден ден ќе живеат 300.000 луѓе. Спутник, кој од руски превод значи „сателит“, е името на првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран од Советскиот…
Пандемиските блокади и ограничувањата за патување доведоа до драматично, но краткотрајно подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загадувањето, соопштија Обединетите нации и предупредија дека промената, сепак, не може да ги замени долгорочните активности. Новиот извештај на Светската метеоролошка организација на Обединетите нации (СМО) покажа дека ограничувањата поради „Ковид-19“ минатата година привремено го подобрија квалитетот на воздухот во голем број места, особено во урбаните области. Но, тие исто така го стимулираат порастот на некои загадувачки материи кои се опасни по здравјето и имаат нејасно влијание врз климатските промени. „Ковид-19 се покажа како непланиран експеримент за квалитетот на воздухот. Ова…
Во сите училишта се почитуваат мерките за заштита, тврдат од МОН. Образовниот систем е во добра кондиција и успешно се спроведува наставата со физичко присуство, според новите наставни програми за прво и четврто одделение предвидени со реформата во основно образование. За ова, но и за други актуелни теми денеска министерката за образование и наука Мила Царовска разговараше на редовен координативен состанок со директорите на основните и средните училишта, соопшти Министерството за образование и наука. Директорите од основните училишта, како што се посочува, ја информираа Царовска дека нема потешкотии во инсталирањето на дигиталните учебници за четврто одделение. Апликациите веќе се испратени…
Жени активисти маршираа во Кабул, барајќи почитување на нивните права и еднаквост на правата со мажите. Демонстранките, носеле плакати со слогани „Правата на жените и мажите се еднакви“, „Образование, работа, слобода – пат кон просперитет“ и други, објави локалниот весник „Хашт е Суб Дејли“. Истовремено, бројот на учесничките на протестот не е посочен. Активистите го повикале раководството на радикалното талибанско движење, кое ја презеде власта во Авганистан, да одобри во новиот устав право на жените да учествуваат во политичкиот живот на земјата. Собирот се одржа непосредно по изјавата на портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, дека жените нема да заземат министерски…
Автопатот треба да биде готов до декември 2023 година. Од 70 -те нови репроектирања на автопатот Кичево – Охрид, за само два месеци државата изготви и одобри 35 проекти. Силно сме посветени на завршување на автопатот, уверуваме дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот. Очекувам час поскоро Собранито да го изгласа Анекс на договорот за да се овозможи силна градежна активност на автопатот, изјави министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Охрид. Тој потенцира дека со Анекс на договорот не се предивдени дополнителни финансиски средства, додека изведувачот има обврска со конкретни рокови да ги заврши петте делници…
Легендарната шведска поп група АББА денеска го претстави својот нов албум „Voyage“ по 40 години, кога славниот бенд се распадна. – Снимивме нов албум, изјавија Бјорн Улвеус (76) и Бени Андерсон (74), претставувајќи го албумот во Лондон, каде што изведоа една од новите песни „I Still Have Faith in You“. Новиот албум официјално ќе излезе на 5 ноември. Шведскиот бенд беше активен од 1972 до 1982 година. Покрај Улвеус и Андерсон, групата ја сочинуваа и Ани-Фрид Лингштад (75) и Агнета Фалтског (71). Поп групата, исто така, најави турнеја, но виртуелна со холограми на членовите. Со песната „Waterloo“ во 1974 година,…