Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Олимпиецот Дејан Георгиевски кој од Токио се врати со сребрен медал и постигна најголем успех во спортот денеска беше кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. Олимпиецот на претседателот му демонстрираше дел од својот репертоар, односно удар во глава.
Ураганот имаше ветрови со брзина од 120 километри на час. Се наоѓаше на 560 километри источно од мексиканскиот град Тулум Метеоролозите соопштија дека тропската бура „Грејс“ денеска се засили во ураган, приближувајќи се кон брегот на Мексико, и се закани со пороен дожд, поплави и големи бранови. Во сила е предупредување за ураган за голем број приморски летувалишта, вклучувајќи го и Канкун на мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) во Мајами. Попладнево, ураганот имаше максимални придружни ветрови со брзина од 120 километри на час. Се наоѓаше на 560 километри источно од мексиканскиот град Тулум и се…
Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, денеска во Берлин разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за актуелните политички случувања во БиХ. – Меркел изрази целосна поддршка од Федералната влада за извршување на важната меѓународна функција на високиот претставник за Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на Високиот претставник (ОХР). За време на разговорите фокус е ставен на реформите кои се потребни за напредок на БиХ во рамки на процесот на евроинтеграции. – Високиот претставник Шмит ја искористи можноста да и се заблагодари на канцеларката Меркел за силната поддршка на германската Влада за неговиот мандат, се додава во соопштението.
Врховниот водач на талибанците, Ахунџада, има тројца заменици – Мавлави Јагуб, син на Мула Омар, Сираџудин Хакани, кој е водач на моќната воена мрежа Хакани, и Абдул Гани Барадари, шеф на политичката канцеларија на талибанците во Доха. Барадари е еден од основачите на талибанците. Со Авганистан може да владее совет, откако талибанците ќе ја преземат власта, додека лидерот на исламистичкото движење, Хаибатулах Ахунџада, најверојатно ќе остане врховен водач, објавија западни медиуми, повикувајќи се на висок член на талибанците. Талибанците, исто така, ќе се обидат да ги придобијат на своја страна поранешните пилоти и припадници на авганистанската армија, изјави Вахидула Хашими.…
Американските сили кои го одржуваат редот на аеродромот во Кабул и го контролираат процесот на евакуација од Авганистан, денеска на неколку пати употребија огнено оружје за да го стават под контрола неконтролираното однесување на толпата. Британските медиуми наведуваат дека претставникот на Пентагон, Џон Кирби, денеска потврди дека засега ништо не укажува дека во пукањето има загинати или повредени, како и дека американските војници не пукале ниту на Авганистанците, ниту на било кој друг. Кирби потврди дека бројот на американски војници на аеродромот во Кабул денеска достигна 4.500, како и дека во следните 24 часа се очекува да пристигнат уште неколку…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска најави дека за петок закажал вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите -членки на Алијансата во врска со развојот на ситуацијата во Авганистан. Столтенберг на Твитер напиша дека ќе претседава со состанокот преку видео врска, која ја свика „со цел да продолжи тесната координација“ на 30-те земји членки на НАТО и „да се разговара за заеднички пристап кон авганистанското прашање“. Ген-секот на Алијансата вчера го обвини поранешното раководство на Авганистан за брзиот колапс на нивните вооружени сили, кои беа поддржани од Запад, но призна дека НАТО мора да ги отстрани недостатоците на…
Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија, што се одржаа на 11 јули, „Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција, а другите партии со своите 175 пратеници веќе се власт, изјави нејзиниот лидер Слави Трифонов, според кого, како овие партии ќе преговараат едни со други е веќе нивна работа. – Бидејќи од неодамна сум во политиката очигледно не ги разбирам работите како што ги разбираат искусните бугарски политичари. Очигледно некои работи, како што се конзистентност, одржување на зборот, искреност, компромис, гест, почит, јавно овие работи се дел од нормалниот живот, но од политичкиот – не…
Светската здравствена организација е на став дека најранливите луѓе во светот треба прво целосно да се вакцинираат, а дури потоа во богатите земји да се започне со трета доза вакцина. Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација. – Во многу места во светот каде што има се повеќе заразени со делта варијантата на коронавирус, дури и во земји кои имаат високо ниво на вакцинација на национално ниво, делта сојот навистина циркулира и се шири во области со мала покриеност со вакцини,…
Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман сите заслуги за победата над Борусија Дортмунд (3:1) во натпреварот за германскиот Суперкуп ги препиша на фудбалерите и поранешниот шеф на стручниот штаб. – Немаме многу време за славење. Оваа титула е награда за работата во минатата сезона, бидејќи Ханс Дитер Флик ја освои лигата со овој тим. Среќен сум, но титулата им припаѓа на други луѓе, а не на мене. Се браневме многу добро и игравме на агресивен начин. Заслуживме да победиме, истакна Нагелсман. Тој го замени Ханс-Дитер Флик на оваа позиција пред почетокот на сезоната. Ова е прв трофеј за Нагелсман во неговата…
На границата има повеќе од 900 полски војници. Повеќето мигранти се обидуваат да преминат од Ирак. Полска распореди стотици војници на границата со Белорусија за да им пружи поддршка на граничарите поради приливот на мигранти кои сакаат да влезат во земјата. Министерот за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека во операцијата се вклучени повеќе од 900 полски војници и додаде дека повеќето мигранти се обидуваат да преминат од Ирак. Полскиот заменик министер за внатрешни работи доцна синоќа објави твит дека границата со Белорусија е запечатена, а војниците се наоѓаат таму веќе една недела. Полска, како и Литванија и другите балтички земји,…
Пожарот што веќе трет ден е активен во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради промената на правецот на ветрот, неконтролирано се прошири кон планинското село Вилија, а противпожарните сили се обидуваат да спречат, огнената стихија да стигне до куќите, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на општина Вилија Христос Статис за телевизијата „Опен“ рече дека пожарот е на 30 до 40 метри до првите домови и побара итно да се испратат дополнителни воздушни средства. Веќе изгоре една куќа што е надвор од селото, а иако огнената стихија е блиску до селото, сепак, до жителите сè…
Прво треба да се дадат две дози на најранливите групи низ светот, а потоа да се дава третата доза вакцина. Сегашните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцина против коронавирусот, изјави денеска водечкиот научник на Светската здравствена организација, Сомја Саминатан. Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка“ доза, која се дава во богатите земји, советникот на СЗО, Брус Ајлворд, на истата прес-конференција во Женева истакна дека има доволно вакцини во светот, но дека тие не се рамномерно распределени. Тој нагласи дека прво треба да се дадат две дози на најранливите групи низ светот, а дури потоа трета…