Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО – ДПМНЕ објави уште 10 кандидати, меѓу нив и Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци

0
By НОВА ТВ on August 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 18:49

Актуелниот градоначалник на Кавадрци, Митко Јанчев ќе бара уште еден мандат од граѓаните како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ. Иако изминатиот период имаше  несогласувања со раководството, сепак партијата реши повторно да го кандидира.

– Предлогот за господинот Јанчев е барање токму и на мнозинството на жителите на Кавадарци, рече Антонијо Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ кој ги промовираше кандидатите за градоначалници.

Јован Тозиевски ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Ресен, предоложен ид ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери. Тој бил во два мандати член на општинскиот Совет.

Кандидат за градоначалник на Општина Крушево партијата ја предложи Билјана Проеска. Таа е професрока по македонски јазик во гимназијата во Крушево.

Кандидат за градоначалник за општина Делчево е Николчо Стојменовски. Тој е доктор по ветеринарна медицина.

Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопансвеник.

Кандидат за градоначалник на општина Ново Село е Ѓорѓе Божинов. Тој е дипломиран економист, моментално е вработен во приватна градежна компанија како Извршен Менaџер.

Кандидат за градоначалник на општина Василево е Славе Андонов, кој е дипломиран правник.

Кандидат за градоначалник на општина Дебарца е Сашо Силјаноски. Тој е дипломиран шумарски инженер вработен во министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидат за градоначалник на општина Зрновце е Борчо Коцев. Тој магистрирал на Факултетот за Безбедност. Има партиски мандат во општинскиот комитет во Зрновци

Кандидат за градоначалник на општина Кратово, Тодорчо Николовски предложен од Социјалистичката партија. Тој е дипломиран правник со положен правосуден испит, а од 2012 година во општина Кратово.

– Би сакал на сите да им честитам, да им посакам фер плеј и успешна кампања и се разбира успешен и победнички резултат на изборите, изјави Милошоски.

За општините Аеродром, Карпош и Битола во ВМРО – ДПМНЕ сè уште има  внатрепартиски консултации.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Данела Арсовска како натпартиски кандидат

ВМРО-ДПМНЕ избори кандидати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.