Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандемијата со Ковид-19 стивнува, расте бројот на вакцинирани

0
By Ivana on June 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 4, 2021 09:15

Пандемиата со коронавирусот полека стивнува, а тоа го покажуваат и бројките на новозаразени кои секојдневно се намалуваат. Спротивно на тоа, бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 од ден на ден се зголемува, а заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 241.368 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани.

Од вчера започна и вакцинацијата на сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст  од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021. Заклучно со утре треба да се вакцинираат лицата во ризик во кои се опфатени повеќе од 40 дијагнози или повеќе од 10 групи на дијагнози кои беа одредени како ризични од страна на Универзитетските клиники и граѓанските здруженија, како кардиоваскулаторни, респираторни, бубрежни, ендокринолошки, малигни, невролошки и останати заболувања и состојби.

Како што вчера најави министерот за здравство Венко Филипче веќе стигна информација од претставниците на „Синовак“ дека во следните седум дена може да очекуваме да стигне пратката со 500 илјади нивни вакцини.

Помош во вакцини за земјава најавија Грција и Бугарија. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена од Брисел изјави дека Грција ја разгледува можноста билатерално да ги поддржи соседните земји со вакцини, а министерот за здравство Венко Филипче во понеделникот откри дека можеме да  очекуваме 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.

Бугарија, пак, планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан. Бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров вчера информира дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина веќе имале пратено барања до Бугарија.

По подолго време во ковид центрите во Скопје вчера немаше нови хоспитализирани пациенти поради компликации од корона вирусот.

вакцини Корона Новозаразени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.