Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска на состанок со директори на средни училишта: Учениците ќе се вратат во училишните клупи

0
By НОВА ТВ on August 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 19:01

Задоволна сум што оваа година сите училишта подготвителните активности ги почнаа порано од вообичаеното во изминатите години и што одговорноста е подигната на значително повисоко ниво, заради остварување на заедничката цел, а тоа е да обезбедиме квалитетна настава за учениците и при тоа да го заштитиме нивното, а со тоа и да придонесеме кон заштита на јавното здравје, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на редовен координативен состанок со директорите на средните училишта во државата.

На состанокот, како што информираа од МОН, се разговарало за финалните подготовки со цел успешен старт на учебната година, која согласно одлука на Владата, а на предлог на МОН и на препорака на Комисијата за заштита од заразни болести, ќе започне на 1 септември со настава со физичко присуство на учениците.

– За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница. Така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој, рече Царовска.

Директорите на средните училишта изразиле благодарност до Министерството за образование и наука за континуираната поддршка во процесот на планирање и организација на новата учебна година, која повторно се организира во услови на пандемија, но како што рекоа, планот и протоколите се добро конципирани и навремено доставени до раководствата, за да се преземат сите неопходни мерки за безбедна настава и за намалување на ризикот од можноста училиштата да станат трансмитери на заразата.

 

Мила Царовска МОН училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.