Author: НОВА ТВ

Израелскиот парламент, Кнесетот, вечерва гласаше прелиминарно за државниот буџет, прв во изминатите три години, а опстанокот на новата израелска влада зависи од тоа дали конечно ќе биде усвоен. Предлог двогодишниот буџет, одобрен во август од коалициската влада на премиерот Нафтали Бенет, наследник на долгогодишниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, е усвоен со 59 гласови „за“ и 54 „против“ во Кнесетот. За буџетот сега ќе дискутира парламентарната комисија пред да биде ратификуван на второ и четврто читање, закажани за оваа есен. Министерството за финансии соопшти дека државниот буџет за 2021 година ќе изнесува околу 113 милијарди евра и 140 милијарди за 2022…

Read More

Земјотрес со епицентар 120 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, е регистриран вечерва во 19 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а беше почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Read More

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром на средби со граѓаните. Злоупотребата на јавниот простор станува минато, а за секој квадрат нов бетон во Аеродром, ќе има двојно повеќе зеленило, убедува Александар Филиповски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Аеродром на маалска средба во Паркот на светлината. Филиповски вели дека се фокусираат на обезбедување почисти населби, ре-организација на комуналните служби, а најавува чисти улици и пешачки зони. Граѓаните кои го слушаа него, се интересираа и прашуваа за зеленилото околу зградите, неговото одржување и уредувањето на јавниот простор. Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ уверуваше дека особен акцент ќе стави…

Read More

Од силината на ураганот Ида променет правецот на реката Мисисипи. Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата во врска со катастрофалните поплави предизвикани од ураганот Ида. – Сакаме искрено да им се заблагодариме на сите оние кои работеа цела ноќ до утро за да спасат животи и да ја вратат електричната енергија во домаќинствата, изјави Бајден на почетокот на својот говор во Белата куќа. Тој истакна дека шест лица загинале, а милион домови останале без електрична енергија во Луизијана и Мисисипи. – Иако катастрофалните поплави не се толку големи како оние од ураганот Катрина пред 16 години, Ида…

Read More

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година вечерва загуби од соодветната селекција на Франција со 3:0. Дуелот во Ле Ман беше прв за двете репрезентации во квалификациите за Европското првенство 2023. Головите ги постигнаа Натаниел Мбуку во 26. минута, Едуардо Камавинга во 50. и Пјер Калулу во 89. минута. На првиот денешен натпревар од Х-групата Ерменија ги совлада Фарските Острови со 2:0.

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го осуди одбивањето на Врховниот суд на САД да го блокира новиот закон за абортус во Тексас, што, како што рече, претставува невиден напад врз уставните права на жените. – Одлуката предизвикува неуставен хаос и го навредува владеењето на правото, се наведува во неговата писмена изјава. Тој вети итен одговор од неговата влада и повика на пронаоѓање мерки за да им се гарантира на жените од Тексас пристап до безбедни и легални абортуси и да се заштитат клиниките и лекарите од можни тужби. – Законот е толку екстремен што дури и не предвидува исклучок во…

Read More

Москва ќе ја разгледа можноста за признавање на новите авганистански власти, откако ќе се формира инклузивна влада, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. – Повикуваме да се формира инклузивна, коалициска влада во Авганистан, која ќе ги вклучи сите етнички и политички сили во оваа земја, вклучително и етничките малцинства, така што прашањето за признавање на државната власт ќе се постави откако ќе заврши процесот, рече Захарова. Според неа, Русија ја нагласува потребата од претворање на Авганистан во мирна, независна и економски стабилна земја. Во исто време, таа вели дека „западните земји, со нивната спонтана…

Read More

На кејот на реката Вардар во Општина Карпош попладнево беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град. Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема. Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување. На отворањето на Адреналинскиот парк, единствен во градот Скопје, присуствуваа…

Read More

Со стартот на новата учебна година со физичко присуство, регистрирани се и првите случаи на Ковид – 19 кај ученици. Две одделенија веќе се во изолација. Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром ученичка од петто одделение е позитивна на тест на Ковиди – 19. Поради ова, во 14-дневна изолација ќе оди целиот клас во ова училиште. Две деца од деветто одделение во основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода појавиле симптоми на вирусот, а кај едно тестот на Ковид – 19 е позитивен. Поради ова, цело одделение е во самоизолација.

Read More

Регистрирани се нови 760 случаи на Ковид – 19, од направени 5.724 тестирања. Починаа 23 пациенти, а 644 оздравеа. Во земјава има 14.878 активни случаи на вирусот. Во последните 24 часа од направени 5.724 тестирања,  регистрирани се 760 нови случаи на Ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово…

Read More

Нашата земја беше изложена на дезинформации кои во одредени периоди добиваа на интензитет, рече владиниот национален координатор, Марјан Забрчанец на панелот во Блед, кој се обрати на темата „Во борба против дезинформациите со информации: Обезбедување безбедност преку факти“. Тој за примери на дезинформации ги наведе случаите со уставните промени и референдумот, договорот од Преспа, изборните периоди и за време на целиот период на спроведување на реформските процеси во земјата. Според Забрчанец, ширењето на дезинформации е постојано нагласено и во однос на мигрантските кризи, особено во последниот период во однос на кризата во Авганистан и со бегалците од оваа земја како хуманитарната…

Read More

СЗО прецизираше дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност на вакцината, потребни дополнителни студии за испитување на карактеристиките на овој сој од вирусот. Во Грција се потврдени шест случаи на варијантата Му (B.1.621) на коронавирусот, за која Светската здравствена организација завчера соопшти дека го следи конкретниот нов сој, јави дописничката на МИА од Атина. Од шесте случаи на варијантата Му, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, четири се увезени, а поконкретно два се откриени во областа Арголида и на атинскиот аеродром и по еден во центарот на Атина…

Read More