Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Како што ветивме – ги стабилизираме цените на храната. Од денес, граѓаните нема да плаќаат ДДВ за основните производи за исхрана. Со тоа ќе се делува кон цените на храната и на висината на потрошувачката кошничка, односно кон зачувување на стандардот на граѓаните, напиша министерот за финансии Фатмир Бесими на „Фејсбук“. Бесими посочува дека укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи е резултат на измените на Законот за ДДВ, предложени од Министерството за финансии како дел од 26-те антикризни мерки за справување со тековната ситуација предизвикана од руско-украинската криза. – Ќе истакнам повторно, никој не вели дека ќе биде лесно,…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторно му понуди на рускиот претседател Владимир Путин да организира средба меѓу него и украинскиот лидер Володимир Зеленски во Анкара или Истанбул, соопшти кабинетот на Ердоган по неговиот денешен телефонски разговор со рускиот претседател. Претседателот на Турција истакна дека може да биде неопходна средба на ниво на национални лидери за да се постигне консензус и ја повтори својата понуда да биде домаќин на претседателите на Русија и на Украина во Истанбул или Анкара, соопшти кабинетот на Ердоган. Во соопштението се наведува дека Ердоган му рекол на Путин оти за договор околу одредени прашања може да…
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска бара веднаш да престане продажбата на државно земјиште. Според неа, најголем проблем во оваа насока е како се прават деталните урбанистички планови, бидејќи тие, како што нагласува, го отсликуваат јавниот интерес кој што општината треба да го спроведе во својот дел. -Која е целта на државата, да го испродаде цело државно земјиште, дали е тоа целта, и тоа по багателна цена? Ако државата треба да го обезбеди јавниот интерес на граѓаните, не може тоа да го направи преку приватно земјиште. Тоа е едното прашање, второ, извор на корупција е Законот…
Рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“ поради инвазијата што ја започна врз Украина, изјави Американскиот претседател Џо Бајден. Тоа е прва таква квалификација од Бајден за Путин откако Русија почна со инвазија врз Украина. „Тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите во обраќањето во Белата куќа. Тој, исто така, го обвини рускиот претседател за „силно уништување во Украина“, бомбардирање згради, породилишта и болници. Претходно, Бајден најави дополнителна воена помош за Украина во износ од 800 милиони долари, која меѓу другото вклучува беспилотни летала, системи за противвоздушна одбрана „Стингер“, автоматски пушки, минофрлачи и муниција. „Ќе и дадеме на Украина…
Владата е прва по транспарентност и покажа пример за штедење по сите ставки планирани во Буџетот, оценува вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. -Денеска имавме состанок со Агенцијата за пристап до слободни информации од јавен карактер и ме радува тоа што Владата е прва на листатата на институции по транспарентност според нивниот извештај што тие го имаат подготвено. Се надевам дека така понатаму ќе продолжи, истакна Грковска во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма.Во однос на набавките кои ги направила Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) која ги опслужува сите институции како Владата, Собранието и Претседателот…
Бектеши: Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок
Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Тој во емисија на „ТВ21“ истакна дека редовно и навремено се постапува по сите поплаки од страна на граѓаните во однос на нерегуларностите од страна на маркетите. -Веќе се казнети најголемите ланци на супермаркети, денеска бев информиран од страна на секторот во Министерството за економија, дека има поплаки за одреден супермаркет и веднаш го информиравме Државниот пазарен инспекторат, кој согласно моите информации веднаш постапил, изјави министерот нагласувајќи дека ако се повтори тој прекршок ќе следи дополнителна мерка. Порача граѓаните редовно да ги…
Собранието вечерва ги изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Предлог на закон за изменување на Законот за Собранието на Република Македонија Со измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се усогласува движењето на индексот на трошоците на живот во висина од 50 проценти и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1000 денари. -Со новата методологија добиваме решение каде што усогласувањето на пензиите се врши според движењето на индексот на трошоците на…
Здружението на новинари на Македонија и канцеларијата на Советот на Европа денеска одржаа семинар на тема „Подобрување на соработката меѓу новинар(к)ите и полициските органи со цел поголема отчетност и транспарентност“ каде беа новинари како и претставници на Министерството за внатрешни работи кои работат во доменот на односи со јавноста. Овој настан им даде можност на новинарите, припадниците на МВР и другите медиумски актери да разговараат на теми кои имаат за цел продлабочување на соработката при размена на информации од јавен карактер. Младен Чадиковски во својот воведен дел ја истакна важноста од продолжување на соработката помеѓу МВР и новинарите, со цел…
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска повика на поголема помош од неевропските земји за справување со бегалската криза која се појави како резултат на војната во Украина. „Тоа е мојот апел до нашите пријатели во САД, Канада и ширум светот… Сега е наша задача да работиме заедно за да изградиме мост за солидарност преку Атлантикот“, рече Бербок на седницата во Долниот дом на германскиот Парламент. Таа истакна дека „онаму каде што може безусловно да се помогне, мора безусловно да се помогне“. „Тоа не можеме да го направиме во некои области бидејќи имаме економски зависности, но можеме да го…
Околу 1.000 руски војници се заробени од украинските сили откако Москва започна инвазија на нејзиниот западен сосед пред три недели, според украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој го дал бројот за време на онлајн разговор со Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, јави ДПА. Претседателот рече дека секој одговорен за воените злосторства треба да одговара. „Сите знаат што се случува“, рече Зеленски, истакнувајќи дека имало сведоци и видеа на злосторства, кои, според Украина, вклучуваат таргетирање цивилни живеалишта. Полските обвинители собраа повеќе од 300 изјави на сведоци како дел од истрагата за наводните воени злосторства извршени за време на руската…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95% во однос на одлуката од 15.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,00 денари/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар/килограм и сега ќе изнесува 56,749 ден/кг. Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени…
Русија и Украина направија план за прекин на огнот, кој содржи 15 точки, пишува Фајненшл Тајмс. – Планот вклучува прекин на огнот и повлекување на Русија доколку Киев прогласи неутралност и прифати ограничувања на своите вооружени сили, велат лица вклучени во преговорите. Како што е наведено, предложениот договор, за кој првпат разговараа украинските и руските преговарачи во понеделникот, ќе значи дека Киев ќе се откаже од своите амбиции да се приклучи на НАТО и ќе вети дека нема да биде домаќин на странски воени бази или оружје во замена за заштита од сојузниците, како што се САД, Велика Британија и…