Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во земјава има 14.077 активни случаи. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 175.624 случаи на Ковид – 19. Од вирусот починаа 5.901 пациент, а оздравеа 155.646 граѓани. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.624, бројката на оздравени пациенти е 155.646, на починати е 5.901, а бројот на активни случаи изнесува 14.077. Во последните 24 часа се направени 2.628 тестирањe, а регистрирани се 299 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 209, Куманово – 14, Гостивар и Кавадарци – по 10, Струмица – 9, Тетово – 8, Дебар – 7, Прилеп и Велес –…
Светската здравствена организација (СЗО) очекува 236.000 смртни случаи како последица на Ковид-19 во Европа од крајот на август до 1 декември, изјави денеска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Копенхаген. – Бројот на смртни случаи од коронавирус се зголеми за 11 проценти само минатата недела, истакна Клуге. „Црното“ предвидување доаѓа од Институтот за здравствена метрика и проценка при Универзитетот Вашингтон во Сиетл. – Порастот на случаите е предизвикано од многу заразната делта варијанта, ублажување на многу рестриктивни мерки во голем број земји и значително зголемување на бројот на патувања во текот на летото, објасни Клуге.…
Задоволна сум што оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да обезбедиме квалитетна настава за учениците и при тоа да го заштитиме нивното, а со тоа и да придонесеме кон заштита на јавното здравје, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на редовен координативен состанок со директорите на средните училишта во државата. На состанокот, како што информираа од МОН, се разговарало за финалните подготовки со цел успешен старт на учебната година, која согласно одлука на…
Авганистанските новинари потпишаа колективно писмо до ОН во кое повикуваат на нивна безбедност, објави телевизијата „Толо њуз“. – Со оглед на тековните проблеми и зголемените закани по животите, имотот и семејствата на медиумските работници, би сакале да побараме поддршка од ОН за да ги спасиме нашите животи и животите на нашите семејства, го цитира писмото телевизискиот канал. Локалната новинска агенција Пајхвок вчера соопшти дека Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) примила повеќе од 2.000 барања од авганистанските колеги за помош при евакуација од Авганистан, откако талибанците ја презедоа власта во земјата. ИФЈ веќе побара од раководството на талибанското движење да организира…
Актуелниот градоначалник на Кавадрци, Митко Јанчев ќе бара уште еден мандат од граѓаните како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Иако изминатиот период имаше несогласувања со раководството, сепак партијата реши повторно да го кандидира. – Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци, рече Антонијо Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ кој ги промовираше кандидатите за градоначалници. Јован Тозиевски ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Ресен, предоложен ид ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери. Тој бил во два мандати член на општинскиот Совет. Кандидат за градоначалник на Општина Крушево партијата ја предложи Билјана Проеска. Таа…
Албанскиот претседател Илир Мета изрази загриженост во врска со епидемиолошката состојба во земјата, создадена од ширењето на варијантата „Делта“ и ја повика Владата да го зголеми финансирањето за здравствениот систем што е можно поскоро, бидејќи „варијантата Делта не може да се држи под контрола со полициски час“, јави дописничката на МИА од Тирана. – Овој многу сериозен момент не може да се држи под контрола со полициски час, туку со научни и пропорционални мерки, дополнителни вакцини и здравствени протоколи консолидирани и признаети на меѓународно ниво. Високото зголемување на случаите на зарази со Ковид-19, за жал и загубата на животи во…
Претседателот Џо Бајден синоќа присуствуваше на церемонија по повод изнесувањето на посмртните останки на американските војници од авионот пристигнат во воената база Дoувeр од Авганистан, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Во екслозијата во минатонеделниот напад загинаа десетици Авганистанци, меѓу кои и 13 американски војници. Претходно, претседателот и неговата сопруга Џил Бајден се сретнаа со семејствата на загинатите војниици. Белата куќа ги објави имињата на сите загинати воени лица: армискиот водник Рајан Кнаус, водници на меринскиот корпус Дарин Гувер, Џоани Розариопичардо, Никол Џи, капларите маринци Деган Пејџ, Умберто Санчез, Дејвид Еспиноза, Џаред Шмитц, Дилан Мерола, Карим Никуи и санитарецот Макстон…
На 1 септември во Грција истекува рокот за вакцинација на здравствените работници. Тие што нема да се вакцинираат ќе бидат суспендирани. Поконкретно, Иконому објасни дека задутре истекува рокот за вакцинација на здравствените работници во јавните и приватните структури, а „законот што предвидува суспензија за оние кои не примиле барем една доза, ќе се спроведе и ќе се примени во целост“. Позитивен е фактот што од средината на август постои нагорен тренд во закажувањето термини за вакцинација, но како што посочуваат експертите, за да изградиме колективен имунитет, потребни ни уште барем еден милион вакцинирани, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому…
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изјави дека в недела, 5 септември, нема да замине во Цетиње на устоличувањето на избраниот митрополит црногорско-приморски Јоаникије, а полицијата ја проценува безбедносната состојба. – Би побарал да заборавиме на храброста, а да користиме доверба, почит кон другите и правичност, изјави Кривокапиќ. Тој смета дека неговото отсуство на Цетиње в недела е единствениот придонес што може да го даде. – Ако некогаш сум изговорил некаков погрешно разбран збор или реченица, се извинувам и молам да не создадеме конфликт таму каде што не треба, рече црногорскиот премиер на прес-конференција во Подгорица. Кривокапиќ смета дека одговорноста…
Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје бара вклучување на децата со оштетен слух и говор во предучилишното образование. Целосна инклузија на сите деца во предучилишното образование за нас е најважен приоритет и основна цел на која интензивно работиме, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со претставници од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија. На состанокот, на кој се зборуваше за потребата за инклузија на децата со оштетен слух во установите за предучилишно образование, како предуслов за правилен раст и развој, покрај претседателот на Здружението на глуви и…
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, најави игра на победа на неговите избраници во реваншот од четвртфиналето на регионалната ракометна СЕХА-лига, со Загреб на гостински терен. – Сигурно не очекува тежок натпревар. Ако калкулираме, ако ги браниме четирите голови предност од Скопје нема да поминеме. Ние треба да одиме на победа, па и да изгубиме минимално не е страшно. Загреб нема така лесно да се откаже од „Фајнал фор“ во Задар и да нема ниту една хрватска екипа таму. Значи имаат свои мотиви. Јас би сакал Вардар да оди на завршниот турнир, да остане тој кој од основањето на СЕХА-лигата е…
Утре на премиерот Зоран Заев во Мунстер, Германија, на свечена церемонија ќе му биде врачена Меѓународна награда за мир. Храбрите одлуки носат мир и градат вечни пријателства, порача вечерва премиерот Зоран Заев во објава на „Фејсбук“. – Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, стои во објавата. Како што…