Author: Ivana

Организацијата зад наградите „Греми“ денеска соопшти дека се одложува доделувањето на музичките награди закажано за 31 јануари поради  сојот Омикрон што се шири низ САД во изминатите недели. „Одржувањето на манифестацијата на 31 јануари едноставно содржи премногу ризици“, се вели во соопштението на американската Академија за дискографска уметност и наука (The National Academy of Recording Arts & Sciences, Inc). Во него се додава дека „наскоро“ ќе биде објавен нов датум за доделување наградите.

Read More

По рекордниот број заразени со ковид-19 во Албанија, премиерот Еди Рама упати јавен апел за вакцинација до сите што тоа до сега не го сториле. „Вакцинирајте се што побрзо. Имунизацијата не ве заштитува од зараза но болеста ќе ја минете полесно. Од тие што болнички се лекуваат дури 90 отсто не се вакцинирани, апелираше Рама. Во последното деноноќие во Албанија, според тамошното Министерството за здравство од направените 5.694 тестирања регистрирани се 1.236 нови случаи на заразени со ковид, починале четири, а оздравеле 329 лица. Активни на болеста се 7.952 случаи, а болнички се лекуваат 107 пациенти од нив 15 во…

Read More

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев изјави денеска дека апелирал до безбедносната алијанса поддржана од Москва за помош за справување со протестите низ државата. „Денеска упатив апел до шефовите на државите на ОДКС (Организација на Договорот за колективна безбедност) да му помогнат на Казахстан во надминувањето на оваа терористичка закана“, рече тој на државната телевизија. Токаев додаде дека „терористичките банди“ што ги водат протестите „добиле обемна обука во странство“, јавија западни медиуми. Останатите земји од тој Договор се – Русија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан и Ерменија. Засега Москва официјално тврди дека настаните се внатрешен проблем на властите во Нур-Султан и тие можат…

Read More

Бизнисменот Јордан Камчев попладнево го напушти затворот во Шутка каде што беше во притвор речиси една година осомничен за предметот „Плацеви на Водно“ во кој првоосомничен е бегалецот Никола Груевски и Сашо Мијалков, кој деновиве исто така излезе од притвор. Скопска алелација вчера ја прифати гаранцијата од речиси 11 милиони евра и го пушти обвинетиот Камчев да се брани од слобода. Новогодишните празници Камчев ги помина во неговата болница Систина каде беше хоспитализиран со дозвола на судијата кој го суди предметот бидејќи не бил во добра здравствена состојба, ТВ Клан вечерва објави дека Камчев од затворската ќелија во истражниот затвор…

Read More

Новиот бугарски премиер Кирил Петков во интервју за ТВ Блумберг ветува дека ќе го прекине дипломатскиот ќорсокак околу пристапните разговори на Северна Македонија со Европската унија што ги запира амбициите на земјава за ЕУ. Бугарија, наведува американскиот финансиски медиум, ги блокираше разговорите на Северна Македонија за приклучување кон 27-члениот блок поради историски и јазични тврдења, истовремено тврдејќи дека се кршат правата на бугарските државјани во земјата. Петков, 41-годишниот алумни на бизнис школата на Харвард, избран минатата година да се бори против корупцијата, вели дека сака да ја префрли дебатата од историските спорови за да се фокусира на инфраструктурата и економскиот…

Read More

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. – Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пацинети од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, велат од МЗ. Како што додаваат, кај тројца пацинети од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2.

Read More

Во минатата 2021 година има рекорден поврат на ДДВ во стопанството од 488 милиони евра и покачување од 22,8 отсто во споредба со претходната 2020 година, порача денеска лидерот на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски. -Споредено со 2016 година повратот на ДДВ е речиси удвоен кога изнесувал 280 милиони евра, напиша Ковачевски на својот фејсбук профил. Лидерот на СДСМ вчера порача дека имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година. -Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата во 2021 година е…

Read More

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, не може да го напушти аеродромот во Мелбурн додека не се разјаснат деталите за тоа како добил медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус. Србинот пристигна во Австралија околу полноќ по локално време и веќе три часа е во транзитната зона. „The Age“ пишува дека граничната служба на Австралија го испрашува Ѓоковиќ за оправданоста на медицинскиот исклучок. Нивниот извор во австралиската влада рече дека основата за медицинското отстранување на Ѓоковиќ е прележаниот ковид во последните шест месеци. Но, граничарите може да не го пуштат во државата согласно законот и неговиот настап на Австралија опен е…

Read More

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека ја презел функцијата претседател на Советот за безбедност од поранешниот лидер Нурсултан Назарбаев и вети дека ќе одговори „што е можно пожестоко“ на насилните протести. Во телевизиско обраќање, Токаев рече дека веднаш го презема водството во Советот за безбедност, улога во која Назарбаев продолжи да има значително влијание по неговата неочекувана оставка од претседателската функција во 2019 година. Претседателот на Казахстан вети дека ќе остане во главниот град без разлика на се, бидејќи според Уставот негова должност е да биде заедно со народот. „Без разлика на се, ќе останам во главниот град. Моја…

Read More

Партијата за движење на Турците – ТХП очекува новата Влада да го продолжи и зацврсти концептот на едно општество и да ја интензивира имплементацијата на Националната стратегија за едно општество и интеркултурализам, соопшти попладнево ТХП по средбата на претседателот на партијата Енес Ибрахим со претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада Димитар Ковачевски. На средбата Ибрахим и партискиот генерален секретар Илхан Рахман упатиле честитки за новата функција на Ковачевски и на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, посакувајќи им успех. Од ТХП очекуваат дека новата влада ќе најде соодветен изборен модел којшто ќе овозможи правично и фер…

Read More

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Скопје – Единица за недозволeна трговија со дрога и оружје го лишија од слобода С.В(42) од Скопје. Имено, врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје беше извршен претрес во домот на С.В., при што биле пронајдени 13 полиетиленски пакувања со бела грутчеста материја, ќеса со три поголеми пакувања со бела грутчеста материја, едно пакување со поголема грутка бела материја за кои постојат основи на сомневање дека е синтетичка дрога амфетамин, три дигитални…

Read More

Разговорите и консултациите околу новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник очекуваме да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за телевизија Канал 5. „Во моментов претседателот и генералниот секретар имаат интензивни разговори со коалиционите партнери кои одат во позитивна насока. Сепак станува збор за одредени стратешки цели кои треба да се реализираат во рамките на новиот владин кабинет. Фокусот ќе биде економијата, подобрување на животниот стандард на…

Read More