Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Заедно можеме да ги надминеме предизвиците и заканите на новото време

0
By Ivana on June 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 14, 2021 17:04

За Центарот за управување со кризи како дел од безбедносниот систем, членството во НАТО е придобивка сама по себе. Можноста за збогатување на знаењата и продлабочување на искуствата, да се тренира и учи под знамето на НАТО значи да се биде дел од интегриран и високо – обучен систем на чија поддршка може да се смета во секое време и во секоја ситуација, рече в.д. директорот на ЦУК Стоајнче Ангелов во обраќањето пред учесниците на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба што денеска се одржува во Охрид.

Република Северна Македонија, нагласи тој, подготвено ги презеде одговорностите и обврските што произлегоа од полноправното членство во Алијансата, вклучувајќи го и долгорочниот придонес кон регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност.

-Стабилна и безбедна држава како полноправна членка на НАТО Алијансата е огромен чекор напред за развојот и просперитетот на нашата земја, но и на целиот регион. Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците и заканите на новото време и да се залагаме за вредностите во кои веруваме. Во овој контекст, Центарот за управување со кризи во голема мера се обиде да создаде ефикасен систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската  заедница, рече Ангелов.

Тој нагласи дека вклученоста во претстојната НАТО вежба би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации.

-Размената на достигнувањата и научените лекции од предизвиците со кои глобално се соочуваме, се многу важни компоненти во процесот на планирање на ресурси и поголема подготвеност за превенција и рано предупредување. Во овој контекст би сакал да истакнам колку е важна дигитализацијата на системот за управување со кризи преку НИКС системот  “Следна генерација на Инцидент Команд Системот“ во Република Северна Македонија. НИКС како алатка за просторно прикажување на податоците во реално време овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу субјектите при донесување одлуки за ефикасно ракување, целосно и вистинито информирање на медиумите и обезбедување и напредни информации за граѓаните во реално време со зголемување на знаењето за ризик и подигнување на свеста, рече Ангелов додавајќи дека токму претстојната НАТО вежба ќе биде одлична можност да се тестира функционалноста и оперативноста на овој систем.

Денеска во Охрид се одржа Финалната планирачка конференција за вежбата „Северна Македонија 2021“. Таму во периодот  од 8 до 17 јуни 2021 се реализираат подготовки за НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ којашто е планирано да се одржи во септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга.

На денешната конференција воведни обраќања имаа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, координаторот на вежбата од страна на НАТО, Вим Ванхаме,  воено аташе Амбасада на САД, полковник Питер Ровел, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и директорот на вежбата од страна на РС Македонија, Урим Вејсели.

Македонија НАТО Охрид Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.