Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски Во август оваа година, како што соопшти, имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. – Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи иницирал итна процедура за формирање работна група која треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана која е поврзана со предметниот случај, со приведениот македонски дипломат Ова е еден од чекорите, што тој ги презел во врска со случајот, а за кои информираше преку Фејсбук статус. Во статусот ги наведува, како што вели, итните мерки што досега ги презел во врска со овој случај Како прво, вели Османи, согласно законските можности, на…
По задолжителната вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во администрацијата, полицијата, вработените во аптеките и лабораторите – Напливот на новозаболени, главно со Делта сојот, посебно кај помладата популација, услови проширување на опсегот на задолжителна вакцинација на групите кои се најзагрозени од ширењето на инфекцијата. Најпрво тоа го направивме за медицинскиот персонал, универзитеските работници и студенти а сега ги опфаќаме и вработените во админстрацијата, полицијата, фармацевтските работници и лаборантите, изјави Еугена Томини, заменик министерка за здравство. Додаде дека очекуваат во текот на овој месец, кој е отворен месец за вакцинација, оваа категорија…
По една година пауза поради Ковид пандемијата, Крушево повторно е домаќин на меѓународен натпревар „Озон Крушево опен”. Натпреварот на кој учествуваат над 50 учесници од цела Европа, Јужна Африка, Кина, стартуваше вчера и ќе трае до 10 септември. Според директорот на „Озон Крушево опен”, Баки Шакировски, повеќе е параглајдинг настан, отколку натпревар. – Станува збор за настан кој што е составен од летање, учење, а сето тоа да биде безбедно и забавно. Подржувач е Ozone Paragliders, компанија која што во изминативе години е број еден компанија во светот на параглајдингот, вели Шакировски. Минатогодишниот натпревар „Озон Крушево опен”, за жал беше…
Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа деветтото издание на Авицена Женската трка. Како низ годините, така и денес, учесничките успеаа да го исполнат Градски Парк и Град Скопје со спортски дух и позитива. Трката се трчаше според протоколот и препораките одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство Трката со години е инспирација за жените од сите возрасти, – за започнување со трчање, тренирање и практикување на здравите навики. Секојдневното брзо живеење не нуди многу слободно време, но учесничките докажаа дека со добра организација и со желба може да се практикува…
Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан, сакаат Германија да воспостави дипломатски односи со нив и да им помогне. Ова за весникот „Велт ам Зонтаг“ го изјави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид, јави ДПА – Сакаме силни и формални дипломатски односи со Германија“, рече тој. Талибанците исто така би сакале да добијат финансиска поддршка и хуманитарна помош од Германија, како и други земји, за да соработуваат во здравството, земјоделството и образованието. Во минатото, Германците секогаш биле добредојдени во Авганистан. За жал, тогаш тие им се придружија на Американците. Но, сега им е простено, рече Муџахид. Германскиот министер за надворешни…
Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров Ги повика граѓаните да соработуваат за да се добијат релевантни податоци и да не подлегнуваат на иницијативите кои повикуваат да не им се отвара врата на попишувачите. Повтори дека попишувањето е безбедно во однос на ширењето на вирусот и нагласи дека попишувачите имаат соодветни легитимации со кои мора да се излегитимираат. – После 20 години го дочекавме денот…
Државната изборна комисија известува дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година Заклучно со вчерашниот ден (04.09. 2021) вкупно 12128 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список. Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 42 барања
Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје, Министерството за земјоделство е секогаш отворено за сите проблеми на лозарите, им рече денеска министерот Арјанит Хоџа, на производители на грозје кои излегоа на протест во Неготино – Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени да дојдете да разговараме. Но, еве сме тука, го имате целото наше внимание. Слободно кажете кои се проблемите. Ние како и секогаш, стоиме на располагање за решавање на сите проблеми на земјоделците, па и на лозарите, рече министерот, одговарајќи им на присутните лозари на нивните прашања. Тој рече дека дошле да…
Во манастирот Цетиње заврши церемонијата на устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј што почна со задоцнување поради протести на противници кои од вчера ги блокираа сите три приоди кон Цетиње. Немирите избија во раните утрински часови, а митрополитот и патријархот Порфириј дојдоа на Цетиње со хеликоптер, каде беа по голема полициска придружба. Митрополитот Јоаникиј и патријархот на СПЦ Порфириј пристигнаа во Цетиње по девет часот. Црногорскиот претседател Мило Ѓунаковиќ, кој ги поддржува демонстрантите, од синоќа е во Цетиње. Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ смета дека се што се случи вчера и денеска во Цетиње е обид за терористички акции. – Напад врз…
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ објави дека е уапсен Веселин Вељовиќ, советник на претседателот на државата поради немирите во Цетиње. Според РТЦГ уапсени се и други пет лица – Ја известувам јавноста дека брзата полициска акција, која ја наредив, само што стави лисици на Веселин Вељовиќ, објави Кривокапиќ на Твитер. Вицепремиерот Дритан Абазовиќ објави видео на Твитер и напиша дека се гледа како Веселин Вељовиќ и група пратеници на ДПС го започнале нападот врз полицијата утрово. Pogledajte kako je Veselin Veljović, savjetnik Predsjednika države i grupa poslanika DPS započela jutros napad na @PolicijaCG . Sad je valjda svima sve…
Не очекувам дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот, но ситуацијата претходно не беше таква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со денешниот почеток на пописот, но и можноста наративот дека станува збор за пребројување на Македонци и Албанци да ја поткопа операцијата – Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што…