Author: Ivana

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава, на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања кои го задираат секојдневието на граѓаните на двете земји. Петков, кој е прв странски државник, кој доаѓа во посета на Северна Македонија, по изборот на новата Влада, во интервју за МИА говори за тоа дали со себе ќе донесе некаков анекс на договор,…

Read More

Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Фокусот на новата влада, како што најави Ковачевски, е создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години. Тој во вчерашното експозе во Собранието најави удвојување на економскиот раст, и раст на БДП до 5 отсто. Главен предизвик во економијата, како што рече, и натаму останува соочувањето…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 7.564 тестови, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 785, Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78, Кичево – 47, Кавадарци – 44, Велес – 41, Струмица – 39, Гостивар и Охрид – по 38, Тетово – 37, Радовиш – 28, Штип – 27, Струга – 25, Гевгелија – 23, Кочани – 21, Неготино – 20, Ресен – 17, Крива Паланка, Валандово и Крушево – по 11, Свети Николе и Делчево – по 9, Берово – 7,…

Read More

Во насилството во Казахстан, што почна како мирни протести против зголемувањето на цените на енергијата, за неколку дена животот го загубија 225 лица, соопштија денеска казахстанските власти, што е драматично зголемување на жртвите во споредба со претходните официјални биланси. -За време на вонредната состојба, во мртовечница беа однесени телата на 225 лица, од кои 19 се припадници на полицијата и војската, рече денеска на прес-конференција Серик Шалабаев, човекот кој ја предводи кривична истрага во обвинителството. Останатите се тела на „вооружени разбојници, кои учествуваа во терористички напади“, рече Шалабаев. Казахстан претходно соопшти за помалку од 50 загинати, меѓу кои 26 биле…

Read More

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Европското првенство во Дебрецин, откако вечерва во второто коло од групата А загуби од Црна Гора со 28:24 (17:16). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа далеку под очекувањата и постојно резултатски заостануваа зад противникот, а во клучните моменти од натпреварот фантастичен беше и црногорскиот голман Небојша Симиќ, кој натпреварот го заврши со 13 одбрани. Македонскиот состав анемично го почна натпреварот, дозволувајќи му на противникот брзо да поведе со 4:0, а на средината од полувремето и да ја зголеми предноста на 9:4. Играта во одбраната и нападот почна да се стабилизира со влегувањето на…

Read More

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што е изречена казна за фирмата под назив “Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје” и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции. Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на…

Read More

Претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков даде изјава по повод 30-годишнината од признавањето на независноста на тогашна Република Македонија. Изјавата на премиерот е објавена на официјалната Фејсбук страница на Министерскиот совет. „Денес се навршуваат 30 години од признавањето на независноста на тогашна Република Македонија. На 15 јануари 1992 година владата на Филип Димитров прва го бранеше правото на нашите македонски пријатели да имаат своја држава. Така, Бугарија покажа дека сака да има вистински односи на добра волја и дијалог меѓу нашите две земји. Денеска имаме обврска да ја вратиме климата на разбирање меѓу нас. Затоа што заедно можеме…

Read More

Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања. Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре во 12 часот. Според пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, дискутабилно е прашањето дали станува збор за избор на нова влада, бидејќи, како што рече, изненадувачки е што целата гарнитура на стари ни нови активисти на СДСМ „пеат во еден глас“ дека ова е најдемократски чин по оставката…

Read More

САД и НАТО се подготвени да го продолжат реципрочниот дијалог со Москва, се наведува во соопштението на Стејт департментот, по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. „САД и НАТО е подготвени повторно да се сретнат со Русија и се посветени на продолжувањето на дипломатијата и реципрочниот дијалог“, се додава во писмената изјава на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс. Прајс изјави дека Блинкен и Столтенберг телефонски разговарале за натамошните чекори по состанокот на Советот НАТО-Русија на 12 јануари, пренесе денеска Тасс. Руското Министерство за надворешни работи на 17 декември 20221…

Read More

Косовскиот премиер Албин Курти, во говор на вонредната седница на Парламентот, осврнувајќи се на барањата на Србија да дозволи гласање за претстојниот референдум во Косово, рече дека уставот на земјата вели дека сите граѓани се еднакви пред законот. Тој им порача на Србите од Косово дека на референдумот може да гласаат преку пошта или преку Канцеларијата за врски. -Никој не го крши правото на глас. Едноставно, поради фактот што должноста на амбасада на Србија на Косово ја обавува Канцеларијата за врски во Притшина, референдумот може да се спроведе во оваа канцеларија, во склад со нашиот Устав, рече Курти. Тој наведе…

Read More

На интернет денеска се лиферуваше видео на кое талибанците ги навредуваат локалните уметници и ги палат нивните музички инструменти, јавува ДПА. Се верува дека настанот е снимен во округот Зазаи Арјуб, во провинцијата Пактика, во источен Авганистан, област претежно населена со Паштуни. На снимката се гледаат двајца музичари претепани од талибанците. Тие им ја кинеле облеката и ги навредувале, а случајните минувачи им се смееле и го снимале инцидентот. Како казна, тие, исто така, им ја потстрижале и косата. „Талибанските војници низ целата земја ја земаат правдата во свои раце“, напиша новинарот Билал Сарвари на Твитер. Ахмад Сармаст, основач на…

Read More

Координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми во својот говор на денешната собраниска седница за избор на Влада на Република Македонија истакна дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на владата и нејзината програма. Адеми ги истакна и преземените мерки и досега реализираните проекти кои ја оправдаа довербата дадена во Август 2020 година и дека пратениците на ДУИ целосно веруваат во професионалната компетентност на одредените кадри и на квалитетот на содржината на програмата надополнета со проекти и дополнителни стратегии. Во продолжение целосниот говор на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми:…

Read More