Author: Ivana

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија учествуваше на Министерски состанок за прекуграничното поврзување на земјите од Регионот на Западен Балкан и Европската Унија во организација на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во своето обраќање Бочварски истакна дека Република Северна Македонија се стреми кон создавање модерен и безбеден транспортен систем кој е прилагоден на потребите на земјата, за обезбедување поголема мобилност на граѓаните како поддршка на одржливиот развој и раст на националната економија. -Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден…

Read More

На Клиниката за гинекологија и акушерство од денеска во функција е целосно реновираната ургентна амбулантна. По тој повод Клиниката денеска ја посети министерот за здравство Венко Филипче. – Оваа институција во целокупниот изминат период го менаџираше третманот на жените родилки кои беа позитивни на коронавирусот со целосно изолирани делови во делот на амбулантата и интензивното лекување и операционираните сали. Се истакнуваат со години наназад со своја експертиза, знаење, менаџирање и со целокупниот процес што се однесува на здравјето на мајките и бебињата, што се манифестира како еден успех препознаен и од меѓународни институтуции, изјави Филипче. Посочи дека преполовувањето на новороденечката…

Read More

Новиот Делта сој почна да се шири и во Европа. Откако оваа варијанта на коронавирусот за првпат беше идентификувана во Индија во декември минатата година, брзо се прошири низ Индија, а потоа и во Велика Британија, предизвикувајќи голем број на заразени и смртни случаи. Денеска Министерот за здравство, Венко Филипче го потврди и четвртиот случај на Делта сојо кај нас, а за четворица се чекаат резултати. 1. Делта е позаразна од другите варијанти  Делта е име за варијантата Б.1.617.2., Мутација на вирусот САРС-КоВ-2 што првпат се појави во Индија. Првиот случај на инфекција со Делта варијантата беше идентификуван во декември…

Read More

Во текот на вчерашниот ден е потврден уште еден случај, а се чекаат резултати уште за уште четворица, информира Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Според него овие заразени лица не биле вакцинирани, а во текот на денот ќе соопштат дали биле во странство и со кого имале контакти. Само еден од овие лица е со потешка клиничка слика. – Грција е единствената земја од регионот која бара ПЦР тест и шотврда за вакцинација на граничните премини, истовремено е единствената земја која има пораст на случаите. Значи дека мора…

Read More

Мексиканската Влада ја понуди на лото куќата, од којашто, наркобосот Хоакин Гузман, попознат како „Ел Чапо“, избега во 2014 година, а потоа беше осуден на доживотен затвор во САД. Куќата во Кулијакан – главниот град на североисточната мексиканска сојузна држава Синалоа, се проценува на 3,6 милиони пезоси (184.000 американски долари). Тоа е дел од понудата награди во вкупна вредност од 12,5 милиони долари, што Владата ги намени за извлекувањето на 15 септември, се наведува на интернет-страницата на Националната лотарија на Мексико. На 16 февруари 2014 година, Ел Чапо избегал од таа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години…

Read More

Комплетно е реконструиран и од утрово пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило, информира министерот за здравство, Венко Филипче. – Заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направивме комплетна реконстукција и обнова на пристапот, паркинзите и просторот за движење на амбулантни возила и движечки и недвижечки пациенти во Клиничкиот кампус Мајка Тереза. Тројно е зголемен капацитетот за паркирање со новиот паркинг кој лани се постави до Клиниката за Гинекологија и акушерство, потенцира Филипче. Министерот истакна дека комплетно нов простор е обезбеден…

Read More

„Присуството на Претседатели на држави, Премиери, Министри за надворешни работи, познати имиња од јавниот и општествениот и политичкиот живот од регионот, Европа и САД, ја потврдува репутацијата што ја создаде првиот Преспа Форум. Покрај одличната соддржина и теми кои беа дискутирани на форумот, морам да кажам исто така дека одличната организација од страна македонското МНР, и другите служби на Владата, потврдија дека нашите институции се спремени да се носат со големи организациски предизвици“ изјави советникот за надворешни работи на премиероот Заев, Едмонд Адеми за „Фронтлајн“ Тој додаде дека успешната реализација на првиот Преспа Форум ја ставил земјава на светската мапа…

Read More

Во светот од коронавирус починаа три милиони и 980.935 лица, додека 183 милиони и 741.570 беа заразени, покажува најновиот биланс врз основа на податоци од земјите во светот и информации од Светската здравствена организација. Бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување. Соединетите Американски Држави се најтешко погодени според бројот на смртни случаи и инфекции, со 605.526 смртни случаи и 33.717.574 заразени лица. По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 524.417 смртни случаи и 18.769.808 случаи на инфекција, Индија со 402.728 смртни случаи…

Read More

Во последните 24 часа се направени 1.650 тестирање, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 5 и Кичево – 1. Регистрирани се 27 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Тетово – 4, Охрид – 2, Прилеп, Гостивар и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 893.681 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.716, бројката на оздравени пациенти е 150.100, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 130.

Read More

Министерството за здравство ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 јули вакцинацијата на граѓаните ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација. Министерството за здравство ги информира граѓаните дека почнувајќи од 12 јули, ќе може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е пријавен или не се пријавил на веб страницата vakcinacija.mk Секој кој сака да се вакцинира истото ќе може да го направи без закажан термин, а паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk Министерот за здравство…

Read More

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски претстојува во дводневнапосета во Брдо кај Крањ, Словенија, каде учествува на Министерскиот совет ворамките на Транспортната заедница. На Министерскиот совет покрај министерот Бочварски, присуствуваа иминистрите за транспорт на земјите од регионот, потписнички на Договорот затранспортна заедница, Република Албанија, Босна и Херцеговина, РепубликаКосово, Република Србија и Република Црна Гора, како и претставници наСекретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија. Тема на разговорите на Советот беа состојбите во транспортниот сектор ворегионот, идните планирани активности, можноста за прошрување наконцептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседнитеземји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата. Во…

Read More