Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Трошокот за 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор ќе биде помал од придобивката

0
By НОВА ТВ on August 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 9, 2021 19:49

Првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби денеска изјави дека тендерот за организација на настаните поврзани со одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамовен договор бил транспарентен и дека на крајот ќе се види колку тие навистина ќе чинат, потенцирајќи дека трошокот „нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор“.

За прославата на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор беше распишан меѓународен тендер во вредност од 30 милиони денари.

-Во однос на тендерската постапка, се беше транспаретно, меѓународен тендер и се заврши со позитивно мислење на Бирото за јавни набавки. Цената е таа, но не мора да значи дека тоа ќе го исплатиме на крај затоа што се работи за настани што ги организираме веќе еден месец, а ќе продолжат и по 13 август. Не се работи само за 13 август, туку за повеќе и ќе видиме на крај кои се трошоците, но секако овој трошок нема да биде поголем од придобивката што ја имаме од Охридскиот рамковен договор, а тоа траен мир, инклузивно општество, земја во НАТО и со европска перспектива. Во тоа голем удел има и Охридскиот рамковен договор, рече Груби во интервју на ТВ Канал 5.

Првиот вицепремиер соопшти дека на централното одбележување на дваесетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, на 13 август со почеток во 10 часот во х. Александар Палас ќе се одржи конференција со три панели.

-Првата е лидерска на која ќе се обратат претседателот Пендаровски, премиерот Заев, претседателот на Собранието Џафери, поранешниот претседател Црвенковски, поранешниот премиер Хари Костов, претседателот на ДУИ Ахмети, јас, додека на другиот панел ќе се обратат и Лорд Робертсон, Хавиер Солана, американската амбасадорка Брнз…, рече Груби.

Првиот вицепремиер денеска во Државниот архив достави оригинален примерок од Охридскиот рамковен договор, посочувајќи дека ниту една институција досега не поседувала ваков документ иако тој има седуммина потписници.

-Седум потписници има Охридскиот рамковен договор, пет лидери од нашата земја, и двајца странци Пердју и Леотар и ниту еден од нив немаше зачувано оригинална копија на Охридскиот рамковен договор. За среќа нашето неколкумесечно истражување беше успешно и идентификувајќи ги луѓето кои учествуваа, не само протагонисти од потпишување на договорот, туку и помошниците од страна успеавме да најдеме една од тие седум официјални веризии на Охридскиот рамковен договор што денеска ја поднесовме во државниот Архив, рече Груби.

Артан Груби Македонија Придобивки Рамковен договор Тендер Тришок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.