Епидемиолошката состојба со ковид 19 е стабилна и дозволува олабавување на мерките, смета министерот за здравство Венко Филипче.

На предлог на Комисијата за заразни болести и Главниот координативен кризен штаб  од 16ти јуни препорачаа укинување на дел од рестрикциите кои се на сила. Нема повеќе полициски час а на свадбена веселба може да има и повеќе од 100 гости. Пејачи ќе пејат пред публика до 1000 лица а во ресторани на отворено може журки но да не биде зафатен повеќе од 50 проценти од просторот на објектот.

 

 

Организаторите на прослави бараат надлежните да дозволат свадби и во затворените објекти. Иако генерално се задоволни од предлогот на Комисијата, од среда на сите прослави да може да присуствуваат повеќе од 100 гости, очекуваат и рестораните без летни тераси да почнат со работа.

Последниот збор ќе го има Владата кога министрите на седница треба да одлучат дали ќе ги прифатат овие предлози.

Вчера од направени 1.337 тестирања, беа регистрирани 4 нови случаи на КОВИД-19, и тоа тројца од Скопје и еден од Прилеп.