Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ во јули ќе објави неколку од кандидатите за градоначалници

0
By Ivana on June 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 28, 2021 12:06

Не е исклучено СДСМ да објави неколку кандидати за градоначалници во текот на јули, но генерално тоа ќе биде направено во август, изјави денеска премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

– Значи, генерално крајот на август, но не исклучувам можност и во текот на јули да објавиме неколку кандидати каде што веќе анализите ќе бидат завршени, рече Заев на настан во скопско Волково, Општина Ѓорче Петров.

Според него, најважно во целиот овој период е партијата да направи вистинска селекција на кандидатите затоа што тоа се избори на личности.

– Партиите имаат важност, но многу мала. Самите личности за советнички кандидати – советници, за градоначалнички/ци се доминантно пресудни во самата таа одлука, вели Заев.

Врз основа на Правилник и роковник на СДСМ, одлуките треба да се доносесат на крајот на август, затоа што во првата половина на септември се доставуваат до ДИК.

– Но, ако донесеме и претходно одлуки коишто ќе значат завршени истражувања, завршени анализи, нема што да чекаме и ќе ги објавиме да знаат граѓаните и да имаат доволно време да направат внимателна анализа, за какви личности се работи, нивните предности и слабости и преку тоа да оформат свој став за нивното одлучување, рече Заев.

Премиерот не потврди дека актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски, повторно ќе биде кандидат за оваа општина, нагласувајќи дека мора и тој да мине низ анализа и истражувања.

– Ние сме социјалдемократи и солидарноста и другарството е важно, но прв приоритет на сите ни е победата. Зошто? Затоа што така победуваат граѓаните. Мораме да направиме анализи и истражувања. Нашите градоначалници се наши фаворити. Секаде го кажувам тоа. Зошто? Заради тоа што сами реализираа многу проекти во период кога имавме покрај локалните избори референдум, претседателски избори, парламентарни избори, пандемијата се случи, сето ова што е сменет лик на општините и на државата е главната причина да даваме поддршка. Но, тоа сме само ние дел од општествениот амбиент. Очекуваме низ анкети граѓаните пред се да ни кажат навистина што тие преферираат и тоа ќе ни биде водилка, а сите можеме да бидеме корисни во форма на кандидати, но и секако извршувајќи и други општествени функции, па дури и враќање во приватните институции, рече Заев.

градоначалници Јули СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.