Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Меркел ќе седне на иста маса со Рама и лидерите на другите земји од Западен Балкан. Германската канцеларка Ангела Меркел на 14 септември ќе допатува во Тирана на неколку часа. Цел на посетата е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година, јави дописничката на МИА од Тирана. – Заедно со премиерот Еди Рама, во Тирана, Меркел ќе седне на иста маса со лидерите на другите земји од Западен Балкан кои го прифатија овој процес, чија цел е да ја олесни регионалната соработка помеѓу шесте земји од Западен Балкан. На средбата нема да биде српскиот претседател…
Русија наскоро ќе достави „десетици“ авиони, хеликоптери и противвоздушни системи – најверојатно С-400, во Белорусија, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко на прес-конференција, објави руската агенција ТАСС. – Во блиска иднина (ја потпишав нарачката пред два дена) Руската Федерација ќе ни испрати, нема да кажам точно што и колку пари, десетици авиони, хеликоптери и важно оружје за ПВО, можеби дури и С-400 систем. Со еден збор, најмодерната опрема. Ќе се опремиме. Ако за време на вежбата (Запад-2021) утврдиме дека ни треба уште нешто, тогаш ќе нарачаме и ќе го купиме тоа од Руската Федерација, истакна Лукашенко. За време на средбата…
Премиерот Зоран Заев, како дел од неговата програма со активности на Бледскиот стратешки форум, имаше средба со премиерот на Република Словенија Јанез Јанша, во функција на словенечкото претседателство со ЕУ и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. – На средбата беше потврдено дека проширувањето на ЕУ е приоритет на словенечкото претседателство и дека земјите од Западен Балкан треба што е можно поскоро да станат членки на Унијата. Соговорниците на средбата се согласија дека пречките што се исправија пред овој процес може да се отстранат и за тоа постојат позитивни примери од поблиското минато, информираат од Владата. Заедничка констатација на премиерите…
Бројот на екстремни временски нeпогоди се зголеми петкратно за последните 50 години и тие предизвикаа поголема штета, но и помалку жртви, благодарение на подобрите системи за рано предупредување, се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска. Според Атласот на Светската метеоролошка организација, кој го евидентира бројот на жртви и економски штети предизвикани од екстремни метеоролошки услови, климатски и хидролошки, од 1970 до 2019 година, овие катастрофи се петпати почести во тој период. – Бројот на екстремни метеоролошки појави, климатски и хидролошки, продолжува да се зголемува. Поради климатските промени, тие ќе станат почести и посилни во многу делови на светот,…
Словенија го поддржува проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Европската Унија мора да ги почне преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Ова прашање треба да остане приоритет на ЕУ и да се затвори што побргу, пораќа словнечекиот претседател Борут Бахор во обраќањето на Бледскиот стратешки форум. – Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи Севрена Македонија за нејзината европерспектива – направи се, и уште повеќе, а што доби за возврат – ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши. Се обидувам да разберам дека проширувањето…
Судот во Сингапур им наложи на двајца новинари да му платат отштета од 275.000 долари на премиерот Ли Ксиен Лунг поради наводите во врска со имотната состојба на неговиот покоен татко, долгогодишен лидер и основач на тој град-држава Ли Куан Ју. Премиерот поднесе тужба против новинарката Рубашини Шунмуганат и уредникот Зу Јуан Чен, поради текстот објавен на интернет страницата „Д онлајн ситизен“ во август 2019 година, во кој се споменуваат несогласувањата во семејството Ли околу тоа што треба да се прави со наследениот имот. Судот соопшти дека статијата ја нарушува репутацијата и личноста на Ли Ксиен Лунг, но и неговиот…
Бугарија ќе ни донира повеќе од 50.000 вакцини, а 100.000 дози ќе ни препродаде. Бугарската Влада на денешниот седница одлучи да му предложи на Народното собрание да го ратификува трипартитниот Договор за донација меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и „Pfizer Inc.“ и „BioNTech Manufacturing GmbH“ за управување и координација на донацијата за вакцини против Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Софија, треба да се потпише билатерален договор за донација помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Договорот предвидува Бугарија да донира 51.480 дози од вакцината „Комирнати“. Бугарската Влада, исто така, одлучи да предложи договор за препродажба…
Градинките во Грција ги отворија вратите за дечињата. Невакцинираните вработени ќе се тестираат секоја недела. Во случај на позитивен на Ковид – 19 во една градинка, таа ќе се затвори. Под специјални протоколи кои важеа и лани, од денеска започнаа со работа градинките во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за труд и социјални прашања на Грција во чија надлежност се градинките, за невакцинираните вработени, задолжително е тестирање секоја седмица, додека пак во случај некој од вработените или децата да појави симптоми на Ковид-19, тогаш нема да биде дозволен влез во градинките. Доколку постои…
Политичките сили во бугарскиот Парламент дискутираа во однос на датумот кога ќе се одржат претседателските избори и дали да бидат „2 во 1“ со парламентарните. Претседателката на Народното собрание Ива Митева најави дека веќе е подготвена нацрт -одлука на Собранието за претседателските избори да бидат на 14 ноември, а претседателот треба да ги закаже парламентарните избори. – Доколку изборите се „2 во 1“, ќе биде неопходно да се купат нови машини, додаде Митева. Заменик -претседателот на Генералното собрание на „Има таков народ“ Филип Станев рече дека за нив подобра и пологична опција е изборите да бидат „2 во 1“. –…
Подготовка на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари и прашањето околу регулацијата на употреба на криптосредствата беа главните теми на кои се дискутираше на денешната седница на Советот за развој на пазар на капитал, со кој претседава министерот за финансии Фатмир Бесими. – Стратегијата ќе придонесе за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, а на нејзино изготвување работи работна група составена од претставници од Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност документ, велат од…
Првата група бегалци од Авганистан пристигна во Скопје. Во авионот на „Kam Air“ беа вкупно 149 граѓани на Авганистан кои преку Грузија слетаа во Македонија. Носеа торби, ранци, куфери, а некои од нив ги држеа своите деца во раце. Пет жени се бремени, а една од нив може да се породи во секој момент. Дете, жена и маж се првите граѓани на Авганистан кои стапнаа на македонско тло. Тие беа приоритетни патници, бидејќи жената е во 39-тата недела од бременоста и со возило на брзата помош беше однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје. Таа во Скопје пристигна со нејзиниот…
149 граѓани на Авганистан вечерва пристигнаа во Скопје. Вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје пристигна првата група бегалци од Авганистан. Меѓу нив и една трудница во 39-тата недела од бременоста, која веднаш била подложена на лекарски контроли, дознава НоваТВ. Според извори на НоваТВ вечерва пристигнаа околу 150 граѓани на Авганистан со лет на „Kam Аir“. Тоа се граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации. Станува…