Author: Ivana

Меѓународниот аеродром Скопје е награден од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) со наградата за квалитет на аеродромските услуги (ASQ Award) за Најдобар аеродром во неговата големина и регионот (од 2 до 5 милиони патници годишно во Европа) и Најдобри хигиенски мерки по регион (Европа) за 2021 година. Меѓународниот совет на аеродроми  денеска ги објави добитниците на овогодинешните награди за квалитет на аеродромските услуги (ASQ), кои ги слават и ги промовираат најдобрите аеродроми во светот согласно со тоа како се изјасниле патниците. Како учесник во ASQ-програмата за истражување на мислењата на патниците, Меѓународниот аеродром Скопје, кој е управуван од…

Read More

Економијата почна да се опоравува од пандемијата, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и од ценовните притисоци, но сега таа е исправена пред нов предизвик – руско-украинската војна. Во денешниот „Фајненшл тајмс“, главниот извршен директор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис предупредува дека долготрајната војна во Украина може да биде „многу полоша“ за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот. Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација, изјави Дис за лондонскиот весник. Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со…

Read More

Заврши средбата на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба, но без договор за прекин на огнот во Украина. Според шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, за време на 90-минутната средба во Анталија со рускиот колега  разговарал за 24-часовен прекин на огнот, но не е постигнат напредок. Кулеба во изјава за медиумите рече дека преговорите со Лавров оделе тешко, а разговарале и за хуманитарните коридори и прекин на огнот, но договор не е постигнат. Според него, на состанокот се зборувало и за можноста да се воведе 24-часовен прекин на огнот, но не дошло до…

Read More

Меѓу трите жртви во вчерашниот напад на детската болница во Мариупол има и шестгодишно дете изјави за Би-би-си заменикот градноачалник, додавајќи дека во нападот се повредени 17 лица. „Последната информација која ја имаме за жртвите е дека поголемиот дел од посетителите биле во засолниште. Меѓу повредените главно се трудници и лекари кои работат во болницата“ – вели Сергеј Орлов. Нападот во Мариупол дојде во време додека десетици илјади украински цивили се обидуваат да ги напуштат областите кои се под постојано руско бомбардирање. Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутиереш ги осуди нападите, апелирајќи насилството да престане веднаш. „Денешните напади врз болницата во…

Read More

Турција денеска е домаќин на највисокиот состанок помеѓу Русија и Украина од почетокот на руската инвазија, која влезе во третата недела, додека продолжуваат бомбардирањата на цивилните цели и жестоките борби. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров во Анталија, но признава дека очекувањата се ограниечени. „Да бидам искрен, моите очекувања од овие разговори се многу мали. Ние бараме моментален прекин на непријателствата помеѓу Русија и Украина“, изјави Кулеба. Средбата се одржува еден ден по рускиот напад на породилиште во опколеното украинско црноморско пристаниште Мариупол, во кој беа ранети најмалку 17 луѓе…

Read More

Украина соопшти дека отвора седум хуманитарни коридори, од кои еден од Мариупол, во моменти кога стигнуваат информации дека руските трупи имаат воспоставено контрола врз одредени делови на градот. Информацијата за отворањето на седумте коридори ја соопшти украинскиот-заменик премиер, додека гувернерот на Суми соопштува дека три колони со бегалци се евакуираат од градот откако е прогласен прекин на огнот. Изутринава од Мариупол пристигнуваат информации за воздушни напади врз градот, а руски медиуми јавуваат дека нивни трупи веќе контролираат делови на градот. Полските погранични власти денеска соопштија дека за две седмици откако почна инвазијата во Полска од Украина влегле 1,43 милиони бегалци.…

Read More

Русија ги опиша тврдењата на Украина дека го извршила ужасното бомбардирање на детската болница во Мариупол како „лажни вести“, велејќи дека зградата повеќе не е породилиште и дека одамна била преземена од војници. – Така се раѓаат лажните вести – изјави Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации, објавија на Твитер. Полјански рече дека Русија на 7 март предупредила дека болницата е претворена во воен објект од кој пукале Украинците. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за геноцид откако украинските власти соопштија дека руски авион бомбардирал детска болница во средата. Бремените жени и децата можеби…

Read More

Народната банка води приспособлива монетарната политика во изминатиот период, заради ублажување на ефектите од здравствената криза врз економијата. Во последниот период сите се соочуваме со нови макроекономски услови коишто се карактеризираат со значително зголемено ниво на цените на енергентите и прехранбените продукти, што се нагласува дополнително со тековната безбедносна криза. Во такви околности, Народната банка внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Македонскиот банкарски систем го има капацитетот да се справи со евентуални шокови, а истовремено да му пружи…

Read More

Русија нападна 18 медицински установи од почетокот на инвазијата на Украина пред две недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Соопштението на СЗО уследи откако во руски воздушен напад беше уништено породилиште во опколеното црноморско пристаниште Мариупол. Нападот во Мариупол дојде во време додека десетици илјади украински цивили се обидуваат да ги напуштат областите кои се под постојано руско бомбардирање. Украинските власти соопштија дека во нападот биле ранети најмалку 17 лица. Меѓународната заедница го осуди нападот. Хуманитарните коридори кои беа воспоставени за ги извлечат цивилите од опколените градови не се реализираа во обемот како што беше планирано, поради континуираните борби. СЗО…

Read More

Нападот на Русија врз Украина е пресвртница која јасно покажува дека Европа мора да биде подготвена стратешки да инвестира во нејзината долгорочна безбедност, а тоа особено важи за односите со Западен Балкан, нагласи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Во изјавата таа истакна дека денешниот мир на Западен Балкан можеби не е совршен, но е скапоцен. „Мораме отворено да кажеме дека во последните години разочаравме и запоставивме многу од тие земји. Актерите како Русија притискаат на оваа отворена страна, кои немаат интерес за европската иднина и не се двоумат повторно да ги разгорат нерешените конфликти. Сега патувам првенствено во…

Read More

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2,  Гевгелија -1 и во Дојран нула степени. УХМР информира и дека на Попова Шапка има 64 сантиметри снег, во Крушево 62, а во Маврово снежната покривка е 52 сантиметра. Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен…

Read More

Белата куќа предупреди од можност Русија да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да конструира негова наводна употреба од украинска страна. Портпаролката на американскиот претседател Џо Бајден, Џен Псаки  преку Твитер потенцираше дека со ширење лажни информации, Русија го подготвува патот за натамошно ескалирање на неоправданата агресорска војна во Украина. Русија притоа следи јасна шема на однесување – или за самата да употреби оружје за масовно уништување, или да инсценира, односно да прикаже лажен напад од страна на Украина, сѐ со цел да конструира оправдување за продолжување на војната, напиша Псаки. Изјавата на Псаки доаѓа по обвинувањата од…

Read More