Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот на партијата, Александар Николовски, како и секоја година, така и оваа година ќе го посети Мечкин Камен каде што ќе положи свежо цвеќе. Положувањето на цвеќето би се случило околу 13 часот, потврди за НоваТВ Александар Николовски.

Во рамките на оддавањето почест на жртвите од Илинден, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат и комплексот Македониум и месноста Слива.

Николовски го потврди партискиот став дека нема да учествуваат на церемонијалот организиран од страна на шефот на државата, Стево Пендаровски, бидејќи според нив, тоа претставува сквернавење на сè она што претставува Илинден.

Инаку, централната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката, организирана од Пендаровски ќе почне во 18 часот на Мечкин Камен.