Author: Ivana

Ако не се зголемат цените за новата реколта, во опасност е целото тутунопроизводство и нема да се прифатат договорите што се нудат за годинава, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Сојузот на крајот од откупната кампања со 20-тината членки ги резимираат состојбите и бараат да се зголемат цените по класи. Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, цените треба да ги следат трошоците на животот и производството и нема да се прифатат договорите за новата реколта, а Министерството за земјоделство да биде посредник во преговорите. – Законскиот рок за завршување на откупот е во…

Read More

Преку воспоставениот коридор обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија, две семејства со наши државјани од Одеса, Украина, веќе се дел од коридорот и очекуваме во текот на денот да пристигнат во Бугарија, информираат од Министерството за надворешни работи. – Во контекст на истата соработка, упатуваме апел до нашите граѓани кои се наоѓаат на територијата на Украина, доколку се во можност, да се упатат во Одеса, во просториите на Генералниот Конзулат на Република Бугарија, од каде сѐ уште има активни коридори за евакуација, велат од МНР и додаваат: – Информираме дека сме во постојан контакт со Властите на Романија…

Read More

Во петокот (25.2.2022 година) во Стопанската комора на Северна Македонија претседателот Бранко Азески потпишуваше посвети на својата најнова книга „Што ни се случува?“, која излезе од печат деновиве. Граѓаните имаа можност да добијат бесплатен примерок во кој се изнесени јавните настапи (интервјуа, колумни, говори) и ставови на органите и на телата на Комората за клучните прашања од економскиот живот на државата. Насловот на книгата е извлечен од колумната на господинот Азески објавена на 27.3.2020 година во неделниот магазин „Фокус“, во која тој на прецизен начин ги предвиде збиднувањата и последиците од пандемијата врз економскиот живот. Во таа колумна, анализирано од…

Read More

Подготвени сме да носиме мерки и политики во интерес на граѓаните, првенствено за заштита на најранливите категории на граѓани, како и за поддршка на економијата, пишува во својата колумна посветена на руско-украинската криза, министерот за финансии, Фатмир Бесими. „Во вакви кризи, од големо значење е темелна анализа, земање во предвид на сите параметри, дури и оние кои се чинат во моментот мали и неважни, за да се дојде до што попрецизни очекувања. Не треба да шириме ниту песимизам, ниту оптимизам, туку да бидеме реални и да преземаме активности согласно ситуацијата. Со таква стратегија дејствувавме и за време на пандемијата, кога…

Read More

Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руските авиони и авиокомпании на три месеци од 15 часот денеска по локално време, соопшти неговото Министерство за транспорт. Летовите за хуманитарна помош се исклучени од забраната, рече портпаролот на Министерството. Министерството вчера соопшти дека се подготвува да го затвори германскиот воздушен простор за руски летови, по слични потези на други европски држави како одговор на руската инвазија на Украина. Белгиските власти исто така соопштија денеска дека го затвораат воздушниот простор за летови на руски авиокомпании Во меѓувреме и Брисел разгледува целосна забрана за летови на руски авиокомпании на ниво на ЕУ…

Read More

Министерството за култура информира дека вкупно 23 млади и талентирани уметници и автори добија еднократна поддршка на конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во уметностите и заштитата на културното наследство од областа на културата за 2022 година. – Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри, како мерка ја покажува тесната врска помеѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и афирмирањето на културата во светот, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа, како што се наведува во соопштение на Министерството за култура, додаде дека во рамките на конкурсот била предвидена…

Read More

Денеска СДСМ објавува скандал, основано сомнение за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски. – За целиот скандал поседуваме документи и докази доставени од страна на свиркачи. Спротивно на законот, градоначалникот на општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров. Станува збор за Добри Петров, назначен за вд директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба, изјави портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа потенцирше дека листата на овластени ревизори е лесно достапна на веб страната на Институтот за овластени ревизори, и јасно е дека Добри Петров нема положен испит за…

Read More

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, денеска ќе се обрати пред Парламентот во Берлин на која ќе ја образложи одлуката за директна испорака оружје за Украина, одлука што е промена во долгогодишната политика на Германија кога се работи за извоз на оружје. Владата во Берлин синоќа се одлучи на пресврт во политиката на извоз на оружје, најавувајќи поддршка на украинските оружени сили со илјади противтенковски орудија и 500 рачни противавионски ракети од типот „Стингер“. Оружјето што веќе го поседува Бундесверот ќе биде испратено за Украина што е можно поскоро. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, веднаш ја поздрави одлуката на канцеларот Шолц. „Руската инвазија…

Read More

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска до 9 март престојува во работна посета на САД, како дел од програмата за билатерална соработка. Како што соопшти Генерал штабот на Армијата за време на престојот во САД, генералот Ѓурчиновски ќе ги посети Здружениот штаб на вооружените сили на САД во Пентагон, Националната команда за управување со кризи во Бурлингтон, Вермонт, Командата на ВС на САД за опремување и вооружување, како и компанијата Ошкош во Детроит и Форт Левенворт. Согласно агендата предвидено е генералот Ѓурчиновски да оствари средби на високо ниво со раководители во Пентагон…

Read More

Руските вооружени сили уништија 975 објекти на украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков. Тој тврди дека биле соборени 26 авиони, пренесе ТАСС. „Досега руските сили уништија 975 објекти на украинската воена инфраструктура, вклучувајќи 23 командни пунктови и комуникациски центри, три радарски станици, 31 систем за воздушна одбрана (С-300, Бук-М1 и Оса) и 48 радарски локатори. Соборени се осум борбени авиони и седум хеликоптери, 11 беспилотни летала, како и ракетни фрлачи Point-U“, рече Конашенков. „Украинската екстремистичка десничарска единица за специјални операции Азов гранатираше станбени блокови и училиште во близина на градот Мариупољ“, изјави…

Read More

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, наведувајќи дека бил во право кога неодамна рекол дека Путин е паметен затоа што ги надмудрил светските лидери, пренесе Ројтерс. „Вистинскиот проблем лежи во фактот дека нашите лидери се глупави, глупави, тие се толку глупави“, рече Трамп на собирот на конзервативците во Орландо во саботата. Трамп истакна дека има емпатија за Украинците и рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е храбар човек, бидејќи останал во Киев. „Нападот на Русија врз Украина е ужасен. Се молиме за гордиот народ на Украина, Господ…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин имаше кратко обраќање до јавноста на телевизија, по неговото последно обраќање во петокот. Путин ја нарече инвазијата на Украина „специјална операција за пружање на помош на народните републики Донбас“ и го пофали „јунаштвото“ на руските сили со кое се борат во Украина. -Им оддавама посебна чест на оние кои овие денови херојски ја обавија својата воена должност во текот на специјалната операција за пружање на помош на Народна Република Донбас, рекол Путин. Четврти ден трае руската инвазија на Украина. Во текот на ноќта почнаа нови жестоки напади во околината Киев. Погодено е големо складиште со нафта,…

Read More