Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот. Мајката и очувот употребувајќи…
ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија за третиот ИПА прогрмски период 2021-2027 година, денеска беше потврдена од страна на Заедничката работна група во чија работа учествуваат претставници од надлежните министерства од Северна Македонија и од Бугарија. Во својата финална фаза Програмата ќе биде доставена на конечно усвојување во Брисел, по што ќе може да отпочне нејзината имплементација преку финансирање на заеднички проекти меѓу Северна Македонија и Бугарија. Заменикот министер за локална самоуправа Зоран Димитровски ја поздрави посветеноста на надлежните институции од двете земји во текот на подготовката на Програмата. Димитровски ја истакна важноста на Програмата за…
Единствениот европски број за итни случаи 112 веќе функционира на ниво на цела држава, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Според него, ЦУК започнува со кампања со цел информирање на граѓаните за работењето на линијата, преку која се координираат повиците до полиција, Брза помош и Противпожарната единица. – Од денеска започнуваме со кампања во соработка со Канцеларијата на ЕУ којашто ќе оди на две национални телевизии, една на македонски, една на албански, со која што граѓаните ќе бидат известени и запознаени со постоењето на овој број. Покрај на овие две национални телевизии кампањата…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нагласи дека има одреден напредок во разговорите на Москва со Украина, но не даде детали. „Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна“, рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“ без да прецизира за каков прогрес се работи. Лукашенко рече дека донел мапа на состанокот, која, според него, ги открива плановите на Украина за напад на Белорусија. – До крајот на годината луѓето ќе заборават на конфликтот во Украина – изјави Лукашенко. Путин додаде дека СССР отсекогаш живеел под санкции и успеал,…
Кремљ не исклучува одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа треба да биде темелно подготвена за да даде резултати, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Теоретски, тоа е навистина можно, истакна Песков. Портпаролот на Кремљ, исто така, посочи дека „прво, делегациите и министрите треба да го направат својот дел, за да се погрижат претседателите да не се состанат само за разговори, туку дека средбата што ќе ја одржат ќе постигне резултати“. – Ставот на Русија не е тајна, тој беше формулиран…
Британскиот министер за ветерани со повик до бранителите да не се приклучуваат на војната во Украина
Британскиот министер за ветерани, Лео Дочерти ги повика поранешните бранители да не се приклучуваат на војната во Украина и наместо тоа да им помогнат на Украинците од дома, преку хуманитарни акции и волонтирање. Неговиот повик доаѓа во момент на извештаи за ветерани од Британија и други земји кои патуваат во Украина за да се борат. Владата во Лондон советува да не се патува во Украина. Дочерти им пиша на воените организации барајќи нивна поддршка во напорите да ги спречат ветераните да заминат во Украина. Исто така, се наведува дека Владата не ги поддржува волонтерите кои заминуваат во Украина, бидејќи тоа…
Кина во петокот соопшти дека за првпат ќе воведе употреба на брзи антигенски тестови, бидејќи случаите на Ковид-19 ширум земјата се искачија на највисоко ниво во последните две години, со ширењето на сојот омикрон. Националната здравствена комисија соопшти дека комплетите за само-тестирање сега ќе бидат достапни за клиниките и обичните граѓани да ги купуваат преку „аптеки на мало, платформи за онлајн продажба и други канали“, откако властите заклучија град од девет милиони во северниот дел на земјата и затворија училишта во Шангај за ги намали инфекциите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва продолжува да извезува нафта и гас, вклучително и преку Украина, пренесе Бгнес. – Ние ги почитуваме сите наши обврски во врска со снабдувањето со енергија, рече Путин за време на седница на руската Влада посветена на последиците од санкциите, емитувана на телевизија. Тој додаде дека „дури и системот за пренос на гас во Украина е 100 отсто полн, согласно договорите“.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва, на која разговараа за можностите за понатамошна соработка меѓу двете држави, особено со чешкото министерството во чија надлежност се трудот и социјалната политика. Министерката Тренчевска истакна дека искуството на Р.Чешка е од големо значење за нас, особено во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, политики за пазарот на труд и вработување, колективно договарање и социјален договор. Соговорниците се согласија дека соработката во овие области треба да се интезивира и продлабочи. На…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 166, Битола – 24, Велес и Прилеп – по 18, Кичево – 14, Куманово – 12, Кавадраци и Охрид – по 10, Ресен – 9, Гостивар – 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар – по 2, Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни (318), регистрирани се 43 реинфекции.…
Украинските медиуми објавија дека со новиот закон во државата ќе им биде дозволено на цивилите да пукаат во руски војници, а веднаш следеше реакција на тоа од портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кој кажа дека секој со оружје во рака е потенцијална мета. Законот, кој важи од понеделник, им дозволува на странците и лицата без државјанство кои илегално живеат во земјата да поседуваат оружје и да го користат против Русите. Издавањето на оружјете го регулира ресорно министерство, а муницијата треба да се врати најдоцна 10 дена по укинување на вонредната состојба. Песков, од друга страна, јасно порача дека ќе гаѓаат во…
Русија забрани извоз на повеќе од 200 странски производи и опрема до крајот на 2022 година, како дел од одговорот на Москва на санкциите воведени поради конфликтот во Украина. „Списокот вклучува технолошка, комуникациска и медицинска опрема, возила, земјоделски машини и електрична опрема – вкупно повеќе од 200 видови стоки“, се вели во наредбата потпишана од рускиот премиер Михаил Мишустин.