Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерката за образование и наука Мила Царовска на симпозиум во Краков, Полска, посветен на антисемитизмот, во организација на Европската еврејска асоцијација, истакна дека секоја генерација треба да се насочува кон стекнување вистински етички, морални и човечки вредности и кон препознавање на негативните општествени појави како дискриминација, омраза и нетолеранција, за да не дојде до нови сериозни катастрофи слични на холокаустот. -За тоа е потребно развивање на индивидуалната и колективната свест во секое општество, а ние, политичарите и државниците, можеме многу да придонесеме кон постигнувањето на оваа цел. Трауматичните случувања и злосторства од минатото треба да ни бидат поука во сегашноста…
Европскиот центар за политика (ЕПЦ), еден од највлијателните тинк-тенкови во Брисел, изразува загриженост поради слабата посветеност на ЕУ кон проширувањето и ризичните последици, јави дописничката на МИА од Брисел. Европскиот центар за политика коментира дека иднината на политиката на проширување на ЕУ оди во неизвесна насока, додека ветувањата кон Западниот Балкан звучат празно. Јазот помеѓу реториката за поддршка на проширувањето и конкретните дела е во срцето на критиката на тинк-тенкот, еден месец откако Европската комисија ги објави извештаите за реформскиот напредок на земјите од регионот. Се потсетува и на долгите дебати помеѓу земјите членки на Унијата пред Самитот ЕУ-Западен Балкан…
За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо, а народот да страда, напиша премиерот во оставка Зоран Заев на својот фејсбук профил. – Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка.…
Уште едно куче од прифатилиштето на „Лајка“ отпатува за Велика Британија и беше вдомено. – Својата радост не можеа да ја скријат и топло ја споделија со нас. Секојдневно ни испраќаат многу фотографии и видеа од заедничките авантури со нивниот нов член во семејството. Џош ги освои нивните срца уште од првиот момент, а ние сме пресреќни што веќе ја чувствува удобноста, топлината и љубовта на својот нов дом, стои во соопштението од „Лајка“.
Изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите се покажува како правилен избор, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа, изјави портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во земјава, но и за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за употребата на името Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. – Владата нема да се вмеша во внатрешните работи што во моментов се во тек во Северна Македонија. Како и да е, може да се сфати дека нашиот избор да не…
Цените на угостителските услуги во октомври се зголемени за 0,4 проценти во споредба со септември, а за 0,8 проценти во однос со октомври лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на цените на угостителските услуги во однос на септември имало кај храната за 0,5 проценти, алкохолните пијалоци за 0,3 проценти, безалкохолните пијалоци за 0,6 проценти и кај ноќевањата за 0,1 процент. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 проценти, додека во однос на декември 2020 година бележи зголемување од…
Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани. Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 проценти, кај маслото и маснотиите за 2,3 проценти, кај лебот и житата за 1,8 проценти, кај месото за 1,7 проценти, кај прехранбените производи, неспоменати на…
Во четвртокот, петокот и во текот на викендот аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 ноември вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот…
Триесет и осумгодишен државјанин на Република Албанија е приведен вчеравечер на локален пат во селото Оровник во општина Дебрца, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Албанија во нашата држава, соопшти МВР. – На 7 ноември 2021 во 20 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е лишен од слобода М.П.(38), државјанин на Република Албанија, со што е пресечен…
Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“. Пред посетата на Скопје, Панов кој е првиот кандидат за претседател на Бугарија, кој ќе ја посети земјава, во изјава за дописникот на МИА од Софија, рече дека во последните години неможноста да се постигнат компромиси кои се од заеднички интерес ги ставија односите меѓу Бугарија и Северна Македонија во…
Од утринава РЕК Битола не произведува електрична енергија. Двата блока на РЕК Битола се во прекин и во моментов најголемиот енергетски капацитет не произведува струја. Од ЕСМ информираат дека поради дефект од синоќа е исклучен Блок 1 од РЕК Битола. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде повторно приклучен на електроенергетската мрежа. – Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот…
На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49, информира Министерството за внатрешни работи. Од вккупниот број на мерки, изречени се 13 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возење без возачка дозвола.Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.