Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ, изјави американскиот заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер. -Сѐзависи од засегнатите страни. Ние сакаме да ги охрабриме да ги препознаат компромисите кои се неопходни за напредок и да разберат дека тоа е во нивен најдобар интерес. Убеден сум дека ќе се постигне решение помеѓу Софија и Скопје во врска со прашањата кои го блокираат напредокот на Северна Македонија кон членство во ЕУ. Убеден сум дека може да…
Преспа форумот за дијалог беше и помина, но заложбите, намерите, очекувањата уште долго ќе се отсликуваат во процесите што доаѓаат на регионален, Европски, трансатлантски план. Северна Македонија како домаќин и организатор на овој собир со над 300 еминентни учесници од САД и Европа, го освои вниманието на светските дипломати како светол пример поради придонесот кон регионалната соработка и поимањето на дијалогот како единствена алатка за надминување на сите несогласувања и препреки. Но, она што остави ,,горчлив“ вкус околу целата оваа работа е што во опозиционите кампуси Преспа форумот и политичката, дипломатската и тинк тенк елитата што ја собра на едно…
Славимир Стојановиќ – Футро е автор на официјалниот постер за годинашното јубилејно 40-то издание на Скопскиот џез фестивал, еден од најреномираните културни настани во земјава. – Автор на легендарните плакати од богатата фестивалска историја, за кои со леснотија ги собираше најпрестижните меѓународни награди. Нашата долгогодишна плодна соработка токму за јубилејот на џез фестивалот ја крунисуваме со уште едно успешно решение во духот на неговиот оригинален графички јазик – Complicate Simply!, соопштија организаторите на фестивалот. Програмата за овогодинешниот Скопски џез фестивал се уште е во подготовка, истиот ќе се одржи од 20 до 24 октомври.
Малиот пливачки херој, Марко Пејчиноски од Охрид, денеска по втор пат го преплива Охридското Езеро. Нему му беа потребни нешто повеќе од 14 часа за од Охрид да исплива до Свети Наум. Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид. Овој пат тој пливаше во чест на православниот празник посветен на Свети Наум, кон кого охриѓани имаат изградено култ на чудотворец и исцелител. Манастирот посветен на Светецот уште од синоќа го посетија голем број верници со молитви за здравје.
Заедничка прес-конференција на премиерот, Зоран Заев и вршителот на должност помошник државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер. https://www.youtube.com/watch?v=PBUjtTln1EI
Нови 11 случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа. Од нив, пет се во Скопје, три во Тетово и по еден нов случај има во Битола, Берово и Пехчево. Министерството за здравство соопшти дека има едно починато лице на 43 години од Македонски Брод. Оздравени се четворица пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 2.723 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.700. Бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 147. Досега во земјата направени се вкупно 884.593 тестирања на Ковид-19. Според епидемиолошките анализи,…
Тоа што и се случи на Северна Македонија е опасен преседан. Билатералното прашање на интерпретација на потеклото на некој јазик или историја не е прашање кое треба да се однесува на ЕУ, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на прес-конференција во Охрид, каде учествува на Преспа форумот за дијалог. – Ќе видиме што ќе се случува во иднина, но мислам дека тоа што и се случи на Северна Македонија е опасен преседан. Европските интеграции не смеат да се поврзуваат со билатералните прашања или ако се поврзуваат со билатерални прашања треба јасно да биде дека тоа е затоа што тие мора…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција откри дека Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје. Мицкоски повтори дека многу скоро, до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локлани избори. Се преговара, рече, за коалиција, но не само со албанските партии, туку и со српски, бошњачки, турски. -Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име,…
Се што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, тој до толку е изгубен во своите блокади што еден ден зборува едно друг ден друго, реагираат од СДСМ. – Ако Мицкоски не е сигурен во својот идентитет, во јазикот кој го зборува, нема потреба да поднесува резолуции. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание, велат од СДСМ. Според нив, политичар како Мицкоски кој ги кочи интегративните процеси на државата не може да понуди никаква европска агенда. – Очигледно е дека…
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција најави дека ќе поднесат резолуција за преговорите со Бугарија и дека за оваа прашање е потребен национален концензус. Според него, на овој чекор се решиле затоа што спорот со Бугарија се продлабочувал и станувал се поголем а дека Владата тргувала нови идентитетски обележија, историски периоди, македонски херои и македонскиот јазик. – До сега оваа Влада Влада требаше да научи дека е потребен национален и државен консензус за националните и државни прашања, рече Мицкоски. Мицкоски потенцира дека Бугарските позиции биле познати во спорот, но дека не се знаеле црвените линии на Македонија…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на маргините на „Преспа форум за дијалог“ што се одржува во Охрид, денеска се сретна со премиерката на Србија Ана Брнабиќ. Зaев и Брнабиќ се согласија дека настанот во Охрид организиран по повод три години од Договорот од Преспа го слави успехот на дијалогот и го подобрува имиџот на Балканот. Србија и Северна Македонија, нагласија претседателите на Владите на двете земји, негуваат исклучително блиски односи и меѓу државите, и меѓу народите, и меѓу владите, и во таа насока се договорија да се интензивираат активностите за отворање на Македонски културен центар во…
Непочнувањето преговори на Северна Македонија и Албанија за пристапување кон Европската унија е јасен неуспех на Унијата, нагласи поранешниот еврокомесар Јоханес Хан во излагањето на панел дискусијата „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан“, која денеска се одржува во Охрид во рамките на „Преспа форумот за дијалог“. Хан, чие име е поврзано со клучни политики со проширувањето на Унијата, а сега надлежен за Буџетот изрази жалење за таквиот чекор, посочувајќи дека Европската комисија донесе многу извештаи за испорачани резултати на двете земји. – Многу беше кажано за неспособноста на ЕУ да ги започне преговорите за пристапување кон…