Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Десет луѓе додека чекале ред за леб во украинскиот град Чернигов се убиени од страна на руските сили, соопшти денеска Американската амбасада во Киев. Во соопштението објавено на Твитер и Фејсбук, Амбасадата на САД не ги наведе доказите или изворите на своето тврдење. – Руските сили денеска пукаа и убија 10 луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов. Таквите ужасни напади мора да престанат. Ги разгледуваме сите можни опции за да обезбедиме кривична одговорност за ужасните злосторства во Украина, наведува амбасадата на САД во Украина.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнс.Груби, како што соопшти неговиот кабинет, со амбасадорката Брнс разговарал за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оценил огромен дел од меѓународната заедница.Груби и Брнс на оваа средба истакнале и дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, но и што по скорото…
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во дводневна работна посета на Република Албанија, каде што оствари средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити. Главна тема на разговор беше работата на Меѓудржавниот комитет за управување со Охридскиот регион, при што во тој контекст стана збор и за формирањето на постојан секретаријат составен од релевантни експерти од двете страни, изработката на заеднички стратегиски план со дефинирани цели, иницијативи и проекти за заштита и рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион како исклучителна вредност. На средбата се разговараше и за изработката на заедничките извештаи за состојбата со заштитата и напредокот…
Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре – 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати. Како што информираат од Управата за јавни приходи, ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.…
Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска и нареди на Русија веднаш да ја прекине воената операција во Украина. „Руската Федерација веднаш да ги прекине воените операции кои започнаа на 24 февруари 2022 година на територијата на Украина“, соопштија судиите. Тие додадоа дека Русија исто така мора да се погрижи другите сили под нејзина контрола или оние поддржани од Москва да не ја продолжат воената операција. Судот изрази „длабока“ загриженост поради руската употреба на сила во Украина. „Судот е свесен за размерите на човечката трагедија во Украина … Судот е длабоко загрижен за употребата на сила од страна на Руската Федерација…
Собранието денеска во рамки на 66-седница ја избра Марија Георгиевска пратеник од СДСМ и Коалицијата за претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За член на Комисијата беше избран пратеникот Дарко Каевски од СДСМ, а за заменик член Хусни Исмаили од Алтернатива. За заменик член на оваа Комисија беше избран Елми Азири од Алијанса за Албанците. Во образложението на Одлуката стои дека според моменталното процентуално учество на политичките партии во вкупниот број пратеници СДСМ и Коалицијата имаат 36,67 проценти, ДУИ 12,5, Алијанса за Албанците 6,67, Алтернатива 3,33, Левица и Движењето БЕСА 1,67, а ДПА 0,833 проценти. -Врз основа…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги повика обвинителството и истражните органи да ja истражат информацијата, што вчера Антикорупциската комисија ја пласираше во јавноста, дека фирма за сервисирање лифтови,со фалсификати добила околу 90 тендери, главно од јавни институции, кои и плаќале со пари од буџетот. Ковачевски очекува час поскоро да се утврди вистинитоста на наводите, а доколку се утврди вина најстрого да се санкционираат сторителите, бидејќи станува збор за системи со кои може да биде доведена во ризик безбедноста на граѓаните. -Доколку се работи за вистинити наводи што беа пласирани во медумите, истражните органи веднаш да постапат и да се санкционираат оние…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на вонредниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој главни теми за дискусија беа руската инвазија на Украина и нејзиното влијание врз европската безбедносна инфраструктура, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО членките. –Од вонредниот состанок на НАТО министрите за одбрана, Алијансата испраќа три клучни пораки – дека светот се обединува во осудата на војната во Украина, дека НАТО продолжува со поддршката за Украина во нивната одбрана со помош за украинскиот народ и за сите бегалци, и дека клучната задача на НАТО е одвраќање и одбрана на сојузниците и за…
Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот брег на Јапонија. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но издадено е предупредување за појава на цунами. Околу два милиони домови останаа без напојување со електрична енергија, соопшти Токиската електроенергетска компанија (ТЕПКО). Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 60 километри под морето. Земјотресот го погоди истото подрачје како и во 2011, која потрес со интензитет од девет степени доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима. 16.03.2022 🇯🇵 #japan | Strong 7.3 earthquake rocking Fukushimapic.twitter.com/G6zJOzIUbM#tsunami — Weather alert (@weatheralert15) March 16,…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.535 тестови, а регистрирани се 328 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 179, Прилеп – 21, Битола и Кавадарци – по 17, Куманово и Велес – по 10, Охрид и Кичево – по 9, Ресен – 7, Штип – 6, Гостивар, Струга и Радовиш – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Струмица, Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница ,Пробиштип ,Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1. Од…
Во случај Русија да ја прекине испораката на природен гас кон Европа, се бараат алтернативни начини за достава на овој енергенс преку Александропулос во Грција, велат владини извори. Земјава целосно ги обезбедува потребите за природен гас од Русија, преку цевковод од Бугарија. На природен гас работат поголем дел од економските оператори во државава. Европа исто така разгледува можности доколку Русија го прекине снабдувањето со гас како одговор на санкциите на ЕУ кон Москва, бидејќи околу 40 проценти од природниот гас во Европа се увезува од Русија. Особено погодена ќе биде Германија, бидејќи над половина од потрошувачката на природен гас од…
Ване Цветанов е разрешен од позицијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, потврдуваат од Влада за Нова ТВ. Од таму велат дека по предлог на Комисијата за кадровски решенија, на денешната владина седница, без конкретно образложение, Цветанов бил разрешен од функцијата директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Инаку, Цветанов е на чело на институцијата од 2019 година, кога го постави претходната Влада на Зоран Заев. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, тој беше директор на на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Но, брзо влезе во конфликт со матичната партија, па за време на…