Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во четвртокот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, најави дека се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник ќе започне издавањето на лични документи со новото уставно име. Граѓаните од ова утро чекаат во редици пред просториите на Министерството за внатрешни работи за да извадат лични документи во закажаните термини. Од МВР велат дека денешната гужва била во одреден период, бидејќи освен оние кои имале редовни термини се појавиле и оние со термини од минатата недела кога системот не работеше поради надградба. Воедно уверуваат дека пасоши има за сите оние кои сакаат да извадат, додавајќи…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел, остварија средба со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент. Мицкоски со Кампоменоси разговараа за продлабочување на односите помеѓу двете партии и држави, а по што истакна и дека Македонија сакајќи напредок мора да остане на евроинтеграцискиот пат. -На средбата Мицкоски истакна дека критериумите за отпочнување на преговорите со ЕУ се исполнети уште во 2009 година, а она што е ново за жал…
Во последните 24 часа се направени 1.342 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3. Регистрирани се 6 оздравени пациенти од: Скопје и Тетово – по 2, Кочани и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати лица. Направени се 1.342 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–1, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-66, Авицена-76, Биотек-74, Систина-60, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-145, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ…
Се интензивира вакцинацијата на регионалниот пункт во Прилеп. Зголемен е бројот на термините од 500 и денеска се пријавени 890 термини за вакцинација. Изутрината се вакцинираа инвалидизираните лица, а почна имунизацијата и на помладата популација. Доктор Сашо Пуцакоски кој на вакциналниот пункт го следи процесот вели дека покрај ревакцините почнаа да се даваат и дози на Фајзер и на Синовак. -Денеска почнавме со вакцинација со фајзер, а и на Синовак, а тече ревакцинацијата со Астра зенека, со Синофарм и со Фајзер. Нема никакви проблеми и се надеваме така ќе продолжи, вели доктор Пуцакоски. Кети Смилеска, директор на прилепската градска болница…
Жители од прилепската населба Тризла со мирен протестен марш од населбата до градскиот базен денеска, од 12 до 14 часот го изразија, како што велат, револтот поради дискриминација. Пред три дена група Роми не биле пуштени да ги користат услугите на Градскиот базен, а најавуваат претставка до комисијата за спречување на корупцијата и судски случај. Инаку, на денот на инцидентот, сопственикот на спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, Борис Темоски ги отфрли сите инсинуации за дискриминација и нагласи дека станува збор за почитување на мерките и прописите, посебно во време на пандемија, за користење на Градскиот базен.
Ние сме навистина разочарани од фактот што Република Северна Македонија не ги започна пристапните преговори за членство во Европската унија и постојано ја испраќаме пораката дека земјата е подготвена и ги има исполнето сите услови потребни за влез во ЕУ. Ова го нагласи американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, одговарајќи на новинарско прашање дали САД очекуваат засилени средби меѓу политичарите и засилена комуникација Скопје-Софија откако Република Северна Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите. – Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме ставот дека иднината на Република Северна Македонија е во продолжување на…
Продолжува сончевото и многу топлото време со температури до 40 степени до претстојниот викенд, кога се очекува да има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи. Од УХМР информираат дека до четврток времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-тиот степен. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот ќе има намалување на температурите и локален дожд со ретки грмежи. Утре максималната температура ќе се движи од 29 до 39 степени, во среда до 40, , четврток од 32…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – В4 и земјите од Западен Балкан – ЗБ6, кој во рамките на полското претседавање се одржа во Познан. Централна тема на состанокот беше процесот на проширување на ЕУ и последните случувања поврзани со последните Самити на ЕУ. Во присуство на Специјалниот Претставник на ЕУ за регионалните прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и на МНР на Хрватска, беа отворени прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот како двонасочен процес што подразбира исполнувања од двете страни, како и…
Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба од предвремени избори поради повторената блокада од Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ, а следната реална можност кога за тоа ќе се одлучува ја очекува во декември на крајот од словенечкото претседателство, согласно праксата на Унијата, иако на 6 октомври е закажан самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ. – Знаете, во такви предизвици кога се случија уставните промени, ги направивме сите реформи дома и навистина тоа стопроцентно беше потврдено, заради новата методологија на предлог на францускиот претседател, се случи одложувањето. Тогаш ја поднесов оставката и повикав на избори и отидовме на…
Не е исклучено СДСМ да објави неколку кандидати за градоначалници во текот на јули, но генерално тоа ќе биде направено во август, изјави денеска премиерот и лидер на партијата Зоран Заев. – Значи, генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули да објавиме неколку кандидати каде што веќе анализите ќе бидат завршени, рече Заев на настан во скопско Волково, Општина Ѓорче Петров. Според него, најважно во целиот овој период е партијата да направи вистинска селекција на кандидатите затоа што тоа се избори на личности. – Партиите имаат важност, но многу мала. Самите личности за советнички…
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври. – Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер. Јас не би…
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 29.06.2021 година, (вторник) започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2021 година (вторник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2021 година (среда); За пензии со висина…