Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата вакцинација.мк е 450.634 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани. Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина…
Епидемиолошката состојба со ковид 19 е стабилна и дозволува олабавување на мерките, смета министерот за здравство Венко Филипче. На предлог на Комисијата за заразни болести и Главниот координативен кризен штаб од 16ти јуни препорачаа укинување на дел од рестрикциите кои се на сила. Нема повеќе полициски час а на свадбена веселба може да има и повеќе од 100 гости. Пејачи ќе пејат пред публика до 1000 лица а во ресторани на отворено може журки но да не биде зафатен повеќе од 50 проценти од просторот на објектот. Организаторите на прослави бараат надлежните да дозволат свадби и во затворените…
Пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата, информираат од Министерството за здравство. – Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), соопштуваат од таму. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова…
ВМРО-ДПМНЕ попладнево ги продолжи протестите преку кои бараат Владата да ги соопшти деталите од преговорите со Бугарија. Според донесената одлука на Извршниот комитет на партијата во саботата во Битола, ВМРО-ДПМНЕ протестираат денеска и утре од 17 до 19 часот. За разлика од минатата недела кога беа блокирани крстосници во центарот на Скопје, раководството, членови и симпатизери на партијата протестираат пред Министерството за надворешни работи. Протестот се одржува во пресрет на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, закажана за в среда во 15 часот. Со неа претседава Антонио Милошоски, а шефот на дипломатијата Бујар Османи соопшти дека ќе одговори на…
Перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија, била во фокусот на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Бугарија Румен Радев на завршницата на Самитот на НАТО во Брисел. На средбата е договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела. Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, бугарскиот претседател Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Северна Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените…
Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска се извини поради вербалниот инцидент што го предизвика на вчерашниот дуел од ЕУРО2020 против македонската репрезентација, дообјаснувајќи дека неговото однесување било непримерно, но оти „не е расист“. Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на вчерашниот триумф на Австрија од 3:1 по што беше снимен од една од камерите крај теренот како со погрдни зборови се обраќа кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, додека капитенот Давид Алаба се обидуваше да го замолчи својот соиграч цврсто притискајќи го со десната рака во пределот на образите. – На вчерашниот натпревар имаше некои жешки зборови искажани во…
Премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот на НАТО во Брисел, оствари средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша, на која изрази благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот за евроинтеграцијата на нашата земја, која уште еднаш беше реафирмирана на последната сесија на процесот Брдо-Бриони со декларацијата за важноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Премиерот Заев ги оценил како извонредни напорите на претседателството на Португалија со Европскиот Совет и понудениот предлог да се деблокира пристапниот процес за нашата земја и истакнал дека предложените решенија ги имаат потребните елементи да продолжи дијалогот Скопје-Софија и да…
Од лидерската средба на НАТО денеска произлегува дека главна тема на разговорите биле односите со Кина и како земјите членки на Алијансата треба да се подготват да одговорат на безбедносните закани кои доаѓаат оттаму, јави дописничката на МИА од Брисел. По првпат НАТО денеска зазеде поостра позиција во однос на Кина во својата финална декларација, охрабрена од засиленото присуство на САД по четиригодишниот мандат на Доналд Трамп. По еднодневниот самит на лидерите на земјите членки на Алијансата што се одржа денеска во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека 30-те земји членки се усогласиле за низа „клучни теми“,…
Првиот НАТО Самит со 30 земји – членки денеска е историски момент за Северна Македонија. Ова ни е прв самит на НАТО како полноправна членка. Ова е голем успех за нашата држава и голем успех за НАТО. Денес стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и сведочиме за потврдата на единството, кохезијата и солидарноста на Алијансата. Трансатлантското партнерство е силно како никогаш порано, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше на пленарната седница на Северноатлантскиот совет. -Пред нашите НАТО-сојузници истакнавме дека Северна Македонија е посветена на визијата за Балканот во 21…
За Центарот за управување со кризи како дел од безбедносниот систем, членството во НАТО е придобивка сама по себе. Можноста за збогатување на знаењата и продлабочување на искуствата, да се тренира и учи под знамето на НАТО значи да се биде дел од интегриран и високо – обучен систем на чија поддршка може да се смета во секое време и во секоја ситуација, рече в.д. директорот на ЦУК Стоајнче Ангелов во обраќањето пред учесниците на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба што денеска се одржува во Охрид. Република Северна Македонија, нагласи тој, подготвено ги презеде одговорностите и обврските што произлегоа од полноправното членство во Алијансата,…
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт имаше работна средба со романскиот министер за економија, претприемништво и туризам, Клаудиу Насуј. Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“ во Букурешт. -Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес, соопшти Министерството за економија. Романија, велат од Министерството, е 10-ти најголем трговски партнер…
Стратешка цел на Бугарија е членство на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави денеска поранешниот бугарски премиер и лидер на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) Бојко Борисов на средба со претставници на подмладокот на неговата партија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, информирајќи дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, Борисов нагласи дека Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основа на односите на Бугарија со Република Северна Македонија Борисов на средбата со партискиот подмладок оцени дека начинот на кој техничката Влада на Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев сега преговараат со…