Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕПЦ: Поразот на Заев на изборите ги покажа ризиците од „млаката посветеност“ на ЕУ

0
By Ivana on November 8, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 8, 2021 15:10

Европскиот центар за политика (ЕПЦ), еден од највлијателните тинк-тенкови во Брисел, изразува загриженост поради слабата посветеност на ЕУ кон проширувањето и ризичните последици, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европскиот центар за политика коментира дека иднината на политиката на проширување на ЕУ оди во неизвесна насока, додека ветувањата кон Западниот Балкан звучат празно.

Јазот помеѓу реториката за поддршка на проширувањето и конкретните дела е во срцето на критиката на тинк-тенкот, еден месец откако Европската комисија ги објави извештаите за реформскиот напредок на земјите од регионот.

Се потсетува и на долгите дебати помеѓу земјите членки на Унијата пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ, кога се водеше „битка“ дали во Завршната декларација да се појави воопшто зборот проширување.

Конечно зборот проширување беше вклучен во Декларацијата, но со услов дека Унијата мора претходно да го развие својот капацитет за интеграција на нови земји членки.

– Тоа што лидерите на ЕУ заглавија на семантика, обележува ново ниско паѓање за една политика која инаку се опишува како кредибилна и стратешка. Но, ова не е големо изненадување, пишува Центарот, кој повторно се навраќа на ветувањето на ЕУ дадено во 2003 во Солун и потсетува на разните блокади на проширувањето, како од Холандија и Франција, така неодамна и од Бугарија.

Кризата во Северна Македонија по локалните избори се коментира и како делумна вина на ЕУ.

– Новата политичка криза која тлее во Северна Македонија по оставката на премиерот Зоран Заев и по огромната победа на конзервативната опозиција во октомври 2021 ги изложува инхерентните ризици на млаката посветеност на ЕУ кон процесот. Отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, кои ги исполнуваат условите, вели ЕУ, е клучно за кредибилитетот на ЕУ, но исполнувањето на сите ветувања треба да стане навика во Унијата и не само за овие две земји, оценува ЕПЦ.

Тинк-тенкот потсетува дека во последните 15 години и покрај сите напори на Европската комисија да ја подобри својата политика на проширување за да добие подобри резултати во реформите, процесот не вродува со плод, судството не е на ниво, корупцијата, медиумските слободи и организираниот криминал и натаму се трн во око вклучително и во земјите кои веќе преговараат за членство, како Србија и Црна Гора.

На економски и социјален план резултатите не се ништо подобри, нагласува ЕПЦ, а пандемијата само дополнително ја влоши состојбата.

– Со време Комисијата стана експерт во претворање на политички прашања во технички одредници и засега тоа успеа да го задржи процесот, но нејзината кутија на алатки и трикови има граници кога станува збор за демократија и градење нација или помирување во поствоени и мултиетнички општества и билатерални спорови, пишува тинк-тенкот.

Колку повеќе овие прашања заземаат простор и го условуваат напредокот на земјите, толку повеќе недостигаат и одговори.

– Јасно е дека реформите не се само прашање на барање од ЕУ, туку зависи и од политичка волја и имплементација на Западниот Балкан. И двете сѐ уште недостасуваат во повеќето земји, вели Центарот, алудирајќи на некои од автократските влади во регионот.

Без политичка решителност ниту еден технички процес не е доволен, стои во објавата на ЕПЦ, кој ги повикува земјите членки да се одлучат каква иднина сакаат за политиката на проширување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.