Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски и Заев согласни за помал праг за независните листи, „Зелен хуман град“ бараат да седнат на иста маса

0
By НОВА ТВ on August 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 1, 2021 13:21

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го прифаќа предлогот од премиерот Зоран Заев, укинување или намалување на прагот на  1% за независните кандидатски листи за советници во општините на локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

– Во текот на вчерашниот ден имав можност да ја слушнам изјавата на Зоран Заев дека тие ретерираат од тие 2%, колку што разбрав се враќаат на 1%, еве и тоа го прифаќаме. Еве прифаќаме и да нема проценти. Само нека има фер и демократски избори, да нема злоупотреба, притисоци, закани, уцени, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека во преговорите за измените на Изборниот законик уште во март, предлогот за зголемување на прагот за независните кандидати дошол од власта, на што тие како опозиција се согласиле во име на фер и демократски избори.

– Помалите партии бараа отворени листи, ВМРО ДПМНЕ се сложи на тоа. Потоа се предомислија и рекоа ‘не сакаме отворени листи’. Повторно ВМРО-ДПМНЕ се сложи. Од страна на власта исто така се побара да се зголеми прагот на оние листи коишто им се потребни потписи за да ја истакнат својата кандидатура. ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа беше барање на власта, само за да има фер и демократски избори рече и на тие преговори, ‘како вие мислите, само изборите да бидат фер и демократски, така ќе прифатиме’. Потоа гледаме дека помалите коалициони партнери ретерираа од тој став, ВМРО-ДПМНЕ изрази разбирање за ставот на помалите политички партии, го поддржа тоа и ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше да се договорат во владината коалиција, сè што тие ќе се договорат тие ние ќе прифатиме, изјави Мицкоски.

Вчера премиерот Зоран Заев најави намалување на прагот од два на еден процент или негово укинување.

И претседателот на државата, Стево Пендаровски, смета дека треба да биде помал прагот за независните кандидати.

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ нема да биде задоволна ниту со намален праг од 1%, бидејќи за кандидати за советници во Град Скопје ќе им бидат потребни 5.000 гласови, а за пратеник потребни се пет пати помалку. Тие бараат јавна дебата, а кога се во прашање изборните правила да не решаваат само поголемите политички партии, кои, според „Зелен хуман град“, носат одлуки во нивни интерес.

„Зелен хуман град“: За пратеник се потребни помалку потписи отколку за независни советници во Скопје

Изборен законик избори кандидати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.