Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трифонов: „Има таков народ” веќе е опозиција

0
By НОВА ТВ on August 18, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 18, 2021 18:52

Победничката партија на последните парламентарни избори во Бугарија, што се одржаа на 11 јули, „Има таков народ“ со своите 65 пратеници веќе е во опозиција, а другите партии со своите 175 пратеници веќе се власт, изјави нејзиниот лидер Слави Трифонов, според кого, како овие партии ќе преговараат едни со други е веќе нивна работа.

– Бидејќи од неодамна сум во политиката очигледно не ги разбирам работите како што ги разбираат искусните бугарски политичари. Очигледно некои работи, како што се конзистентност, одржување на зборот, искреност, компромис, гест, почит, јавно овие работи се дел од нормалниот живот, но од политичкиот – не се! Таму, овие зборови добиваат сосема поинакво значење, звучат исто, но всушност го сугерираат токму спротивното. Да, јас не ги разбирам овие работи. И да бидам искрен – не сакам да ги разберам, ниту пак некогаш ќе го прифатам овој начин на однесување, во кој вие кажувате едно, а правите друго, во кое лагата е вистинска, компромисот е наведнување, а искреноста е некоја архаична глупост, рече Трифонов, лидер на „Има таков народ “.

Тој призна дека „Има таков народ“ се обиде да направи малцинска влада, што бугарскиот Устав тоа и го дозволува, а партијата ги направи потребните гестови и компромиси кон таканаречените „протестни партии“ , бидејќи изјавија дека само со нивна поддршка ќе реализираат влада. Не ја добивме нивната поддршка и нашите гестови не беа разбрани и беа одбиени. Кај нашите потенцијални партнери го имаше „чувството“ дека нашиот предлог ја покажува „долгата рака на ДПС“. Сега, во евентуалниот трет мандат што ќе им го даде претседателот, нивното „чувство за долгата рака на ДПС“ исчезна и тие ја очекуваат нашата поддршка. Магија. Очигледно во бугарската политика „долги раце“ и „кратки нозе“ се појавуваат и исчезнуваат според „чувствата“ на политичарите. Кога велам „кратки нозе“, мислам на бугарската поговорка дека „нозете на лагата се кратки“, искоментира Трифонов.

– Освен тоа, и сите други партии изјавија дека нема да ја поддржат владата на „Има таков народ “, што значи дека таа со своите 65 пратеници веќе е во опозиција. А другите партии со нивните 175 пратеници се веќе на власт. Како ќе преговараат меѓусебно е веќе нивна работа. Со моето елементарно разбирање за политиката и нивниот интегритет, не сум слушнал никогаш, никаде во ниту една демократска земја за влада меѓу владеачка партија и опозиција, нагласи Трифонов.

“Зарем тоа не е значењето на демократскиот процес – да има владетели и логично, наспроти владата, да има опозиција? И сега, драги владетели, ние ќе бидеме ваша конструктивна опозиција … додека суверенот не одлучи нешто друго!” додаде лидерот на „Има таков народ“.

Бугарија има таков народ опозиција Трифонов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.