Author: Ivana

На територијата на Србија е потврден првиот случај на грип во сезоната 2021/2022, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Во соопштението се прецизира дека Батут на 15 декември во попладневните часови добил потврда од Националната референтна лабораторија за грип и други респираторни вируси на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, за првиот случај на инфекција со вирусот на грип от типот А (Х3) во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Батут посочува дека, како и во повеќето претходни сезони на надзор на грипот, лабораториската потврда на вирусот во овој период од годината…

Read More

Окружното обвинителство на Софија осуди 34-годишен маж поради говор на омраза упатен кон „македонската народност и етничка припадност кон македонскиот народ“ објавувајќи и фотографија од запалениот автобус на автопатот Струма, во група на социјалните мрежи, соопштија од бугарското обвинителство. – На 23.11.2021 година околу 11.00 часот во канцеларија во Софија, пријавениот С.Б. ширел омраза кон македонската националност и етничка припадност на македонскиот етнос преку објава во група на социјална мрежа. Кон текстот на објавата обвинетиот додал фотографија од запалениот автобус од трагичната несреќа на автопатот Струма, соопшти обвинителството. Оттаму наведуваат дека за предметот е поведена предистражна постапка за кривично дело…

Read More

На британските туристи ќе им биде забранет влез во Франција поради загриженоста за зголемувањето на случаите поврзани со сојот Омикрон во Велика Британија, јави „Скај њуз“. Франција од сабота наутро ќе ја спушти рампата за патувања кон и од Велика Британија, освен во случај на „посебни причини“. Париз изјави дека „посебните причини“ не ги вклучуваат туристичките и деловните патувања. Француските граѓани и членовите на нивните семејства се изземени од новите правила. Ќе има „обврска за сите патници од Велика Британија да се регистрираат, пред нивното патување, на дигитална платформа што ќе им овозможи да ја внесат адресата на нивниот престој…

Read More

Голем дел од светските резерви на нафта и гас се под закана од зголемени плими, бури, поплави и екстремни температури предизвикани од климатските промени, објави денеска консултантската компанија за анализа на ризик Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft). Временските услови би можеле да влијаат на вадење на околу 600 милијарди барели нафтен еквивалент, што е 40 отсто од светските резерви на нафта и гас, а меѓу најзагрозените се најголемите производители на „црното злато“ – Саудиска Арабија, Ирак и Нигерија, наведува компанијата со седиште во Велика Британија. Климатските промени ја погодија нафтената индустрија оваа година, кога екстремно студено време го погоди главниот американски…

Read More

Премиерот Зоран Заев попладнево ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврија за МИА од Владата. Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада. Се очекува на средбата да биде разговарано околу актуелните политички случувања, односно за новиот мандатар кој треба да ја презеде Владата на Заев, за разговорите со помалите коалициони партнери за очекуваните кадровски рокади во новата Влада, како и за датумот за почнување…

Read More

Сообраќајни полицајци успеале да откријат и запленат над 26 илјади парчиња пиротехника утринава на наплатна станица за патарина кај тетовско Желино. Пиротехниката била најдена кај 53 годишен жител на Скопје, кој е приведен. – Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово денеска (16 декември) околу 7 часот, при планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, на наплатна станица Желино, го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје. При преглед на возилото што го управувал „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопска фирма, во возилото биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и…

Read More

Граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ синоќа во Спомен–куќата на Мајка Тереза свечено ќе ги додели годинашниве Посланија за хуманост и статуетки со ликот на Мајка Тереза. Овогодишни добитници на признанијата се ГОБ „8 Септември“ – Скопје, Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Вакциналниот ковид – пункт на Поликлиниката „Букурешт”, Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас”; ПЗУ Ординација по семејна и општа медицина во Општина Гази Баба и Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик „ЦСИ ЛИНК“. Катерина Дамевска лекарка во ПЗУ Ординација по семејна и општа медицина во Општина Гази…

Read More

Од 2015 година, бројот на затвореници во Данска се зголеми за 19 проценти, на повеќе од 4 000 луѓе на почетокот на 2021 година, што претставува стапка на пополнетост над 100 проценти. Во истиот период, бројот на чувари се намали за 18 отсто во земја со 5,8 милиони жители, позната по отворените затвори резервирани за осуденици кои отслужуваат казни помали од пет години Данска ќе изнајми затворски ќелии во Косово, каде ќе испрати 300 затвореници, соопшти данската Влада, презентирајќи нов план за запирање на пренатрупаноста во затворите. Проектот предвидува да се изнајмат 300 затворски места во Косово за да можат…

Read More

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која денеска во Министерството за внатрешни работи ќе му предаде донација од возила на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Опремата е наменета за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заеднички проект на ОБСЕ и МВР, насловен „Обезбедување поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје”, соопшти Министерството за вматрешни работи.

Read More

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 150 мерки. За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 30 санкции, 17 казни се за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила. – Изречени се 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за користење мобилен телефон, 43 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила…

Read More

Мобилна единица на Националната организација за јавно здравје на Грција и покрај силниот ветер стигнала на малиот, оддалечен грчки остров Кинарос за да ја вакцинира единствената жителка на островот, 76- годишната Ирини Кацотурхи,  јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на соседниот остров Аморгос, Лефтерис Карајску за грчката телевизија ЕРТ откри дека „госпоѓа Рињо“, како што во Грција ја нарекуваат Кацотурхи, пред една седмица изразила желба да се вакцинира. -Отидовме со поштата, која островот го посетува на 15 дена. Имаше силен ветер, пет – шест бофор, отидовме со докторот и медицинската сестра и ја вакциниравме. Сѐ помина во ред. Мислам…

Read More

Претседателот Илир Мета вечерва објави дека го потпишал договорот со Северна Македонија за заеднички контроли на граничните премини. -Програмата за соработка Северна Македонија-Албанија, чија главна цел е да придонесе во социо-економскиот развој на меѓуграничните области, како и да ја зголеми соработката меѓу двете пријателски земји го оценувам како реална подршка за потребите на двете земји, наведува Мета во образложението. Договорот кој на 25 ноември го ратификува албанскиот парламент, како што тогаш рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи предвидува на сите гранични премини  на албанско – македонската граница ќе има само по еден контролен шалтер. -Договорот се заснова на модели што…

Read More