Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Имаше и негативни реакции, но „Отворен Балкан“ е во интерес на регионот

0
By Ivana on July 30, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 30, 2021 15:00

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека регионалната иницијатива, која од вчера се нарекува „Отворен Балкан“, е важна за иднината на граѓаните и е во интерес на регионот, поради што нејзината имплементација ќе продолжи и покрај сите критики, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имаше многу позитивни и многу негативни реакции, но освен бесмислената политика на затворање и ксенофобија, не слушнав сериозни аргументи против тоа, изјави Вучиќ сумирајќи ги заклучоците по вчерашниот самит во Скопје.

Вучиќ изјави дека слушнал и критики од некои европски центри, и покрај тоа што регионалната иницијатива се базира на принципите на слободен проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Тој кажа дека разбира зошто некои од нив се лути, бидејќи не се во позиција да управуваат и да одредуваат што ќе се прави во регионот, туку дека ние самите ги преземавме работите во наши раце и самите си ја одредуваме иднината.

-И ние ќе продолжиме така, така прават слободните и независните држави. Работиме во наш најдобар интерес, ќе ги намалиме трошоците. Ова е голема и важна иницијатива за иднината, изјави Вучиќ.

Дека иницијативата ќе има многу противници, се виде, кажа тој, со реакцијата на Албин Курти, но и со реакцијата на дел од властите од Сараево, кои, како што истакна, не ги разбира, бидејќи тоа е во нивни најголем интерес.

-Но, можеби со толку многу искуство и знаење, јас не сум доволно професионален и способен да ги разберам нивните причини против оваа иницијатива. Но, тоа не е важно. Ние ќе продолжиме со тоа, бидејќи тоа е важно за нас, изјави Вучиќ во Велика Плана.

Премиерката Ана Брнабиќ оцени дека иницијативата „Отворен Балкан“ помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија е една од најубавите работи што се случија во регионот од пред конфликтите во 1990 -тите.

– Таа е невероватна и зборува за тоа што можеме да направиме и што би можеле да направиме ако се приклучи целиот Балкан, изјави Брнабиќ во српскиот парламент.

Според директорот на Друштвото за истражување на политиката и политичката теорија, Владимир Павичевиќ, иницијативата „Отворен Балкан“ е најсериозниот проект за мир на Балканот и потенцијален економски напредок на нашиот регион во последните две децении.

– Кој не учествува во овој проект, не ги разбира тековните процеси во нашиот регион или во Европа – објави Павичевиќ на Твитер.

Од друга страна, професорот по трговија на Економскиот факултет во Белград, Зоран Богетиќ, оцени дека најавите за слободно движење на граѓаните и стоки во Србија, Северна Македонија и Албанија со Иницијативата „Отворен Балкан“ се добри пораки, во кои треба да се верува само кога ќе се остварат.

Александар Вучиќ Ана Брнабиќ отворен балкан реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.