Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Вклучувањето на децата со оштетен слух и говор во градинките е врвен приоритет

0
By НОВА ТВ on August 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 17:00

Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје бара вклучување на децата со оштетен слух и говор во предучилишното образование.

Целосна инклузија на сите деца во предучилишното образование за нас е најважен приоритет и основна цел на која интензивно работиме, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со претставници од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.

На состанокот, на кој се зборуваше за потребата за инклузија на децата со оштетен слух во установите за предучилишно образование, како предуслов за правилен раст и развој, покрај претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, Павле Стаматоски, присуствуваа и родители на деца со оштетен слух,  Даниела Дичовска толкувач на знаковен јазик, директорката на скопската градинка „Буба Мара“ Елена Устимитова, како и стручни служби од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката за труд и социјална политика Шахпаска оцени дека секоја градинка мора да биде отворена за сите деца, но и истовремено да одговори на нивните потреби, со цел за сите деца да се овозможат еднакви услови за развој, напредок и инклузија во општеството.

-Нашата законска регулатива предвидува целосна инклузија на децата во предучилишното образование, а наша задача како Министерство е да создадеме услови тоа и практично да се реализира, односно да стане системско решение. Ние на тоа интензивно работиме, преку повеќе процеси на обуки и доусовршувања на стручниот кадар во градинките. Целосното вклучување на децата со оштетен слух и говор за нас е приоритет.  Верувам дека многу скоро, преку соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви, ќе обезбедиме и стручен кадар во градинките, кој ќе го познава и толковниот јазик и кој ќе може да работи со дечињата и ќе им помогне во нивната адаптација во групите со останатите дечиња, најави министерката Шахпаска.

Таа нагласи дека целта е да се обезбеди згрижување на децата со оштетен слух во градинките на територијата на целата држава, но, не е исклучено првично тоа да биде пилотирано во одредени општини и градинки.

Претседателот на Здружението на глуви и наглуви лица на град Скопје, Павле Стаматоски, оцени дека со децении наназад родителите на деца со оштетен слух се соочуваат со проблем за згрижување на нивните деца.  Поради тоа, тие се принудени да бараат алтернативни решенија за згрижување на нивните деца, кои понекогаш значат и нивно згрижување кај баби и дедовци, понекогаш и во други градови или на село, што практично значи и одвојување на децата од родителите на подолг период.

-За нас е многу важно конечно да се реши ова прашање. Децата со оштетен слух и говор треба да одат во градинка исто како и сите други дечиња. Нивните родители работат и затоа треба да има начин како тие да се згрижат, а истовремено да бидат и вклучени во предучилишното образование. Ова прашање во повеќе наврати сме го отворале, верувам дека сега заеднички ќе дојдеме до решение, оцени Стаматоски.

деца образование шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.