Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов плоштад во Крива Паланка

0
By НОВА ТВ on September 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 18:03

После 50 години Општина Крива Паланка денеска доби нов плоштад.

Во општина Крива Паланка денеска официјално беше пуштен во употреба новиот градски плоштад со градски парк, инвестиција вредна околу 800.000 евра, реализирана со потпроектот  „Крива Паланка-Источна порта кон Европа (Фестивалска туристичка дестинација)“.

На отворањето присуствуваа заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, градоначалници од Североисточниот регион, вработени во администрацијата во општината.

Извршена е целосна реконструкција на плоштадот со зачувување на автентичните обележја, направено е партерно уредување, асфалтирање, поплочување со бекатон, изградба на мал амфитеатар, целосна замена на комуналната инфраструктура, користење на старата коцка и зачувување на градската фонтана.

– Овој плоштад му дава европски лик на градот и ќе биде место каде што не само жителите на Крива Паланка, туку и домашните и странските посетители ќе имаат можност да го посетат и да уживаат. Ова говори за одговорноста и оправданоста на сите коишто се заложија за овој историски проект за Крива Паланка. Ова е само еден од многуте проекти, што ги реализиравме и се гордост за градот, за жителите, проекти кои се значајни заради унапредување на културниот развој и социјалниот живот, изјави Николовски.

– После 40 години се рехабилитира регионалниот пат Крива Паланка кон Огут којшто завршува овие денови и од Крива Паланка до Луке. Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 21 километар и тоа беше првиот проект на којшто се фокусиравме. Завршен е уште еден, еден од најлошите патиштата тоа е Узем-Тораница. Во полна пареа е изградбата на експресниот пат едната делница од Крива Паланка до Ранковце, и во финална фаза е и другиот лот од изградбата. Се гради интензивно и третата лента од патот Крива Паланка до Деве Баир, а непречено се одвива и реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, додаде Николовски.

Потпроектот „Крива Паланка-Источна порта кон Европа“ е реализиран во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е во вкупна вредност од околу 21 милион евра, а е финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија.

– Со проектот за локална и регионална конкурентност се реализираа 57 потпроекти во  десет различни дестинации во нашата земја. Потпроектот е во вредност од 48,1 милион денари или 800 илјади евра, а во Крива Паланка ќе бидат реализирани уште три одобрени проекти, кои се финансирани со средствата од Владата, од таканаречената ТАВ Програма, со вкупен буџет од 29,6 милиони денари, или околу 480 илјади евра, а истите вклучуваат реконструкција и изградба на локални патишта во рамките на општината, со што значително ќе се подобри инфраструктурата на истата, истакна Битиќи.

Според него, за уште поголем развој на компаниите во помалку развиените општини во Законот за финансиска поддршка на инвестиции воведена е мерка со којашто уште посилно се поттикнуваат инвестициите кои не се случуваат во Скопје.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски изјави дека општината во континуитет работи на проекти од ваков тип со кои се подобрува локалната инфраструктура и изгледот на градот.

Директорката на проектот, Антонија Шишак, соопшти дека ПЛРК е водечки проект за развој на туризмот во државата преку кој се поддржани 57 потпроекти кои ги спроведуваат општини, микро и мали претпријатија, како и асоцијации кои работат во областа на туризмот во сите 10 туристички дестинации низ земјава.

Целта на проектот е да го зголеми учеството на туризмот во локалниот економски развој преку подобрување на инфраструктурата, унапредување на капацитетите за сместување и угостителство, збогатување на туристичката понуда и зголемување на конкурентноста на туристичкиот сектор.

Крива Паланка општина плоштад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.