Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Џонсон: Велика Британија, по одлуката на САД да се повлече, немаше друг избор освен да го стори истото. Британските пратеници денеска остро ги критикуваа премиерот Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден за падот на Авганистан во рацете на талибанците, изјавувајќи дека тоа е неуспех на разузнавачките служби, недостаток на лидерство и колапс на моралната должност. Говорејќи на вонредната седница на парламентот за ситуацијата во Авганистан, Џонсон кажа дека за талибанците треба да се суди според нивните дела, а не по зборовите што ги кажуваат, откако милитантите се обидоа да ја убедат светската јавност дека нема да се одмаздат. Не…
Манолова рече дека по неуспехот на првиот мандат за формирање владин кабинет од партијата „Има таков народ“, цената на политичката неодговорност не треба да ја плаќаат бугарските граѓани. Лидерот на партијата „Стани БГ! Ние доаѓаме!“ Маја Манолова нуди три алатки за решавање на три ризици, кои, доколку нема редовна влада наесен, би можеле да се претворат во сериозни кризи, објави БГНЕС. На почетокот на консултациите, претседателот Румен Радев се обрати кон „Стани БГ! Ние доаѓаме!“ со зборовите: „Формирањето редовна влада е тема која бара компромис и консензус. Во Парламентот нема мали и помали партии, има партии со јасна граѓанска позиција.…
Со пари од Светска Банка почна да се реконструира улица во Крушево. Со 70 милиони евра директна помош за општините го реализираме најзначајниот проект за реконструкција на локалните патишта и улици во сите општини во државата. Преку разни буџетски програми правиме големи инвестиции во патната и комуналната инфраструктура и во општина Крушево, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски при денешната посета на Крушево. Бочварски, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, заедно со државниот секретар Митко Трајчулески, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и директорот на Јавното претпријатие „Македонија Пат“, Беким Мемеди, извршил увид во реконструкцијата на…
Полицаецот давал пари на заем, а од лихварството заработил над 8.000 евра. Полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против 50-годишниот О.Ц. од Свети Николе, кој работи во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“, што е казниво по член 260 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавениот, во периодот од 2020 до 30.07.2021, неовластено се занимавал со давање пари на заем, како и на потрошни предмети на одложено плаќање, искористувајќи ја социо-економската положба на оштетените, при што се стекнал со имотна корист од 539.800 денари. – При претреси во три…
Починатите се на возраст од 37 до 79 години. Најмногу нови случаи има во Скопје, Гостивар и Тетово. За 24 часа регистрирани се 91 озравен пациент. Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на Ковид-19. Скопје – 314, Гостивар – 187, Тетово – 160, Куманово – 84, Струмица – 60, Кичево – 47, Охрид – 38, Дебар – 30, Струга – 27, Прилеп – 25, Битола – 20, Штип и Ресен – по 12, Радовиш – 11, Велес и Кочани – по 9, Берово и Виница – по 6, Кратово – 5, Кавадарци…
Не е познато за што било разговарано на средбата. Претставници на талибанците имале средби со други политички сили во Авганистан, вклучувајќи го и поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, може да се види од слики споделени на Твитер, јави ДПА. На сликите се прикажани Карзаи и Абдула Абдула, претседател на Високиот совет за национално помирување, на средба со Анас Хакани, висок припадник на талибанците и висок водач на авганистанската герилска бунтовничка група Хакани. ДПА, повикувајќи се на локални неименувани извори, јавува дека средбата се одржала во куќата на Абдула во Кабул. Содржината на разговорот не е позната. За средбата нема детали…
Бараат да се гарантира безбедноста на жените и девојчињата во Авганистан. ЕУ, САД и 18 други земји денеска издадоа заедничка изјава во која изразија „длабока загриженост за жените и девојчињата во Авганистан“, повикувајќи ги талибанците да ја гарантираат нивната безбедност. – Ние сме длабоко загрижени за авганистанските жени и девојчиња, нивните права на образование, вработување и слобода на движење. Ги повикуваме оние кои имаат моќ и авторитет во цел Авганистан, да гарантираат нивна заштита. Авганистанските жени и девојчиња, како и сите Авганистанци, заслужуваат да живеат во мир, безбедност и достоинство. Секој вид на дискриминација и насилство мора да се спречи.…
Никако да се изгаси пожарот во близина на Сарај. Гори нискостеблеста мешана шума на недостапен терен. Сè уште се активни пожарите кај Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај и во атарот на Ракле – Никодин – Топлица во Општина Прилеп. Пожарот кај село Раовиќ и Буковиќ (Сарај) е на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Се уште гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. На терен се екипите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Армијата (АРСМ). Пожарот во атарот на Ракле – Никодин – Топлица е со слаб инетнзитет, на непристапен терен. Од Центарот за управување со кризи…
Без вакцинација или прележан Ковид – 19, нема шопинг во моловите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот „Фејсбук“ профил информираше дека во шопинг моловите, казнината и обложувалниците ќе се влегува само со потврда за вакцинација или за прележан Ковид – 19. – Вакцинирајте се, повика Бектеши на неговиот профил. Владата на денешната седница донесе ги донесе најновите мерки. Покрај угостителските објекти, сертификат за вакцинација или прележан Ковид – 19 ќе се бара и во концертни сали, за семинари, обуки, работлници, конференции, културини или спортски настани, обложувалници и казнина. Сертификат ќе се бара и за организација, работа но и присуство…
Двајцата министри се осврнале и на климатските непогоди, ситуацијата со пожарите во двете земји и изразиле жалење за претрпените штети, истакнувајќи ја важноста на климатските промени. Во Истанбул денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар потпишаа петгодишен Договор за воено-финансиска соработа и протокол за негова имплементација, зад кои стојат владите на двете држави. Како што соопштија од министерството, Договорот предвидува фазна алокација на средства на годишно ниво, кои од наша страна ќе бидат користени за модернизирање на армиските капацитети и јакнење на борбената готовност. – Северна Македонија и Турција не се само…
Владата на денешната седница усвоила Информација со која се утврдува дека 31.12.2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот, делница Кичево – Охрид. – Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, соопштија од Владата.
Министерот Нуредини изјави дека по јавните консултации во одлуката за прогласување на Водно за заштитено подрачје се обезбедува исполнување на обврската на локалната самоуправа за утврдување на границите на ерозивни подрачја, како и се забранува изградба на нови објекти, доградба и надградба на постојните и проширување на урбаните опфати на населените места на територијата на заштитениот предел – Водно. Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје од V категорија. Со оваа одлука, според Владата, се овозможува зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности; спречување на…