149 граѓани на Авганистан вечерва пристигнаа во Скопје.

Вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје пристигна првата група бегалци од Авганистан. Меѓу нив и една трудница во 39-тата недела од бременоста, која веднаш била подложена на лекарски контроли, дознава НоваТВ.

Според извори на НоваТВ вечерва пристигнаа околу 150 граѓани на Авганистан со лет на „Kam Аir“.

Тоа се граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Станува збор за граѓани кои биле животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан.

Првиот контакт на скопскиот аеродром со граѓаните кои ни пристигнуваат од Авганистан , ќе го имаат од Црвениот крст , со што се испраќа порака на топло добредојде , солидарност и поддршка која спасува живот. Притоа ќе добијат вода, маска и средство за дезинфекција.МВР Ќе ги спроведе сите безбедносни проверки, Министерството за здравство ќе обезбеди PCR тестови и можност за вакцина.

Со овој прием и наредните што ќе следат, Северна Македонија им укажува добредојде на луѓе кои се спасуваат од налетот на радикализмот и на народ кој 20 години ги бранеше мирот и демократијата во Авганистан.Инаку, Владата засега прифати да обезбеди времен престој од 90 дена на 780 граѓани Авганистанци.