Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Со 26 мерки за помош на граѓаните и компаниите, во вредност од 400 милиони евра, ќе се ублажуваат последиците од економската криза и руско-украинскиот конфликт. Со нив, како што објави вчера Владата, треба да се сочува животниот стандард на граѓаните и да се одржи ликвидноста на компаниите. За справување со енергетската и ценовната криза ќе се намалува цената на горивата преку намалени акцизи и ДДВ, а најранливите категории граѓани ќе добијат субвенции. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја обвинија Владата дека е одговорна за кризата, упатија критики за предложените мерки и побараа итен ребаланс на Буџетот. Итни мерки за помош побараа…
Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) со повеќе комеморативни настани во Скопје, Битола и Штип, од денеска до 14 март ќе одбележат 79 години од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година биле собрани од нивните домови и потоа депортирани во логорот на смртта Треблинка. Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија денеска од 19.30 часот ќе се одржи комеморативна вечер на која, како што најави Еврејската заедница, обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и амбасадорите на Израел и САД во земјава, Симона Франкел…
Светскиот ден на бубрегот – 10 Март, посветен на истакнување на важноста на здравјето на бубрезите, годинава се одбележува под мотото „Да се надминат непознавањата за да се зачува функцијата на бубрезите”. Се проценува дека бубрежните болести погодуваат над 850 милиони луѓе ширум светот. Еден од 10 возрасни има некоја форма на хронично заболување на бубрезите. Во глобални рамки ХББ (Хроничната бубрежна болест) секоја година расте и се предвидува дека во 2040 година ќе биде петтата болест како причина за смртност на годишно ниво. Два милони луѓе во светот се на дијализа. И во Северна Македонија според статистиката еден од…
Фокусирани сме на извлекување на нашите граѓани кои се наоѓаат се уште во Украина. Бројката од стотина евакуирани е веќе надмината, а во моментов имаме доста наши граѓани кои се во тек на евакуација, вели македонскиот абасадор во Украина Крум Ефремов. -Состојбата во Украина е тензична и воена. Се повеќе и повеќе градови се под воени дејствија. Ние како амбасада со мојот тим сме лоцирани и сме фокусирани на извлекување на нашите граѓани кои се наоѓаат се уште во Украина. Не оперирам со бројки бидејќи ние евакуиравме стотина наши граѓани. Веќе таа бројка е дваесетина проценти надминати во однос на…
Германската федерална Влада и регионалните власти планираат да им помогнат на украинските уметници во услови на руска инвазија врз нивната држава, јави ДПА. – Многу интензивно разговаравме заедно со регионалните министри за култура што може да се направи веднаш, а особено да им се помогне на украинските уметници, изјави федералната министерка за култура Клаудија Рот по синоќешниот состанокот со сојузните покраински министри. Таа истакна дека „се потребни сите напори за да се гарантира дека културата нема да биде уништена“. – Кога се напаѓаат манастири и катедрали, тоа е напад врз културното наследство на цел народ, нагласи Рот. Германската министерка додаде…
Германија сигурно нема да испрати воени авиони во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, откако САД ја одбија понудата на Полска да ги префрлат своите авиони во американска база во Германија. -Обезбедивме секаков вид одбранбен материјал и го испративме оружјето за кое ви кажавме, но, исто така, е точно дека мораме многу внимателно да размислиме што правиме, а воените авиони дефинитивно не се дел од тоа, рече Шолц на прес конференцијата со канадскиот премиер Џастин Трудо, пренесоа британските медиуми. На прашањето дали Германија категорично се противи на забраната за увоз на руска ене ргија, Шолц рече дека неговата земја…
Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. – Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело, велат од министерството. Од таму потсетуваат…
Во врска со дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите, Министерството за труд и социјална политика, информира дека, намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова. Министерството за труд…
Кога Комисијата за заразни болести ќе препорача дека учениците не треба да носат заштитни маски во училиштата, Министерството за образование и наука тоа ќе го прифати. Јас можам да побарам, но факторот што одлучува е Комисијата, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Во одговор на новинарско прашања дали со оглед на малиот број заразени со коронавирусот МОН може да побара укинување на маските, тој додаде дека Комисијата треба да процени дали маските, како што рече, веќе не се толку важни и да донесе позитивна одлука. – Комисијата во последниот период имаше препораки за олеснувања на некои мерки. За…
Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска ќе потпише извршна наредба за спроведување проценка на ризиците и придобивките од создавањето дигитален долар на Централната банка, како и за други прашања што се однесуваат на криптовалутите, соопштија претставници на неговата администрацијата. Бајден бара од Министерството за финансии, Министерството за трговија и други институции да изготват извештаи за „иднината на парите“ и улогата што ќе ја играат криптовалутите. Официјални претставници на финансискиот сектор сметаат од суштинско значење за националната безбедност, финансиската стабилност и конкурентноста на САД е широк надзор врз пазарот на криптовалути, за на тој начин да може да сузбие растечката закана од…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека членките на ЕУ веќе купиле доволно течен гас за да можат без увоз од Русија до крајот на зимата. „Заедно со поголема заштеда на енергија и проширување на обновливите извори на енергија, ќе можеме да станеме независни“, рече Лајен во заедничката утринска програма на германските телевизии АРД и ЗДФ. Во врска со различните одлуки за увоз на руска нафта, Фон дер Лајен рече дека САД, кои забранија таков увоз, се помалку зависни од нафтата. Целта, посочи таа, е санкциите првенствено да ја погодат Русија, а не западните земји. Лајен изрази…
Талентираниот украински актер и ТВ водител Паша Ли е убиен додека руските сили го бомбардираа градот Ирпин во близина на главниот град Киев. Ли (33) се пријавил за територијалната одбрана на Украина во првите денови од војната. Ли се појави во неколку филмови, а неговиот глас беше прикажан во украинските верзии на Кралот Лав и Хобитот. Тој е еден од бројните јавни личности убиени во руската инвазија. Истражувачкиот новинар Виктор Дудар исто така бил убиен на линијата на фронтот за време на битка со руските војници во близина на јужниот град Миколаев, пишуваат украинските извештаи. Павло Ли, како што беше…