Author: Ivana
Бројот на жртвите од серијата катастрофални торнада во американската сојузна држава Кентаки се искачи на 74, а најмалку 14 лица ги загубија животите во уште четири држави – Илиноис, Арканзас, Мисури и Тенеси. Меѓу жртвите во Кентаки има шест деца. Речиси 110 лица се водат како исчезнати. Спасувачките тимови се уште ги пребаруваат урнатините во областите во шест држави каде што во петокот имаше налет на серија торнада. Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар предупреди дека конечниот биланс на загинати може да биде поголем. Тој рече дека жртвите биле на возраст од пет месеци до 86 години. Илјадници луѓе се без…
Пратениците денеска во рамки на 54. седница четврти ден ќе расправаат по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање. Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП, а капиталните инвестиции ќе изнесуваат 38,2 милијарди денари. На 4 декември, Владата го усвои дополнетиот Предлог буџет за 2022 година. Прифатени се 23 амандмани во вкупен износ од околу 382 милиони денари. Дполнително, на предлог…
Показна вежба со презентација на ризиците од употреба на пиротехничките средства ќе се одржи денеска на плоштадот Македонија во Скопје, во организација на СВР Скопје-Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје. Настанот е во рамки на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, која, како што е најавено, има за цел да влијае на свеста на граѓаните да не ги употребуваат овие средства. На настанот, ќе учествуват и претставници од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, како и учениците од Средното училиште за ликовна уметност „Лазар Личеновски“ со ликовни творби на тема: Петардите не се играчки, стоп…
Коморска соработка за развој на социо-економските односи помеѓу Турција, Северна Македонија и Косово
Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO) денеска во Скопје ќе биде домаќин на претставници од Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово. Целта на настанот е да придонесе за развој на социо-економските односи помеѓу Република Турција, Република Северна Македонија и Република Косово, а ќе се потпише протокол за соработка на Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO), Стопанската комора на Македонија – Турција (КТТО) и Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово. Според најавата од МАТТО, на настанот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за…
Патниот правец Маврово – Дебар кај село Косоврасти изутрина од 06:30 часот сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила. Патот беше затворен за сообраќај во двата правци од ноќеска во 02.15 часот поради свлечиште на земја. -Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.…
Минус седум степени се измерени изутрина на Попова Шапка каде има и највисока снежна покривка од 75 степени. Во Маврови Анови се регистрирани -4 степени, -3 во Крушево, -1 во Прилеп, Берово, Дебар и Виница, 0 во Тетово, Струмица, Битола, Охрид и Претор, 1 во Штип, Куманово и Крива Паланка, а два во Скопје, Дојран, Демир Капија, 4 Гевгелија. Во Маврови Анови има 43 сантиметри снег, 24 во Пожаране, 18 Крушево и Виница, 10 во Берово, седум во Тетово, шест во Крива Паланка, три во Струмица и Претор, два во Ѓуриште, еден сантиметар Прилеп. Според УХМР, времето денеска ќе биде…
Министрите за европски прашања се состануваат денеска во рамки на декемврискиот Совет за општи работи на ЕУ на кој Северна Македонија се надева да го добие ветеното отпочнување на преговорите, но шансите се многу слаби, јавува дописничката на МИА од Брисел. Повеќе од година и половина откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за изготвување на преговарачката рамка со Северна Македонија и Албанија и одржување на првите меѓувладини конференции со што се означува формално стартот на преговорите со ЕУ, Скопје и Тирана ниту денеска не се надеваат на деблокирање на ситуацијата поради ветото на Бугарија. Како што изјавија за МИА…
Во претходното деноноќие беа регистрирани 82 случаи од направени 1211 тестирања или 6,7 отсто, што е значителен пад на новозаразени од Ковид-19 во однос на претходните денови. Според податоците на Институтот за јавно здравје за период од 29 ноември до 5 декември, процентот на позитивност се движел од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.Регистрирани беа осум починати и 265 оздравени пациенти. Од новозаразените, најмногу се од Скопје – 61, следи Кавадарци – 9, па Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1. Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани…
Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или воз. -Мораме да балансираме кога носиме такви одлуки, бидејќи треба да го почитуваме мислењето на народот, рече Володин. Неколкуте бранови од епидемијата на коронавикрусот силно ја погодија Русија, бидејќи процентот на вакцинирани е сè уште низок, а луѓето малку ги почитуваат препораките и ограничувањата. Помалку…
Со 134 гласа „за“ денеска 47. Народно собрание на Бугарија ја избра владата на премиерот Кирил Петков, јави дописникот на МИА од Софија. Пратениците од ГЕРБ-СДС, Движењето за права и слободи и „Преродба“ гласаа „против“ новата бугарска Влада. Народното собрание на Бугарија во три последователни гласања го одобри Кирил Петков за премиер, ја усвои структурата и составот на Советот на министри. Во сите три гласања „за“ гласаа 134 од вкупно 238 пратеници. Дебатата траеше три часа. Премиерот Кирил Петков и новите министри положија заклетва, по што се слушаа химните на Бугарија и ЕУ. По изборот на владата во Народното собрание…
Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска се сретна со престолонаследникот на Абу Даби Мухамед бин Зајед ал Нахјан, како дел од првата официјална посета на израелски лидер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од воспоставувањето на официјалните односи меѓу двете земји минатата година. „Историски состанок: Премиерот Бенет се состана со принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан“, се наведува во соопштение од кабинетот на израелскиот премиер во врска со средбата со престолонаследникот и де факто владател на Емиратите. Во соопштението уште се посочува дека на средбата се разговарало за „прашања за унапредување на односите во економски и регионални наслови кои…
Црногорската опозиција, денеска, непосредно пред почетокот на парламентарната седница, го повлече барањето за недоверба на црногорската Влада, иако претходно тврдеше дека ќе има доволно гласови за соборување на владата на премиерот Здравко Кривокапиќ. Причина за повлекувањето е иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на актуелното собрание, за напролет да се одржат предвремени парламентарни избори. Демократскиот фронт е составен дел од актуелното владејачко мнозинство, но од почетокот се спротивстави на експертската влада на Здравко Кривокапиќ, тврдејќи дека во неа требало да бидат вклучени политичари од тој политички сојуз, а…