Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градинките во Грција почнаа со работа

0
By НОВА ТВ on September 1, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 1, 2021 17:13

Градинките во Грција ги отворија вратите за дечињата. Невакцинираните вработени ќе се тестираат секоја недела. Во случај на позитивен на Ковид – 19 во една градинка, таа ќе се затвори.

Под специјални протоколи кои важеа и лани, од денеска започнаа со работа градинките во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерството за труд и социјални прашања на Грција во чија надлежност се градинките, за невакцинираните вработени, задолжително е тестирање секоја седмица, додека пак во случај некој од вработените или децата да појави симптоми на Ковид-19, тогаш нема да биде дозволен влез во градинките.

Доколку постои потврден случај, тогаш веднаш треба да биде информирана градинката како и Националната организација за јавно здравје и следи темелно чистење на просторот.

Заменик- министерката за труд и социјални прашања Домна Михаилиду рече дека „безбедноста на децата останува главен приоритет“.

– Многу сме внимателни и континуирано сме во состојба на готовност, следејќи ги епидемиолошките податоци. Засега не постои загриженост. Знаењето и искуството што ги стекнавме не движат напред  и секогаш се движиме според упатствата на експертите, рече Михаилиду.

Учебната година за забавиштата, основните и средните училишта во Грција ќе започне редовно, на 13 септември, со физичко присуство на учениците, но и со задолжителен документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест.

За просветните работници задолжителен е сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 во последните шест месеци или негативен лабораториски тест два пати седмично, што ќе биде на нивни трошок.

За учениците, задолжителен е сертификат за вакцинација, доколку се постари од 12 години или потврда за прележана болест во последните шест месеци или изјава по направен селф тест, задолжителен два пати седмично.

Протоколите под кои ќе работат училиштата и факултетите ќе бидат детално соопштени непосредно пред почетокот на учебната и академската година.

градинка Грција деца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.