Author: НОВА ТВ

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Исланд. Епицентарот бил на 230 километри југозападно од Рејкјавик на длабочина од 10 километри. Во погодената област живеат околу 118.000 луѓе, но нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. По земјотресот не е објавено предупредување за појава на цунами.

Read More

Премиерот Зоран Заев на три дена по Економскиот форум „Отворен Балкан“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели видео од неговото обраќање на форумот, на кое акцентот го става на отворената соработка со стопанствениците. – Многу често зборуваме со нашите комори и сме на иста линија, отворени сме за соработка и веруваме дека можеме многу заедно, кога политичкото лидерство е искрено отворено за соработка. Треба да ги отстраниме ваквите чекања на границите, а идејата е да имаме „no stop, just go“. Пред се, ќе отвориме посебна лента за камиони, таа лента ќе го има називот на новата регионална соработка и тоа ќе…

Read More

Италија за време на викендот регистрира над 800 пожари, воглавно во јужниот дел на земјата. – Во изминатите 24 часа пожарникарите имаа повеќе од 800 интервенции: 250 на Сицилија, 130 во Пуљи и Калабрија, 90 во областа Лацио и 70 во Кампања, објави на Твитер италијанската пожарникарска служба. Исто така се наведува дека пожарникарите се на терен и во три града на Сицилија. Италија изминатите денови е погодена од топлотен бран, при што температурите на воздухот се искачија до 40 степени Целзиусови, со што е зголемена опасноста од пожари. Кон крајот на минататса недела во пожар се уништени 20.000 хектари…

Read More

Венецуелката Јулимар Рохас го постави првиот светски рекорд во една атлетска дисциплина на Олимписките игри во Токио. Таа попладнево во трискок прескокна 15 метри и 67 сантиметри, цели 17 сантиметри повеќе од досегашниот најдобар планетарен резултат (15,50) сопственост на Инеса Кравец од 1995 година. Второто место и сребрениот медал отиде кај Патрисиа Пор Мамона од Португалија со прескокнати 15,01 метар. Бронзата е за Ана Пелетеиро од Шпанија со скок од 14,87 метри.

Read More

Социјалните мрежи се преплавени со објави кои ја потценуваат вакцината, но овие реакции прават повеќе штета отколку добро. Не треба да има сомневање за тоа: вакцините против Ковид – 19 спасуваат животи, пишува Би – Би – Си. Пред да донесете одлука внимателно разгледајте ги статистиките од Велика Британија, советува медиумот. Во студија која следеше повеќе од 200.000 луѓе речиси секој учесник развива антитела против вирусот во рок од две недели по примената втора доза вакцина. И покрај првичните грижи дека вакцините можат да бидат помалку ефикасни против делта сојот, анализите покажуваат дека и вакцините од „Астра Зенека“ и „Фајзер“…

Read More

Претседателот на државата, Стево Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“, реагираат од Кабинетот на Пендаровски по денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот…

Read More

Минатата година, кругот на милионери уште еднаш се прошири, и покрај фактот дека пандемијата имаше катастрофално економско влијание врз земјите низ целиот свет. Според податоците обезбедени од BlockArabia.com, повеќе од 5,2 милиони луѓе се приклучија на клубот на милионери среде пандемија, а една третина од нив беа од САД. Бројот на милионери во САД скокна за 1,7 милиони за една година. Пандемијата беше добра вест за супербогатите лица, а бројот на милионери се зголеми на 56 милиони во 2020 година, во споредба со 50,8 милиони во 2019 година, според извештајот на Кредит Свис. И покрај ефектите на Ковид-19 врз светската…

Read More

„Волт Дизни“ стана најновата американска компанија што објави дека ќе бара целиот персонал да биде вакциниран против коронавирус, по слични најави од „Гугл“ и „Фејсбук“. – Во компанијата Волт Дизни, безбедноста и благосостојбата на нашите вработени за време на пандемијата беше и продолжува да биде врвен приоритет. За таа цел, и врз основа на најновите препораки од научници, здравствени работници и наши медицински професионалци дека вакцината „Ковид-19“ обезбедува најдобра заштита од тешка инфекција, бараме сите наши вработени да бидат целосно вакцинирани, се наведува во соопштението од компанијата. Вработените кои сè уште не се вакцинирани, а физички доаѓаат на работа, ќе…

Read More

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го прифаќа предлогот од премиерот Зоран Заев, укинување или намалување на прагот на  1% за независните кандидатски листи за советници во општините на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври. – Во текот на вчерашниот ден имав можност да ја слушнам изјавата на Зоран Заев дека тие ретерираат од тие 2%, колку што разбрав се враќаат на 1%, еве и тоа го прифаќаме. Еве прифаќаме и да нема проценти. Само нека има фер и демократски избори, да нема злоупотреба, притисоци, закани, уцени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека…

Read More

Ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту делегација предводена од најголемата опозициска партија нема да присуствува на 2 Август на Мечкин Камен. Ова денеска го потврди партискиот лидер Мицкоски. – Делегацијата нема да биде на дел од циркускиот церемонијал предводен од претседателот Пендаровски, изјави денеска Мицкоски. Мицкоски рече дека утре тој ќе присуствува во струшко Ташмаруништа, каде ќе има свој говор. Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да има говор на Мечкин Камен. https://novatv.mk/pendarovski-ja-objavi-programata-za-chestvuvaneto-na-ilinden-na-mechkin-kamen/

Read More

Шефот на државата, Стево Пендаровски на својата „Фејсбук“ страница ја објави програмата за чествувањето на Илинден на Мечкин Камен во Крушево. На централната свеченост, како што објави Пендаровски, пригодна реч ќе има Никола Ристановски со пораки за Илинден. На свеченоста ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот за албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата – Утре на Мечкин Камен ќе оддадеме почит на Илинденците коишто загинаа во одбраната на Крушевската Република, напиша Пендаровски.

Read More

Утре се празнува 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста. Годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20 – годишнината од Охридскиот рамковен договор, соопштија од Владата. Одбележувањето на Денот на Републиката ќе започне со настани во Скопје, во организација на Собранието со почеток во 09:00 часот,…

Read More