Author: Ivana

Годинава ќе биде година на заздравувањето, по што Република Северна Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда. Долгогодишното партнерство и поддршката од Соединетите Американски Држави во општествениот и економски развој на Северна Македонија, како и во евроатланските интеграции се од непроценливо значење за нашата земја во остварувањето на приоритетите. Министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска на маргините на Преспа Форум Дијалог, оствари средба со помошникот државен секретар  и заменикот помошник секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт Департментот на САД, Филип Рикер и Метју Палмер и амбасадорката…

Read More

Вториот ден од Преспанскиот форум за дијалог, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин. Али Ахмети оствари средба со премиерот на Албанија, г-дин. Еди Рама. Во оваа прилика, Ахмети му го честиташе на Рама третиот мандат, додека на состанокот се дискутираше за надминувањето на предизвиците што ги очекуваат нашите земји но и регионот, на патот кон европската интеграција. Спорот меѓу Република Северна Македонија и Грција, беше преседан во политичката историја и за нејзино решавање беше потребно да се најде иновација што би била пример во политичката историја и меѓународните односи, кое го постигнавме во време кога сите рекоа дека е…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 481.809 граѓани.  На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 346.836 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.294 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.615 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани.    Со последните бројки 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  49 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 43 %…

Read More

Американаскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер,, удри“ по Европската Унија на Преспа форумот, јасно укажувајќи и дека го изгубила кредибилитетот и конзистентноста на Западниот Блакан а со тоа ги ослабнала и заедничките процеси преземени со САД за овој дел од светот. „Кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот на Западен Балкан сега се на многу ниско ниво. ЕУ и сите нејзини членки треба да работат за да го повратат тој кредибилитет и конзистентност. Неодлучноста и неконзистентноста ги ослабуваат намерите и одлуките на САД во регионот“ подвлече Рикер. Тој ја потенцира важноста Македонија и Албанинја да ги…

Read More

Словенија ќе направи се за време на претседателствувањето со Европската Унија да го деблокира процесот на евроинтеграции на Р.СМакедонија. ЕУ е должна да го исполни ова ветување и не само што ова е политичка туку е и длабоко етичка одлука, изјави на Преспа форумот, Словенечкиот претседател Борут Пахор чија земја е актуелен претседавач со Европската унија. Тој најави дека наредната недела заедно со премиерот и министерот за надворешни работи ќе заминат за Софија, во обид да ги ,,омекнат“ Бугарските позиции визави нашата земја за што побрзо да се деблокира процесот и да се одржат меѓувладините конференции ЕУ-Р.СМакедонија и ЕУ-Р.Албанија, изјави…

Read More

Американската фармацевтска компанија „Џонсон & Џонсон“ уверува дека една доза од нејзината вакцина против Ковид-19, исто така, е ефикасна против делта вирусот, со имунолошки одговор што може да трае најмалку осум месеци Според истражувањето спроведено од фармацевтска компанија врз мала група од осум лица вакцинирани со нивната вакцина, антителата и клетките на нивниот имунолошки систем го неутрализирале делта вирусот. И друго истражување врз 20 вакцинирани пациенти од Медицинскиот центар „Бет Израел“ во Бостон ги дало истите резултати. Податоците за овие истражувања пред објавувањето биле објавени на платформата БиоРкив, на кои научниците можат да ја стават својата работа на увид пред…

Read More

Долгогодишното партнерство и поддршката од Соединетите Американски Држави во општествениот и економски развој, како и во евроатланските интеграции се од непроценливо значење за нашата земја во остварувањето на приоритетите, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната средба со помошникот државен секретар  и заменикот помошник секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт Департментот на САД, Филип Рикер и Метју Палмер, и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз што се одржа на маргините на Преспа форум дијалог. Како што информираат од Министерството за финансии, на средбата, на која се разговараше за соработката меѓу двете земји и за перспективите…

Read More

Пленарна сесија на претседателите на Пендаровски, Пахор и Ѓукановиќ на тема ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=khYf29ZruhQ&fbclid=IwAR1fDB-LOyrQ5ZmQJ6JJM4SSC_tiLhAj8n7iMwcI7L99lt21WS_8xDHUZqQ

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања при што било разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, соговорниците ги потврдија партнерските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, одличната соработка и сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите останати области. Претседателот Пендаровски, се посочува, истакна дека…

Read More

Во рамки на принципот за солидарност на Еу, Хрватска денеска ни донира 10.000 дози од вакцината,, Астразенека“. Кога сме кај донациите и Русија за наредната недела најави дистрибуција на 10.000 вакцини ,,Спутник“. Во пресрет на донациите, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вакцините се безбедни и дека без одобрение на Агенцијата за лекови ниту еден лек нема да биде пуштен во промет. „Граѓаните треба да бидат спокојни. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови , така што станува збор за…

Read More

По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Северна Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа. Во одлуката „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во…

Read More