Author: Ivana

Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на др Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор. Тимовите на др Сотир Ставридис и др Александар Трајановски  после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28 годишнен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22 годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови. Инаку се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број…

Read More

Климатските промени треба да се ублажат во земјава. За тоа зошто земјава генерира толку отпад, за стратегијата како да се намали отпадот, што значи глобалната транзиција кон циркуларната економија разговаравме со Давор Пехчевски, проектен координатор во Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Токму тие во партнерство со организации од Црна Гора, Босна, Албанија, Србија и со поддршка на Хрватските организации проектот „GEAR – Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европската Унија, во последните три години активно работеа на овие теми со институции и граѓански организации. Нова ТВ: Има ли точни податоци за количината на отпад…

Read More

Со цел  унапредување на капацитетите на општините и граѓанските организации за во иднина да имплементираат проекти за развој на зеленото претприемништво и зелената економија, Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ во последните три години го спроведе проектот „GEAR – Зелена економија за развој на регионот“. Според извршната директорка на „Еко-свест“, Ана Чоловиќ-Лешоска, во рамки на проектот соработувале со општините, додека пак општина Центар била соработник на проектот. – Голем број на организации не само што беа вклучени во активностите туку беа и подгрантисти, тоа значи дека тие добија можност да имплементираат проекти во делот Зелената економија во…

Read More

Доктор Патрик Матх, сериозно и во вистинска смисла на зборот ја разбрал и ја применува Хипократовата заклетва кога е во прашање медицината и односот кон пациентите. Се обврзал од почетокот, и од тоа не отстапува сеуште, дека својот живот го става во служба на хуманоста и својата професија ја извршува совесно и достоинствено Најголема грижа му е здравјето на неговиот пациент, и апсолутно ги почитува пациентите и своите колеги. Во еден момент од разговорот за ТВ Нова, сосема искрено ќе рече дека медицината бара големи одрекнувања од многу животни задоволства, па дури понекогаш треба и фамилијата да ја ставите во…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре во Скопје ќе биде домаќин на својот грчки колега Никос Дендиас, кој доаѓа во официјална посета на Северна Македонија Како што соопшти МНР, во делот на билатералната соработка, фокусот на разговорите се очекува да биде ставен на интензивната динамика во средбите на највисоко ниво, унапредувањето на билатералната соработка и договорната состојба, што уследи по потпишувањето на договорот од Преспа. Ќе се разговара и за спроведените активности согласно договорот, како од страна на Северна Македонија така и од страна на Грција. Во контекст на билатералните односи, двајцата министри ќе разговараат за напредокот во развојот…

Read More

Од Министерството за образование тврдат дека училиштата се целосно подготвени за прием на учениците со физичко присуство и дека нема ниту одложување на почетокот на учебната година, ниту менување на моделот. Првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделковски, во изјавата за Нова ТВ изјави дека „синдикатот целосно ја поддржува наставата со физичко присуство, бидејќи, како што вели, треба целосно да и се верува на Комисијата за заразни болести.Проф.Др.Пановски сугерира преполовување на паралелките бидејќи ирелевантно е ако се премине кон комбиниран модел, а во една паралелка има и по 34 ученици За разлика од лани, годинава стартот на…

Read More

Пред почетокот на новата учебна година, земјите во регионот Србија, Хрватска и Бугарија, а меѓу нив и нашата земја ги соопштија одлуките наставата за учениците да се одвива со физичко присуство под јасно утврдени здравствени протоколи, за разлика од минатата година, кога во повеќето држави имаше целосно затворање на училиштата -Надлежните се согласни дека за здравјето на учениците е приоритет, но за епидемиолошката состојба да биде стабилна и наставата да се одржува непречено до крајот на учебната година, неопходно е што поголем дел од населението да се вакцинира, пред сè родителите и просветните работници, сопштуваат од Министерството за здравство.  Како…

Read More

Членството во НАТО е круна на нашата 30-годишна независност, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на конференцијата во Охрид посветена на агендата НАТО 2030 и 30-годишнината од независноста Шекеринска се наврати на скептичноста во некои кругови кога пред 30 години тогашна Македонија ја декларираше својата независност. -Ни беа дадени мали шанси за успех, главната проценка беше дека бројните конфликти низ Југославија нема да не одминат, и тоа можеби ќе биде крај на државата. И затоа сметам дека е поголемо достигнувањето со сите моменти на радост и тага, бидејќи во изминатите 30 години речиси од нула формиравме институции, изградивме држава…

Read More

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија – Заклучно  29.08.2021 до 21:00 часот  вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15  барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. Во Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk, исто така, се поднесени вкупно 25П барања. Постапката за увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври.

Read More

Министерот за надоворешни работи Бујар Османи денеска во Градскиот парк во Скопје оствари зелен состанок со британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј – Свесноста за климатските промени започнува со индивидуални постапки и секојдневни избори. Затоа одлучивме да направиме промена и да започнеме ваков нов и корисен концепт, објави Османи на неговата Фејсбук страница. Министерот додава дека со Галовеј разговарале за 26-от Климатски самит во Глазгов, како и за  имплементацијата на билатералниот Договор за трговија, партнерство и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство. Османи и Галовеј, како што инфомира министерот, разговарале и за актуелните внатрешни состојби во Авганистан, при што…

Read More

Во крајна фаза е изработката на тендерската документација за распишување на тендер за изведба на прва фаза за „Бас рапид транзит“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, посочувајќи дека се работи за комплексен проект што не трпи импровизација. Градоначалникот очекува до 15 септември да може да се распише јавен повик за првата фаза, односно квалификациска фаза. – Многу е важно и тоа што на самата траса најкритичната точка е мостот за „Обединети Нации“. Нашата одлука и мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот „Обединети нации“ што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше на Европскиот форум Алпбах кој оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“. Преку интернет видео конференциска врска, премиерот Заев учествуваше на панелот „Перспективите на Северна Македонија“ заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, и во своето воведно излагање истакна дека членството на земјата во ЕУ е перспектива и без алтернатива и покрај разочарувањето од блокирањето на евроинтегративниот процес од страна на Бугарија. – Посветени сме целосно на овој процес затоа…

Read More