Author: Ivana

Петнаесет бразилски деца вчера ја примија вакцината против Ковид-19, неколку недели откако државниот здравствен регулатор издаде одобрение за вакцината „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години. На 16 декември, државниот здравствен регулатор издаде одобрение за употреба на вакцина за деца на возраст од пет до 11 години, развиени од Фајзер. Одлуката го налути бразилскиот претседател Жаир Болсонара, кој се противи на вакцинацијата на децата, велејќи дека нема да дозволи неговата 11-годишна ќерка да ја прими вакцината и предупреди на можни несакани ефекти. Наместо да ги следи упатствата на регулаторот, Министерството за здравство на Болсонаро постави онлајн анкета…

Read More

И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, во завршното обраќање на крајот од нејзиниот мандат, со кое им се заблагодари на граѓаните за дадената доверба да им служи во три наврати, како министерка за труд и социјална политика, вицепремиерка, а во последната година и половина и како министерка за образование и…

Read More

Бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев се` уште не одговорил на писмото што 13 американски конгресмени му го испратија во ноември минатата година, а со кое ја повикаа Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Една од потписничките на писмото, републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, во интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека бугарскиот амбасадор со игнорирање на писмото покажал непочитување на Конгресот на САД. „Не сме добиле директен одговор од амбасадорот, но слушнавме дека Бугарија нема да го почитува. Ќе продолжи да ги блокира Северна Македонија и Албанија…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 256 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, 19 санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возач почетник, 68 за непрописно паркирање.   Засилените акциски контроли продолжуваат и…

Read More

Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред пратениците во македонскиот парламент. Почетокот на седницата е закажан за 11 часот денеска, а за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмајку 61 пратеник. Собраниската седница трае најмногу два дена, а на крајот на вториот, односно утре пред полноќ треба да се одржи гласањето. Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од…

Read More

Цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час, но мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА. – Мислам дека беше залажување тоа во текот на празниците дека се стабилизирала берзата. Не. Значи, се намали потрошувачката, бидејќи индустријата не работеше, а таа е…

Read More

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот против Црна Гора го продолжува настапот на Европското првенство во Дебрецин. По стартниот пораз во четвртокот против Словенија (25:27), триумф против вториот балкански противник во групата А ќе биде неопходен за македонските ракометари да ги задржат шансите за пласман во следната фаза пред завршниот натпревар против светскиот првак Данска. Селекторот Кирил Лазаров истакна дека клучно за победа ќе биде неговите ракометари да го намалат бројот на технички грешки од првиот натпревар. – Во ниту еден случај не сакам да ја потценам Црна Гора. Напротив, имаат добри индивидуалци, дури можеби и подобри од нашата репрезентација, но…

Read More

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е повторно вратен во имиграциски притвор во Мелбурн каде ќе ја помине вечерта до конечната одлука за депортација или дозвола да игра на Австралија опен. Ѓоковиќ околу 15.30 по локално време со автомобил стигнал во подземната гаража во хотел Парк во истиот имиграциски хотел каде беше минатата недела. Тој нема да биде депортиран од Мелбурн додека не се заврши жалбата за укинување на визата и оти случајот сега е префрлен на Сојузниот суд на Австралија. Како што прецизираше судијата вчера на рочиштето, Ѓоковиќ ќе разговара со имиграциските власти, а дотогаш нема да биде во миграциски притвор.…

Read More

Најмалку девет лаборатории и компании во светот во моментов развиваат вакцини против ковид, кои се даваат во форма на спрејови за нос, наместо инјекции, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација. Покрај тоа што се помалку непријатни од боцкањето со игла, овие вакцини би можеле да бидат поефикасни од инјекциите во запирање на коронавирусот онаму каде прво влегува во телото, а со спречувањето вирусот да се размножува во нашиот нос и грло, назалните вакцини би можеле да бидат подобри во спречувањето на трансмисијата на вирусот од човек на човек, јавува Гласот на Америка. Ова е особено важно со оглед на…

Read More

Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во официјална посета на Скопје, Република Северна Македонија. Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин. Пеков требаше претходно да допатува во посета на Северна Македонија, но таа беше одложена откако нему, и на претседателот Румен Радев, им беше наложена задолжителна изолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Карантинот му беше укинат откако достави негативен ПЦР тест.

Read More

Од мојот прв ден на преземање на oваа функција до последниот, мојата работа се карактеризираше и се водеше според принципот на транспарентност и чесност, бидејќи верувам дека чесноста е најдобрата политика, наведува министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Овој период, како што посочува Шаќири преку соопштение од МИОА по повод неговиот последен ден како прв човек на ова Министерство, бил полн со предизвици и достигнувања. – Реформа на јавната администрација, Законот за висока раководна служба, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административните службеници, дигитализација на услугите, проектот „Една точка за услуги„, системот за интероперабилност, дигиталната идентификација,…

Read More

Најстудено утринава е во Берово, Маврови Анови, Битола, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, каде во 7 часот се измерени минус 6 степени целзиусови, а најтопло во Дојран со температура од 6 и Гевгелија од 8 степени. Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 37 сантиметри, а снежна покривка од 15 сантиметри има во Маврови Анови и од 11 сантиметри во Крушево. Утринава времето е ведро и со слаб ветер освен во Штипско и на Ѓуриште каде што дува умерен западен ветер. Појава на магла има во Дебар. Времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе…

Read More