Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Ќе продолжиме да инвестираме во училиштата за подобри услови за настава

0
By Ivana on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 30, 2021 11:28

Министрите за образование и наука, Мила Царовска, и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го посетија кумановското Основно училиште „Христијан Карпош“ во кое се во тек градежни активности за реконструкција. Средствата во висина од 8,9 милиони денари за замена на покривот, подовите, прозорците, тоалетите ги обезбедува МОН.

Царовска истакна дека МОН и Владата ќе продолжат да инвестираат во училиштата низ државата, за да се обезбедат подобри услови за квалитетно одвивање на наставата.

– Среќна сум што учениците новата учебна година ќе ја започнат во објект во кој ги подобруваме условите за настава. Како Министерство и како Влада изминатиот период покажавме дека заедно со локалните самоуправи исклучително ни е важно создавање квалитетно образование за секое дете и тоа во целата држава, во секој град и населено место. Нашата цел е да создадеме идни генерации кои ќе бидат непроценлив потенцијал на нашата држава, а тоа можеме да го постигнеме само преку вложувања во образовниот систем. Ова го потврдуваме не само со силни инвестиции во инфраструктура, туку и со розвојот на квалитетни и современи наставни програми и со поддршка на наставниот кадар, изјави Царовска.

Министерката посочи дека со реконструкцијата на училиштата и обезбедување со потребната опрема и ентериер, забрзано се работи и на подготовка на нови материјали за учење за прво и четврто одделение кои ќе се користат од новата учебна година, како и на обуки и обезбедување на континуирана поддршка за наставниот кадар.

– Исто така, би сакала да напоменам дека МОН постојано ги зголемува средствата за капитални инвестиции, а оваа година за инфраструктурни зафати се обезбедени околу една милијарда денари што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Зголемување на јавните инвестиции во основното образование се овозможува и со проектот со Светска банка, вреден 21,5 милиони евра, од кои 60 проценти ќе бидат наменети за училиштата, на ниво на грантови за адаптации, промени и за набавка на ИТ уреди и воспоставување дигитални библиотеки. Во тек е и повик за обезбедување на комплетна пристапност на образовни институции, од кои еден дел се основи училишта. Ги повикувам општините да аплицираат и да обезбедат подобри услови за учениците, рече Царовска.

Основното училиште „Христијан Карпош“ е основано во 1959 година со одлука на тогашното Собрание. Ова е едно од најголемите основни училишта во државата, бидејќи според последните податоци настава следат околу 1 200 ученици заедно со подрачните.

инвестиција Мила Царовска училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.