Author: НОВА ТВ

Според непотврдени информации на авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, отпатувал за Оман. – Нема веродостојна информација каде се наоѓа претседателот-бегалец. Но, според различни информации, тој директно отпатувал за Оман, изјави авганистанскиот амбасадор Мухамад Захир Агбар. Тој негираше дека Гани пристигнал во Таџикистан. И таџикистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека авионот со Гани не навлегол во воздушниот простор ниту слетал во Таџикистан. Гани вчера замина од Кабул, неколку часа откако талибанците го презедоа Кабул.

Read More

Протестот пред Собранието кој беше најавен како граѓански, послужи за испраќање на политички пораки и ја доведе во прашање неговата смисла за одржување. Оваа констатација не само што наоѓа потврда во иконографијата на протестот, туку и во пораките испишани на транспарентите и во говорите на дел од присутните, кои најмалку го споменуваа здравјето а најмногу пораките кои и без тоа јавноста ги слуша од опозициските партиски бини дека, „власта го продала името“, дека „ја украла историјата“ и сето ова зачинето со знамињата со Ѕвездата од Кутлеш, со сечење и палење заштитни маски, со закани по животот кон претседателот на Владата…

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска порача дека протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Ваквиот став на Филипче доаѓа по протестот под мотото „Стоп за одземање на слободата“, против новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. – Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот. Ако порано за бенефитот од вакцините слушавме само од вестите од светот или читавме во медицински студии, денеска веќе можеме да го потврдиме, со она што се случува кај нас. Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела…

Read More

Стапи на сила целосна забрана за дивжење во шумските предели низ државата. – Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја, наутро стапува на сила целосна забрана за движење во шумите, штотуку соопштија од Владата.

Read More

Пожарот во Кочани проголта четири семејни куќи. Според информациите нема жртви и тешко повредени од огнените стихии во Кочани. На терен се прават обиди да не се шири пожарот и да не изгорат повеќе домови. Дирекцијата за заштита и спасување повика во гаснсењето да се приклучати и доброволци. Пожарникари од другите градови, Штип, Делчево, Свети Николе и Скопје се вклучени во гаснењето на пожарот. Пожарникари во Кочани беа испратени и од Општина Кавадарци. На пожарникарите им помагаат жителите на Кочани кои со лопати го гаснат огнот. Пожарот е ставен под контрола, но поради ветерот ситуацијата сè уште е алармантна. https://novatv.mk/zaev-nikolovski-i-filipche-se-upatija-kon-kochani-video/

Read More

Премиерот Зоран Заев ја напушти церемонијалната свеченост на Мечкин Камин организирана од претседателот Стево Пендаровски по повод 2 Август. По Заев, церемонијата според информации на НоваТВ, ја напуштија и вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски и министерот за здравство, Венко Филипче. Тие од Крушево се упатија во Кочани по алармантната состојба со пожарите. Претходно, министерот Оливер Спасовски по координација со Заев и претседателот Пендаровски замина од Мечкин Камин. https://novatv.mk/tsuk-isprateno-e-itno-barane-za-pomosh-pozharot-izlegol-od-kontrola/

Read More

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот на партијата, Александар Николовски, како и секоја година, така и оваа година ќе го посети Мечкин Камен каде што ќе положи свежо цвеќе. Положувањето на цвеќето би се случило околу 13 часот, потврди за НоваТВ Александар Николовски. Во рамките на оддавањето почест на жртвите од Илинден, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат и комплексот Македониум и месноста Слива. Николовски го потврди партискиот став дека нема да учествуваат на церемонијалот организиран од страна на шефот на државата, Стево Пендаровски, бидејќи според нив, тоа претставува сквернавење на сè она што претставува Илинден. Инаку, централната програма за…

Read More

Политичар кој се плаши од својот народ треба веднаш да се спакува и да ја напушти политиката. Лидерство се покажува и во добри и во лоши моменти, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ профил. Мицкоски го критикува шефот на државата, Стево Пендаровски, бидејќи, според него, тој утре во Крушево, на Мечкин Камен, ќе биде обезбеден од два баталјони полиција без присуство на народ и го обвинува за нанесување цензура на традицијата и на народот. – Жалам што поради сопствениот страв од соочување со народот, големата лична суета и елитизмот сакате да обезличите настан кој не е на…

Read More

Во последните 24 часа регистриани се 72 нови случаи на Ковид – 19, од направени 5.759 тестирања. Во денешната ковид статистика најмногу случаи има во Скопје – 20, па Куманово – 14 и во Тетово 10. Во Гостивар се регистрирани 9 случаи, Битола – 7, Струмица – 5, Охрид – 3, додека во Кавадарци, Струга, Кичево и Берово по еден нов случај. Во еден ден оздравеле девет пациенти, а нема пријавено починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 982.469 тестирања на Ковид-19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 156.452 носители на коронавирусот, а оздравеле 150.371. Од…

Read More

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано се на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, реагираат од СДСМ. Според  партијата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен лажни вести, блокади и одбрана на криминалот. – Со таквата понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз на изборите, што се наговестува и со сите анкети на јавното мислење каде СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат дека СДСМ го има најдоброто за секоја општина, дека развојот на општините и напредокот на државата е можен само со СДСМ и затоа даваат силна поддршка, соопштија од СДСМ.

Read More

Почината 51-годишна жена е најдена во куќа во Волково во која настанал пожар рано утрово. Како што се наведува во полицискиот билтен, на 1 август 2021 во 4:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа. При гаснење на пожарот, од страна на екипа на Противпожарна заштита била пронајдена почината 51-годишна С.С. Лекар констатирал смрт без траги на насилство. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Read More