Author: Ivana
Буџетот што го предлагаме покрај конкретноста изразена во бројки, е и приказ на нашите залагања за дефинираните цели и принципи по кои ќе се водиме. Секој вложен денар на граѓаните мора да биде оправдано вложен таму каде што дава најголем ефект. Тоа е буџет со поголема „вредност на вложените пари“, и за тоа ќе има отчетност, а за таа цел се воведуваат петгодишни индикатори за мерење на успешноста на политиките. Исто така, овој буџет е кроен според „златното правило“ во јавните финансии, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи, што значи задолжување исклучиво за капитални расходи кои достигнуваат највисоко…
Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска во Клубот на пратениците ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива. Одлуката за влегување на Алтернатива во владината коалиција беше донесена синоќа во Тетово на седница на Цантралниот совет, највисокото тело на партијата. Партискиот лидер Африм Гаши на седницата информирал за текот на досегашните преговори со Заев и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски. Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партискиот…
Најмалку 13 лица загинаа во ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава, додека десет лица кои биле заробени се успешно евакуирани, соопшти државната агенција за вонредни состојби (БНПБ). Семеру вчера исфрли големи количества гас, пареа и пепел, кои ги зафатија околните села во провинцијата Источна Јава и ги принудија луѓето панично да бегаат. Претставникот на БНПБ, Абдул Мухари соопшти дека загинале 13 лица од кои само двајца досега се идентификувани. Повредени се 98 лица, меѓу кои и две трудници, додека вкупно 902 се евакуирани. БНПБ додаде дека најмалку 35 лица се хоспитализирани, а заменик-претседателот на областа Лумајанг рече дека 41 лице се здобиле со изгореници. ј
Партијата Алтернатива ќе се приклучи на актуелното парламентарното мнозинство и Владата, соопшти по состанокот на Централниот совет на партијата Oрхан Муртезани, портпаролот на партијата „Алтернатива“. – Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ, истакна Муртезани. Тој потенцираше дека како партија бараат меѓународна истрага за случаите Монструм, Алфа, Диво Насење. – Се одлучивме на ваков чекор поради влезот во НАТО, решавање на спорот…
За одлуката дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива ќе биде дел од Владата почна да се дискутира вечерва од 18 часот на седница на Централниот совет, највисокото партиско тело. Седницата се одржува во седиштето на партијата во Тетово. – Да видиме како ќе тече состанокот. Ќе видиме за ресорите, денеска ќе разговараме, комплетно за програмските определби и за кадровските решенија, рече Африм Гаши кога пристигна на седницата во Тетово. На состанокот на Централниот совет на Алтернатива му претходеа три средби на Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива…
Пет мртви тела, помеѓу кои и три деца се пронајдени во близина на Берлин, кај местото Сензинг, пренесуваат германските медиуми. Според информациите од портпаролот на тамошната полиција, денеска претпладне, во куќа, биле пронајдени пет тела, откако добиле дојава. Постојат сомнежи дека станува збор за убиство. Во тек е голема истрага на полицијата, со цел да се дознаат повеќе детали за случајот. – На телата видливи се прострелни и убодни рани, вели Гено Бантлеон, државен обвинител во разговор за германски Билд.
„Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“, рече Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија. Вака Лулзим Сулејмани го започна разговорот со екипата на ТВ21 при нивната посета во Прешево. Тој е херојот кој од пламените јазици на автобусот ги извлекува малкумината спасени патници. Понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница. – Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и…
Почит за „не лесниот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Северна Македонија“, изрази папата Франциск во неговото обраќање за време на свеченоста во претседателската палата во Атина, во присуство на претставници на грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина. Папата, ги спомена актуелните предизвици, климата, пандемијата, заедничкиот пазар и, пред сè, широко распространетоста на сиромаштија, направи паралела со Одисеј од епот на Хомер, истакнувајќи дека се „предизвици кои бараат од нас конкретно и активно да соработуваме“. -Тоа ѝ е потребно на меѓународната заедница, за да отвори патишта за мир преку мултилатерализам, кој нема…
Масовни протести во Белград и во над 50 населени места ширум Србија на повик на иницијативата „Започни со промени“ денеска се одржаа повеќечасовни масовни протести со блокади на повеќе патни магистрали. Со протестите беше блокирана Ибарска магистрала, со учество на повеќе илјади граѓани, на кои беа забележани неколку инциденти. Масовните протести се организирани поради повлекувањето на Законот за експропријација и измените на Законот за референдум и народна иницијатива. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој беше на средба со граѓаните во околината на Лозница, изјави дека нема да го укине Законот за референдум, наведувајќи дека Србија нема да ја водат оние кои…
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е избран за претседател на новиот состав на Советот за развој на Југозападниот плански регион на првата конститутивна седница. Очекувам континуитет во регионалниот развој, и поголема поддршка во реализацијата на проекти што ќе придонесат за намалувањето на диспаритетите меѓу регионите во државата, како и во нивните рамки, рече тој. Од околу 126 милиони денари, средства што се планирани да се реализираат во следната година преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, се очекува околу 115 милиони да бидат пласирани во деветте општини, со цел да се подобрат условите за живот. Поголемиот дел од средствата…
Кумановската полиција поднесе три кривични пријави против тројца кумановци кои не ја почитувале забраната за движење, соопштија денеска од МВР. Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија. – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 15-ти мај годинава на улицата „Доне Божинов“, тој бил затекнат без да има дозвола за движење за време…
Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини на премиерот Зоран Заев, по изјавата во која кажа дека нудел пари на пратеничка за да ја придобие при формирање на парламентарно мнозинство. Таравари тврди дека ја зборувал вистината и оти обајцата знаат што се случило, напомена во одговорот на новинарско прашање, денеска во Гостивар. – Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во…