Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Властите во кинескиот град Вухан соопштија дека ќе ја тестираат целата популација за коронавирус, откако за првпат, по повеќе од една година, се појавија нови локални случаи на инфекција. Градот со 11 милиони жители ќе почне со сеопфатно тестирање на нуклеинска киселина – изјави на прес конференција високиот претставник на Вухан, Ли Тао. Властите вчера објавија дека меѓу работниците мигранти во градот се регистрирани седум нови случаи и тоа по повеќе од една година без домашни случаи откако на почетокот на ланската година епидемијата беше запрена со карантин. Последните денови Кина ги затвори жителите на одредени градови во нивните домови,…
Министерството за образование и наука е подготвено за започнување на новата учебна година, но и за имплементација на реформските процеси од септември, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе има реформи од септември и како и кога ќе започне учебната година. – Образованието е од круцијално значење за државата, идентитетот, иднината во нашата држава која се стреми кон европски стандарди и затоа вложуваме дневно во реформските процеси и секако безбедни услови за настава во време на пандемија, што не го гледаме од опозицијата која продолжува со опструкциите,…
Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, за српските медиуми изјави дека во четвртокот во Скопје започна основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел, јави дописникот на МИА од Белград. Лучиќ посочи дека со работа ќе започне за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, ќе бидат пуштени во употреба услугите на мобилните телефонски услуги и оптичкиот интернет. -За нас, одлуките донесени на Економскиот форум во Скопје се многу важни, бидејќи ние сме компанија која сака да биде лидер во регионот. Имавме планови за…
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека регионалната иницијатива, која од вчера се нарекува „Отворен Балкан“, е важна за иднината на граѓаните и е во интерес на регионот, поради што нејзината имплементација ќе продолжи и покрај сите критики, јави дописникот на МИА од Белград. -Имаше многу позитивни и многу негативни реакции, но освен бесмислената политика на затворање и ксенофобија, не слушнав сериозни аргументи против тоа, изјави Вучиќ сумирајќи ги заклучоците по вчерашниот самит во Скопје. Вучиќ изјави дека слушнал и критики од некои европски центри, и покрај тоа што регионалната иницијатива се базира на принципите на слободен проток на…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ставил потпис на измените на Законот за државјанство кој го изгласаа пратениците. Со овие измени секое барање треба да се реши во рок од шест месеци, а постапката да заврши за три години. Собранието вчера го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“. Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани. Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Бројката на администрацијата се намалува и тоа го потврдуваат сите официјални бројки. Но, државата мора да продолжи со нејзина рационализација и допрофесионализација, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање. Според Заев, денес може да се каже и дека е направен сериозен исчекор кон департизација на администрацијата. Но, како што порача, реформите за ефикасна, ефектна и професионална јавна админситрација мора да ги поддржи и Собранието. Вработувањата во последниов период, информира, се заради пополнување на испразнетите места – пензионирања и заминувања на некои граѓани во приватниот сектор. Овие позиции, објасни Заев, поради короната не можеа да се пополнат зашто финансиите…
Од 2018 до сега некаде 8.300 согласности се дадени и реализирани вработувања, лекари, медицински сестри, помошен технички персонал на определено, неопределено време, договор на дело. Зголемени се платите на лекарите специјалисти, практично дуплирани, некаде достигнуваат и до 160 илјади денари во зависност од дежурства, изјави Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на пратенички прашања. – Навистина голема инвестиција направивме за здравствените работници изминатите 3 години и имајќи предвид дека во различни нивоа на здравствена заштита работат различни специјалисти и оваа категорија на лекари кои што изразија незадоволство посебно за изминатиот период и врз основа на кои барања започнавме разговори, не…
Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од се е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците, напротив се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, толку се полојални граѓаните и заедниците кон државата, нагласи денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. Тој, на денешниот настан, што се одржа во низата случувања по…
Министрите за образование и наука, Мила Царовска, и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го посетија кумановското Основно училиште „Христијан Карпош“ во кое се во тек градежни активности за реконструкција. Средствата во висина од 8,9 милиони денари за замена на покривот, подовите, прозорците, тоалетите ги обезбедува МОН. Царовска истакна дека МОН и Владата ќе продолжат да инвестираат во училиштата низ државата, за да се обезбедат подобри услови за квалитетно одвивање на наставата. – Среќна сум што учениците новата учебна година ќе ја започнат во објект во кој ги подобруваме условите за настава. Како Министерство и како Влада изминатиот период покажавме…
Со новиот Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, Министерството за труд и социјална политика обезбеди паричен надоместок за уште 1100 стечајци. Со Законот за стечајци невработеното лице, треба да има најмалку 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата. Останатите услови остануваат исти како и со досегашното законско решение, односно работниот однос на невработеното лице да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 31 декември 2020 година, во претпријатие со доминантна сопственост на државата или на кое работниот однос му престанал по…
Лекарите и здравствените работници мора да се чуствуваат безбедно на своите работни места, исто како и сите останати работници, напиша на својот фејсбук профил Министерот за здравство, Венко Филипче. – Во изминатот период имаше повеќе напади на наши колеги што внесува немир и несигурност кај здравствените работници. Со измените во Кривичниот закон, го подигаме нивото на безбедност и секој напад врз нив ќе се третира како напад врз службено лице, истакна ресорниот министер. Филипче потенцира дека само така ќе можат целосно да се вложат во пружање на здравствена услуга за доброто на пациентите.