Славимир Стојановиќ – Футро е автор на официјалниот постер за годинашното јубилејно 40-то издание на Скопскиот џез фестивал, еден од најреномираните културни настани во земјава.

– Автор на легендарните плакати од богатата фестивалска историја, за кои со леснотија ги собираше најпрестижните меѓународни награди. Нашата долгогодишна плодна соработка токму за јубилејот на џез фестивалот ја крунисуваме со уште едно успешно решение во духот на неговиот оригинален графички јазик – Complicate Simply!, соопштија организаторите на фестивалот.

Програмата за овогодинешниот Скопски џез фестивал се уште е во подготовка, истиот ќе се одржи од 20 до 24 октомври.