Author: Ivana

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Константинос Власис во интервју за бугарскиот дневен весник „Труд“, вели дека Грција силно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, позиција што ја потврдија премиерите за време на нивниот состанок минатата година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Власис за „Труд“ посочува дека  меѓу соседни земји и особено во регион како што е Балканот, каде што историјата поминала долг пат, неминовно има разногласија и разлики. Според него, единствен начин да се надминат разногласијата секогаш се дискусијата и дијалогот. Во тој контекст и како што е познато, Грција ги надмина разликите со Северна…

Read More

Отворена е нова информативна интернет страница на која може да се обезбедат исклучиво податоци поврзани со реформите кои се креираат и имплементираат во основното образование, согласно планот за промени и унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, соопшти денеска Министерството за образование и наука. На www.osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk медиумите и граѓаните може да се информираат за сите тековни и идни активности кои МОН и другите надлежни институции во областа на образованието ги спроведуваат, односно планираат со цел модернизација на базата на образовниот систем во државата и фаќање чекор со стандардите за квалитет кои ги наложуваат земјите од развиениот свет. -Веб-страницата содржи детално појаснување на…

Read More

По објавувањето на новите правила за работа на угостителските објекти, денеска на пладне музичарите излегуваат на протест пред Владата. Тие не се согласуваат со одлуката жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Бараат да се укине ваквата мерка, бидејќи како што велат се дискриминирани оние музичари кои не свират свадби, а освен музичарите, погодени се и диџеите. Освен тоа, Владата бара музичарот да смее да свири или да пее само ако е член на некое од здруженијата на уметници во земјава. Од Незнависната угостителска комора (НУК) бараат укинување на точките…

Read More

Со првиот екстерен испит, учениците кои го завршуваат средното образование утре почнуваат со полагање на државната матура. Ќе се полага мајчин јазик, кој е задолжителен за сите 15.294 кандидати колку што се пријавени за матурата во оваа учебна година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број пријавени, 7050 се од гимназиско образование, 7983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование. Сите тие ќе го полагаат предметот мајчин јазик – македонски јазик и литература ќе полагаат 10 848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 – турски јазик и литература. Вториот  екстерен испит, кој…

Read More

Пандемиата со коронавирусот полека стивнува, а тоа го покажуваат и бројките на новозаразени кои секојдневно се намалуваат. Спротивно на тоа, бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 од ден на ден се зголемува, а заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 241.368 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Од вчера започна и вакцинацијата на сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст  од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021. Заклучно со утре треба да се вакцинираат лицата во ризик во кои се опфатени…

Read More

Серија експлозии рано изутрина се случија во фабриката „Слобода“ во Чачак. Според информациите работниците кои работеа во ноќна смена, како и граѓаните кои живеат во близина на фабриката, беа евакуирани и никој не е повреден. Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ изјави дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле веднаш евакуирани. „Првите детонации се слушнаа околу 1.30 часот, тие се случија во складиштето за муниција. Добро е што експлозијата и пожарот не се случија во производствените сали”, рече Тодоровиќ. Магацинот се наоѓа на околу 800 метри од влезната порта. Граѓаните во близина на фабриката беа евакуирани,…

Read More

Американскиот Стејт Департмент спроведе санкции за шестемина Бугари поради корупција и 64 компании поврзани со нив. Ваквиот потег беше поздравен од водечките бугарски политичари, додека Европската Унија ги одобри и најави дека нема да преземе контрамерки против САД, очекувајќи од Бугарија да почне да изрекува пресуди за корупција. „Бугарија мора да го заврши спроведувањето на реформите наведени во извештајот од 2019 година. Сè уште има недовршени работи. Важен елемент на тоа е да продолжи соработката со телата на Европскиот совет, со цел да се надминат некои слабости во антикорупциската рамка и во ефективноста на кривичните истраги“, изјави портпаролот на Европската…

Read More

Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија. – За жал, процедурата е многу тешка. Се налага согласност со ЕК и фирмата производител, независно дали ќе ги донираш или продадеш вакцините и тоа одзема долг временски период. Ние тоа добро го проучивме, рече Кацаров. Тој истакна дека Бугарија има предност како земја-членка на ЕУ да располага со огромна количина од сите…

Read More

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Во состав на делегацијата од Северна Македонија учествува и извршениот директор на македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев. Во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, вицепремиерот Николовски, како одржа работни средби со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-екононска и научно техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, Алексеј Груздев и со заменикот-министер за земјоделство на Руската Федерација,…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1. Регистрирани се 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека португалскиот предлог за нашата страна е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија и оти е задоволен од креативноста на португалското претседателство за да се се изнајде решение меѓу двете земји, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција до крајот на јуни. Заев, сепак, вели дека очекувањата треба да бидат приземни, бидејќи Бугарија се уште има техничка влада. – Тоа за нас е одлична појдовна основа за постигање на договор. Кога велиме за нашите страни ги знаете – македонскиот јазик и македонскиот народ и идентитет се нешто за кое што не сакаме…

Read More

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска не одговори на прашањето дали неговата партија и ДУИ на локалните избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник по информациите во јавноста што произлегоа по вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во Липково дека на 5 јуни (сабота) ќе излезе со „платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за првиот албански премиер“.  Тој потенцираше дека ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, без да навлегува во детали, и оти таа е во целосна корелација со работењето на Владата. – Јас…

Read More