Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Португалскиот предлог за нас е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 3, 2021 15:08

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека португалскиот предлог за нашата страна е одлична појдовна основа за постигнување договор со Бугарија и оти е задоволен од креативноста на португалското претседателство за да се се изнајде решение меѓу двете земји, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција до крајот на јуни. Заев, сепак, вели дека очекувањата треба да бидат приземни, бидејќи Бугарија се уште има техничка влада.

– Тоа за нас е одлична појдовна основа за постигање на договор. Кога велиме за нашите страни ги знаете – македонскиот јазик и македонскиот народ и идентитет се нешто за кое што не сакаме документ да погледнеме, не предлог. И тоа им е јасно на сите. Впрочем кога разговараме и со соседите, со Бугарија зборуваме дека и тие ја прифаќаат реалноста на македонскиот народ и македонскиот јазик, но важно е како се формулираат самите ставови, рече Заев.

За португалскиот нон-пејпер не откри повеќе детали, вели оти треба да се внимателни во образложувањето на самиот документ, и оти е кажано тоа што е дозволиво да се изнесе пред јавноста, изразувајќи задоволство од, како што рече, инвентивноста и креативноста на португалското претседателство. 

-Позитивно сме изненадени од португалското претседателство, затоа што не е земја што е околу Западен Балкан па да биде целосно во тек. Важно е што водела грижа оваа екипа предводена од министерот за надворешни работи на Португалија за двете страни – за македонската и за бугарската страна. Исто така е важно што воделе грижа и за бугарската позиција која што е навистина секако внимателно обезбедена и гарантирана. Тоа ни дава надеж дека може да се направи исчекор, рече Заев.

Тој изрази уверување дека сега под раководство на двајцата министри за надворешни работи постои можност да се усогласат тие делови коишто е важно да ги усогласиме за да добиеме шанса и надеж, прво за 22 јуни кога е Советот на општите работи за да може да се донесе одлука.

– И секако реков очекувањата треба да бидат приземни. Бугарија има техничка влада, но сето тоа ова не е невозможно. Така што тука доаѓа и септември. Затоа што август и септември ќе имаат политичка влада, која што би можела да носи одлуки, да се договориме би било супер затоа што има многу што да работиме и Северна Македонија и Бугарија. Ако не се договориме дај да направиме се што можеме политичката влада заедно со нашата влада да донесе решение. Шеснаесет и пол години чекаме, прво меѓувладина конференција, двата месеци не менуваат ништо, важно е дали навистина ги правиме вистинските чекори и знаете договор бива кога двете страни се спокојни и се секако надежни дека тоа е тоа што ни требаше како обврзување на двете страни дека подобро ќе им служиме на граѓаните во ваквиот случај, рече Заев.

Во врска со патоказот, Заев нагласи дека планот денеска е споделен на увид меѓу сите стручни служби внатре во МНР.

– Се работи за патоказот, секторската соработка што треба да биде утврдена како одговор за да може да подготвиме и следна меѓувладина конференција. Тоа е многу важно. Знаете кога за гаранциите зборува Бугарија, зборуваме и ние за добробит на двата народи и двете земји, а тоа е уште поефикасна реализација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, што значи побрза изградба на железницата помеѓу Куманово и бугарската граница. Од друга страна, од Бугарија према граничниот премин Клепало кај Берово, посериозна соработка помеѓу институциите која што рака на срце може да видите овие неколку месеци како ги имаме секојдневните соработки. Пред некој ден беше министерката за култура, претходно беа директорите на железниците, во Рим се потпишаа договорите помеѓу националните информациски агенции. Претходно беа националните радиотелевизиски сервиси МРТВ и Бугарската национална телевизија. Имавме поетски вечери организирани од наши поети во Бугарија, овде имаме едно седум нови инвестиции од Бугарија. Сето ова како пандемијата одминува така се интензивира и верувам навистина дека ќе биде конкретизирана, додаде премиерот.

Тој истакна дека е важно како за бугарската страна, така и за ЕУ, да се има фокус, додавајќи оти државава ќе продолжи да напредува и со европеизацијата дома, но и со реализацијата на двата многу важни договори – Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција.

#Португалија Заев преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.